Секс...на рати (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


vezilka RR -> Секс...на рати (13.9.2013 14:16:59)

Супер сте почнале, стигнуате до интересната фаза..и детето плаче во другата соба (хе,хе или во истата [sm=smiley36.gif] ). Што сега? Кој ќе оди да го презаспие? Се договарате набрзинка, за да заштедите време, се молите што побргу да презаспие детето, и се враќате. Добро е, си велите, ќе продолжиме. Стигнувате до точката на која предхпдно прекинавте, детето повторно плаче. Сега кој ќе оди? Ајде фрлате нешто на себе и повторно одите да го презаспиете. За среќа брзо оди, ама сега треба да почнете одново оти после второто прекинување прошол возот. Измкнувате некоја секси спавача од плакар, облекувате и се враќате во соба. Се обидувате и по трет пат. Е кога и по трет пат го слушате детето како плаче, и вам ви идат солзи на очи. Му велите на партнерот, толкуи за денес, немам сила за уште еден обид..повеќе среча утре (или некој друг ден).

Како ви се чини? Ви се има случувано нешто слично? Ајде да видиме како го преживувате ова?

Мене богами прошлиот викенд ептен тешко ми падна. Ем од трчањето од една во дуга соба, ем од недовршената работа. Некако ми остана некое чувство, па едвај заспав. Не знам, не ни се случувало често, ама ете минатиот викенд, дете сто пати се будеше.




elenak -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 14:25:51)

Нашево дете е умно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ни се има разбудено неколку пати да, ама само по еднаш. Одам ја презаспивам и толку. Па тогаш не ја развлекуваме работата, се се одвива само малку позабрзано. Не знам, ни се нема случено откажување на ,,настанот,,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 




AnnaMolly RR -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 14:26:46)

До сега ми се има случено ова истото неколку пати. 99 % од ноќите ги спие без будење, а кога ќе ни текне нас да се „почестиме“ тој одма се буди. Секогаш сум јас таа што трча да го презаспие.
Последниот пат кога се случи ова петпати се разбуди и веќе последниот пат кога го презаспивав сум заспала и јас така покриена само со фротирка. Маж ми видел-не видел, и тој си легнал. Сабајлето слатко се изнасмеавме на целава работа. Тоа е, што да се прави.




miana -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 14:46:45)

плаче во другата соба (хе,хе или во истата user posted image ). Што сега? Кој ќе оди да го презаспие? Се договарате набрзинка, за да заштедите време, се молите што побргу да презаспие детето, и се враќате. Добро е, си велите, ќе продолжиме. Стигнувате до точката на која предхпдно прекинавте, детето повторно плаче. Сега кој ќе оди? Ајде фрлате нешто на себе и повторно одите да го презаспиете. За среќа брзо оди, ама сега треба да почнете одново оти после второто прекинување прошол возот. Измкнувате некоја секси спавача од плакар, облекувате и се враќате во соба. Се обидувате и по трет пат. Е кога и по трет пат го слушате детето како плаче, и вам ви идат солзи на очи. Му велите на партнерот, толкуи за денес, немам сила за уште еден обид..повеќе среча утре (или некој друг ден).

Баш вака [sm=jezicek.gif] не еднаш ,мнооогу пати [sm=jezicek.gif]




Палешка РР -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 17:12:33)

Жени ветете дека нема многу да се смеете на мојава случка [sm=smiley36.gif]

По скоро седум дена разминување, се најдовме со мм една вечер на иста бранова должина, желни за секс. Малата заспана, големиот излезен, па туширање, па секси веш и ја почнавме работава, сигурни дека големиот ќе се врати подоцна (така рече).
Како сексов беше планиран за долги стази го отворивме прозорецот да влегува воздух (а прозорецот гледа во салончето) и вратата ја заклучивме. Само што почнавме, некои десет минути, штрак - се отвора влезната врата. Леле која паника беше тоа, барај пижами, барај гаќи, барај фротирка....Јас ја ставав горната пижама кога син ми бувна на врата....мм не успеа ништо да најде и само се покри. Јас набрзина легнав и јас се покрив и се праам дека спијам. Тој пробува да влези, два пати не му успеа, ние дремиме мислиме ќе се откаже. Детето се исплашило да не нешто не е во ред и од отвореното пенџере пушта рака внатре го трга пердето и се појавува на пенџере....хахаххахаххаха...
Мм му вика (демек тогаш се разбудил) - Што правиш тука? Тој вика - Зошто е заклучено се уплашив нешто лошо да не се случило.
Мм вика - бегаше сестра ти [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Јас здрвена како мумија [sm=smiley36.gif]
После уште седум дена неможев да се опуштам [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Е така. [sm=jezicek.gif]




