AnnaMolly RR -> RE: Како да се справиме со прекумерниот апетит кај детето? (6.9.2013 11:11:21)
|
Тања Филип има 17,6 кила, висок е 100 сантиметри. Не е дебел, ама покрупен е од другите деца. Еве како се оброците кај нас (кога не оди во градинка). Појадок ужинка (овошје) Ручек манџа и салата (леб никогаш не јаде со ручек) ужинка - благо нешто обично вечера Вака не се случува секој ден да ми бара повеќе јадење, ама има денови кога едноставно не може да се најаде детево. Инаку јогурт пие секој ден, не поминува ден без да испие полна чаша јогурт за појадок или вечера. Гледам здраво да јаде, ама некогаш се случува и да јаде виршла, лепче намачкано со путер, пржено лепче и слично. Гледам што повеќе да јаде овошје, макар што е еднолично (јаде само портокали, јаболки и бананани, зимно време мандарини обожава). Сезонски цреши јадеше. Праски, кајсии,сливи, грозје, диња, лубенница не сака ни да види. Ама си викам подобро еднолично овошје отколку воопшто да не јаде овошје.
|
|
|
|