mother 29 -> RE: Deja Vu- (Дежа ву) (28.10.2009 13:57:34)
|
Дежа ву или лажно сеќавање Кога луѓето се жалат на нивното паметење, обично зборуваат за нивната заборавеност. Меѓутоа човечкиот мозок може да изненади со непостоечки сеќавања. Дежа ву, е искуство кое на личноста и дава чувство дека тој или таа веќе ја виделе или искусиле новата ситуација порано. Оние кои ја гледаат мистичната страна на ова искуство, веруваат дека дежа ву се сеќавања од претходниот живот. Дежа ву што во превод од Француски значи веќе видено, подоцна се преведувало како веќе проживеано, почувствувано или слушнато. Има и свој антоним jamais vu или никогаш видено. Ова може да се случи на личности кои на пример се враќаат дома и сфаќаат дека тоа место им е непознато. Научниците велат дека дежа ву се појавува кај луѓето на возраст од 15-17 и 35-40 години. Изборот на оваа возрасна група не е случаен. Емотивните и чувствителни тинејџери немаат доволно животно искуство за да ги анализираат настаните, и на тој начин се потпираат на искуства кои ги немаат доживеано. Возраста од 35-40 години, е период кога личноста навлегува во средовечната криза, кога паметењето ги изненадува со лажни чувства на никогаш доживеани искуства. Некои од психијатрите, сметаат дека овој феномен постои затоа што нашата сегашност, минато и иднина се симултано испреплетени. Ова е најчесто проследено со повремени сеќавања кои немаат претходна реална основа. Лажното сеќавање може да се појави како резултат на комуникација со други личности. Кога разговарате со другите за нивните искуства, често може да се случи вашиот мозок да направи погрешна реконструкција на настаните во меморијата. Така се создава микс помеѓу вашите и туѓите искуства, кои исто така можат да се поврзат и со настаните од некоја книга или филм. Синдромот на лажна меморија, најчесто се среќава кај оние луѓе кои во минатото или раното детство доживеале некои трауми. Исто така се среќава и кај оние кои тврдат дека виделе или имале контакт со вонземјани. Кај нив се појавува „парализа“ при спиење проследена со халуцинации. Најчесто овие луѓе се под стрес и имаат симтоми како забрзано чукање на срцето и потење. Лажната меморија е всушност избор на настани кои никогаш не се случиле. Најлесниот начин на паметење на таквите настани е ако сте убедени дека сте ги доживеале. Во секој случај ништо од ова не делува на менталната стабилност на индивидуата, бидејќи феноменот на лажно сеќавање не е опасен.
|
|
|
|