Hunny -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 21:57:51)

Извини, ама [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 22:34:48)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Палешка од твојата случка освен што слатко се изнасмеав,абе и се загрижив мајката. Јас се надевав сексот на рати ќе стане минато кога дете ќе порасне,сега и тоа ми пропадна во вода




niki -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 23:01:46)

Epa zeni koga tinejdjerite ke ve prasaat Mamo do kolku imam izlez?
Namesto: Do dvanaeset i nemoj ni minutka da se kasni, sledi kazna! vie kazete: Posle tri i ni minutka porano inaku sledi kazna!!!
[sm=jezicek.gif]


Kaj nas nema seks na rati, nie palime na guranje i ovaka... uste ako ne prekinat ednas, za vtor obid nemame sila[sm=jezicek.gif]




Палешка РР -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 23:03:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Јас се надевав сексот на рати ќе стане минато кога дете ќе порасне,сега и тоа ми пропадна во вода


Па некако му иде дека само прва рата плаќаш, после банката те брка, ти забушаваш [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Epa zeni koga tinejdjerite ke ve prasaat Mamo do kolku imam izlez?
Namesto: Do dvanaeset_ i nemoj ni minutka da se kasni, sledi kazna! vie kazete: Posle tri i ni minutka porano inaku sledi kazna!!!
[sm=jezicek.gif]

Ова треба да се проба [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 23:48:56)

Абе ветив дека нема да сф смеам ама не можам бре. Палешка ти си ни како водилка што се не чека. Јас се возбудив на плачот, а што би праела на тетатет соочување господ знае, хахахаха.




niki -> RE: Секс...на рати (13.9.2013 23:57:02)

treba da si gi naucime decata da ne vleguvaat vo spalna noke osven vo slucaj na pozar[sm=smiley36.gif]
vsusnost ni vo slucaj na pozar, posto moze mama i tato si zapalile ogince[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Секс...на рати (14.9.2013 1:28:25)

Жени ме изнасмеавте значи [sm=jezicek.gif]
Кај нас нема рати, ако се разбуди толку е, заспивам и јас, туку еднаш да ви кажам, лани летото, трудна јас и имавме луд секс и тоа долгометражен со сите предигри и ти реков ми рече, кога при крај се разбуди М и сега легнувам до него да го презаспијам, а мм легнува зад мене и М ко што си е таков специфичен и во сон знае што е за кај, т.е. за кај не е, му вика Не таму, ваму легни, и добро ај се преместува мм и по некое време пак иди зад мене, упорен да се заврши работава, нема смисла после сето тоа да заспиеме без хепи ендинг и така од зад менетој ја дозавршуваме работава, пред крај сме и М во полусон ми вели Мамо не ме нишај[sm=jezicek.gif] (душичка мислеше го нишам за да заспие)




mommy_angels RR -> RE: Секс...на рати (14.9.2013 9:41:21)

Моево еден пат се разбудило и видело мрдкаат мама и тато,и вика -ајјј и почна да мрдка и таа со газето и да се смее...така слатко си се изнасмеавме во сред ноќ[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Секс...на рати (14.9.2013 11:07:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Жени ме изнасмеавте значи [sm=jezicek.gif]
Кај нас нема рати, ако се разбуди толку е, заспивам и јас, туку еднаш да ви кажам, лани летото, трудна јас и имавме луд секс и тоа долгометражен со сите предигри и ти реков ми рече, кога при крај се разбуди М и сега легнувам до него да го презаспијам, а мм легнува зад мене и М ко што си е таков специфичен и во сон знае што е за кај, т.е. за кај не е, му вика Не таму, ваму легни, и добро ај се преместува мм и по некое време пак иди зад мене, упорен да се заврши работава, нема смисла после сето тоа да заспиеме без хепи ендинг и така од зад менетој ја дозавршуваме работава, пред крај сме и М во полусон ми вели Мамо не ме нишај[sm=jezicek.gif] (душичка мислеше го нишам за да заспие)


[sm=lev.gif][sm=lev.gif][sm=lev.gif] Ааааааааааааааааа Сноувајт пукнааааав од смеење!!!!




