Bitolcanka -> RE: Зборувате ли за чувствата? (28.1.2010 23:33:41)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn Дефинитивно сум од тие што отворено зборат и ги изразуваат чувствата. Ако ќутам ми е мноооогу потешко. Тешко ми е да правам дури и онакви муабети општи, бессмислени, муабети кои обично се прават со помалку познати за да нема непријатна тишина (тоа баш и не ми е доблест, ама не ме бива баш). А кога станува збор за емоции е тука доминирам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Ова сум јас. Знам да се доверам и на личност што не ја познавам, а која е со мене во моментот кога ми е срушен светот. Тагата, болката и тежината што ја имам во мене тогаш ми се намалуваат и се чувствувам подобро. Инаку имам неколку другарки на кои можам за било што да им се доверам и да сметам за поддршка, совет, утеха, помош... Сепак најдобра другарка ми е баба ми. Штом нешто не е во ред и се јавувам неа или одам кај неа, си пиеме [sm=kava.gif] и веќе ми е полесно [sm=smiley1.gif] Со мајка ми сум дома секој ден, но како два различни света сме, не може да ме разбере и нема време секогаш, затоа многу поблиска сум со баба ми. Не ја менувам за никого
|
|
|
|