Bethany -> RE: Либерално однесување или некултура? (5.9.2013 14:16:37)
|
Не се сеќавам дека бев во таква ситуација со никого, освен мојата фамилија, мада дури и моите браќа никогаш не слушнав да ждригаат или испуштат гасови така ноншалантно... Никој никогаш не се соблекувал, тука не рачунам мајка ми и другарките, ама свекрвата ми многу слободно се чувствува, мислам и гола ќе шета пред мене.. Не знам зошто е таква, јас избегнував и да се пресоблекувам пред неа, таа ме охрабруваше со зборови да нема потреба да се срамам, таа иде на тие турски бањи каде сите жени се голи и така натаму. [sm=smiley29.gif] Ама таа не ја чувствувам толку блиска, не ми е другарка , ниту мајка. Нема шанси при здрав разум некогаш да одам и да се скинам гола пред секакви жени, воопшто не сум таков тип и ми е одвратно и да гледам непознати. Очигледно не сум за нудист нели [sm=smiley36.gif] Не знам, многу сум "уштиркана".[sm=smiley1.gif] И бидејќи самата не практикувам и не сакам други да практикуваат и би нарекла тоа попрво некултура отколку либерално однесување. Ама тоа дека јас така размислувам. Сепак многу зависи кој каде одраснал и што е граница на култура за некого, не мора да значи за некој друг дека е истото. Пример, слушнав дека во француската култура е нормално да се испуштаат гасови, се смета за нормална појава, исто како кај нас кога некој кива нели? Не знам колку е точно, не бев во друштвото на Французи хехе, ама ете тоа сега ми текна, дека ако е вистина, мене ми е тоа одвратно, а нив им е благопријатен мирис [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|