Carrie RR -> RE: Секс...на рати (14.9.2013 13:36:12)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] сте ме изнсмеале [sm=bravo.gif]

Мене ова ми се случува со кучето ахахахаха [sm=smiley36.gif] Баш тогаш гребе на врата дека сака да влезе во соба, а ако не станам да отворам ќе отвори некој друг што е полоша варијанта НАЛИ [sm=smiley36.gif] Многу ме нервира




bucko mal -> RE: Секс...на рати (14.9.2013 22:23:02)

I kaj nas nema rati,ednash stom prekine tolku, zavrshuva zabavata[sm=smiley36.gif]

Mnogu cesto se slucuva da se spremame I bash togas bebusov ke pocne da kenka ili na pocetok da ne fati.No toa shto se sluci posledniot pat mnogu neprijatno se custvuvav bez razlika sto e bebe I ne razbira.
Nie si pocnavme so rabota,bebevo se razbudi I mislev kako I sekogash ke prizaspie.on se ispravi na noze I se smee a nie kako ukoceni gledame.Otogash navake praktikuvame preku den koga golemiov e na shkolo I nie se brkame po sobive[sm=smiley36.gif]
Golemiov ne vleguva kaj nas vo soba,kazano mu e samo ako nesto se sluci(ne daj boze)ili da e bolen.Ama pak tropa na vrata ili vika po mene.Samo zne da me prasha:,,mamo kako se oblekuvash koga I tato e vo soba,ne ti e stram''[sm=zmeden.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Ednash koga bevme na odmor vo sobata imashe djakuzi I jas I mm sakavme da go probame.detevo si gleda tv ne svatil deka dvajcata ke ideme da se tushirame.Jas izlagam I on zbunet ,,kako dvajcata se banjate'' jas mu vikam so kupaki.E mamo kupakite nadvor vi se sushat mokri se od plaza[sm=smiley13.gif] neznaev sto da kazam I mu vikam:
Imame I novi kupaki,denes gi kupivme[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




niki -> RE: Секс...на рати (15.9.2013 22:47:24)

Tuku zeni zosto gi lazete golemite deca?
tesko li e da se priznae deka ste si intimni so mazot i deka vo odredeni momenti od denot tie ne se dobredojdeni vo spalna ili bilo kade kaj sto ste vie?
mene seto toa lazenje i muvanje mi se cini preterano i nepotrebno
i ne mislam deka decata treba da ziveat vo zabluda deka nivnite roditeli samo spijat noke i nisto drugo ne pravat
ne mora detali da im se raskazuvaat, ama onaka diskretno da im se kaze: koga mama i tato ke ztvorat vrata od spalna imaat potreba da bidat sami i da se posvetat eden na drug imaat potreba da ne bidat prekinuvani i na mira da se sakaat

ovie malive ne razbiraat i mnogu objasnuvanja moze vo nevolja da te dovedat, a so golemive mi se cini deka sozivotot bi bil polesen i poudoben so malku poveke iskrenost, ili se lazam?




Mihaela 2010 -> RE: Секс...на рати (16.9.2013 9:58:52)

Seks na rati ne mi se slucil ,no koga sme bile reseni da ja pravime taa rabota detevo ko za inat ne saka da spie,ko da osekja[sm=smiley36.gif],cesto znaelo taka da se sluci,i taka povuci potegni i na kraj i jas ke zaspijam




Палешка РР -> RE: Секс...на рати (16.9.2013 10:18:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Tuku zeni zosto gi lazete golemite deca?



