Felly RR -> Бесплатно образование ?!? (11.9.2013 15:01:45)
|
Веќе неколку години наназад Министерството доделува комплети бесплатни учебници, но не е само тоа она што им е потребно на учениците. Сигурна сум дека доколку на родителите им се бара само најосновниот прибор, секој би можел да си дозволи, но ајде да си пишеме сите како родители што сметате дека е потребен трошок во училиште а што непотребен. Мене посебно ме зачуди, прочитав на mkd.news.com : - Баш оваа година имам родителка што самата сакаше и купи паметна табла и за тоа сум ѝ благодарна. Тоа не е нешто што е забрането. Од друга страна, знаете дека училиштата кубурат со пари. Оние малку средства што ги имаме ги користиме за набавка на материјали, нагледни средства што се потребни за наставата и за наставниците, но она што е луксуз не можеме да го дозволиме. Секако дека сум против тоа да се бара и да им се наметнува на родителите да купуваат што било. Таков случај во нашето училиште нема Паметна табла?!? [sm=smiley3.gif]Па цените на паметните табли се околу 2000 евра. А има и до 5000. Не дека некој побарал до таа сума да се набави, ама мене ова и за сам да се понуди родител, ми е некако премногу.
|
|
|
|