Искрено, мене ми е срам да му кажам. Не за друго, тој ќе се усрами многу. Некогаш правиме зафрканции за таа работа пред него и тој одма вели - Ај, доста, доста прибери се малку [sm=smiley36.gif]
Не знам дали е правилно, ама срам ми е, што да правам.




bucko mal -> RE: Секс...на рати (16.9.2013 12:36:34)

Ne se lazesh potpolno si vo pravo.Samo kaj mene e problemot sto mnogu sum mu dozvolila na sin mi pa si zema za pravo da me prashuva raboti sto nese negova rabota I od mene ocekuva da moram da mu odgovaram(ispovedam,da se pravdam)A ko mu kazam ideme da se odmorime vo spalna I odma pocnuva,a zosto jas da ne dojdam?samo vie sakate da se guskate?mene ne me sakate ? I miljon prashanja I dremenje pred vrata.
Za kolkava vozdrast da se raboti sepak e premnogu edno dete da gi prashuva roditelite tie raboti ili zoshto se banjate zaedno?
Moite roditeli sekogash se banjale zaedno,nie nikogash nisto ne sme prashale .ne sme ni smeele da prashame.
So mm imaat razgovarano nekoi raboti oni sto gi vikaat ,,mashki raboti''sepak mm vika mal e ne razbira mnogu,mnogu.Koga ke ne vidi da se bakneme vika jak,jak nie ke mu kazeme deka I ti eden den ke imash devojka a on ne ne nesakam,nesakam da ja baknam ne zboruvajte takvi raboti.
Za odredeni raboti e kako vozdrasen a od druga strana e seuste dete.
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Tuku zeni zosto gi lazete golemite deca?
tesko li e da se priznae deka ste si intimni so mazot i deka vo odredeni momenti od denot tie ne se dobredojdeni vo spalna ili bilo kade kaj sto ste vie?
mene seto toa lazenje i muvanje mi se cini preterano i nepotrebno
i ne mislam deka decata treba da ziveat vo zabluda deka nivnite roditeli samo spijat noke i nisto drugo ne pravat
ne mora detali da im se raskazuvaat, ama onaka diskretno da im se kaze: koga mama i tato ke ztvorat vrata od spalna imaat potreba da bidat sami i da se posvetat eden na drug imaat potreba da ne bidat prekinuvani i na mira da se sakaat

ovie malive ne razbiraat i mnogu objasnuvanja moze vo nevolja da te dovedat, a so golemive mi se cini deka sozivotot bi bil polesen i poudoben so malku poveke iskrenost, ili se lazam?





AneLav RR -> RE: Секс...на рати (18.9.2013 14:24:08)

Леле бе ме изнасмеавте , алал да ви е за темава.[sm=jezicek.gif] Па на нас ни се има десено така неколку пати ама само да закенкаат и трчам у друга соба им ставам цуцла и си продолжуваме. Само еднаш не продолживме ама кенкањето беше малку подолго.




vezilka RR -> RE: Секс...на рати (13.7.2015 15:46:47)

Некни имавме секс како акцине у Нептун, на 48 рати да не речам.[sm=jezicek.gif]Нас не фати стрв, а нНкола нејќе да чуе да си легне. Така фино лепо, ние во ниедно време му дозволивме да се насади пред комјутер, а ние побегнавме у спална, демек неостено, прво едниот, па другиот. По некое време примети дека двајцата не снема, па се обеси на врата. Па ај демек тој си легна, па ние побегнавме у дневна. е арно, ама тој стана по кратко, па се обеси на врата у дневна. Па ај конечно заспа и си рековме раат, Јосиф стана, еднаш, па уште еднаш [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Ама ние срца јуначки, се издржавме и ја докрајчивме работата, откако по триста маки се испозаспавме по дома. Е сега како пресметав после, изгледа плодни денови беа, а у селењето од соба у соба кондомите којзнае каде загинаа, се чудам и некоја камата да не не стрефи![sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Секс...на рати (14.7.2015 18:21:54)

Vezle.me.presmea, aj belkim bez kamata ke bide ova, grevota ste kaj na tolku rati pa uste i kamata[sm=jezicek.gif]




marchi -> RE: Секс...на рати (24.10.2015 0:30:28)

Мене ми е тешко така на рати. Еднаш да ама 2 пати ако се прекине работата некако не можам да функционирам после




Страница: [1]