Сложувалки (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Игри, броенки, песнички



Порака


vezilka RR -> Сложувалки (17.9.2013 12:09:42)

Сложувалките се релаксирачки. Сложувалките се предизвик. Сложувалките бараат концентрација. Сложувалките помагаат да ги раздвижиме прстите и умот. Низ играта со сложувалки децата имаат можност да вежбаат креирање целини од повеќе парчиња со различни форми. На овој начин малото мозоче ќе научи како да работи побрзо и да стане богато со идеи додека работи со голем број нијанси на бои.

Дали вие и важите деца си играте со сложувалки? Кои им се омилени на децата? И до кое ниво сте стигнале, со колку парчиња местите?




Felly RR -> RE: Сложувалки (17.9.2013 13:39:46)

М има една со 6 коцки, ама секоја страна од коцката е од посебна сложувалка, сигурно знаете за кои ви зборувам. ЗНачи на 6 коцки имаш 6 слики. Тие ги прави без проблем, а за друга сложувалка од оние комплицираните, ми ги дава мене, демек ајде да редиме. И после таа седи до мене, јас редам, а таа ми покажува: - ајде овде сега да ја бараме масата, еве вака треба да биде, ајде барај ова.[sm=jezicek.gif] И така, јас редам, таа гледа.




vezilka RR -> RE: Сложувалки (17.9.2013 15:06:27)

Ние имаме дома 5-6 сложувалки и се состојат од по 5-6 делчиња. Е само првате две кои му се најизвежбани може скоро сам да ги намести. Другите сеуште ги вежбаме. Интересни му се, неколку се домашни животни, неколку се превозни средства и ни го задржуваат вниманието едно половина час. Првата ја купивме, односно ја добивме на поклон, лани лето, значи малку пред две години, и јас мислев нема да му е забавно оти ќе му биде тешко, но му беше прав предизвик. И така почнавме да земаме и нови. Сега купивме ново, со бројки, па со еден удар, ќе учиме и бројки. Имаме и едни со две мечиња на кои по принциш на сложувалки треба да им се менува облеката, и со нив знае да си заигра. Е мама амбициозната, зема и една сложувалка со Ben 10 ама со над 50 парчиња, која не ја сака оти е тешка, хе хе за нас, па камоли за него, па ја прибрав, за некоја година.




Bethany -> RE: Сложувалки (17.9.2013 15:43:45)

И син ми сака сложувалки, досега сложувавме тие малите, од 4 парчиња се ваљда, со животно, од Џамбо, ама и тие што се редат спрема формата, па спрема бојата, тие веќе ни се извежбани. Таквите имаме неколку, добивме на подарок, и се супер. Ама веќе штом ги извежба и толку, ги прави за секунда и нема играње со тоа.
Сега не знам пак ќе гледам деновите да најдеме некоја нова од тие дрвените.
А и ова ме заинтересира со менување на облека, баш ќе ги побарам и таквите. Се спремаме за зима, по дома ќе седиме повеќе [sm=smiley36.gif]




masa -> RE: Сложувалки (18.9.2013 10:44:22)

Ќерка ми периодов многу си игра со сложувалки и минатата недела бараше нови па купивме една книга од просветно дело.Од почеток бара помош,но за два дена почна сама да ги реди и веќе ги знае напамет,ги вади сите и си ги зима кои е за една дури знае и одвоено која каде треба.А имавме дома и една ептен ситна и таа ме тераше мене јас да ја редам и кога се изгубија неколку ја фрлив.Гледав имаше во jumbo поголеми сложувалки со поголем број на парчиња,но покрупни па планирам ако не за брзо за нова година таква да и купам мислам дека ќе може сама ја реди,оние ситните и мене ми се проблем.




cevlice -> RE: Сложувалки (18.9.2013 19:25:35)

Обожавам сложувалки! ! Се правев само да ги местам само да не учев ....
Сега со синчето ги имаме разновидни и редовно ги местиме ха ,ха само што тој ми ги подава и ми по кажува кое каде требаjavascript:void(AddText('[sm=jezicek.gif]'))
Посебно би ја издвоила најновата која е дрвена ја купивме кога бевме на Крв
тоа е жирфа рачна изработка и е со различни бои...одма штом ја видов реков ова го земам барем не е кршливо ке остане !




marchi -> RE: Сложувалки (13.11.2015 12:05:48)

jas kako mala epten gi obozavav i sakam da mu zemam i na sinko ama se mislam da ne e uste rano,samo ke gi rasfrla kojsnae dali ke saka da igra.




Felly RR -> RE: Сложувалки (13.11.2015 16:08:19)

Marchi, можеш да му земеш од оние што се на коцки, тие се ем големи, ем има повеќе слики да си составува.




lukajana RR -> RE: Сложувалки (13.11.2015 16:36:14)

Л кога беше помал редеше такви сложувалки коцки а кога наполни четири години почнавме да му купуваме сложувалки со поголеми парчиња и многу сака да ги реди .
Марчи сложувалки има над 3 и над 6 години а овие коцки се таман за помали деца




marchi -> RE: Сложувалки (13.11.2015 22:12:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR


Марчи сложувалки има над 3 и над 6 години а овие коцки се таман за помали деца


nie seuste nemame 3 godini no nema steta da zemam,barem taka mislam [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Сложувалки (13.11.2015 22:27:00)

Нема штета зошто би имало ,демек дека има ситни делови и дека се од хартија да не ги гризе.
Може па ке му биде интетесно ,најди некоја со помалку делови а големи ,јас првата што му ја купив на Л беше со црвенкапа и имаше само десет парчиња ама му беше многу интересно дека сам ја реди




marchi -> RE: Сложувалки (20.11.2015 13:00:46)

pred nekoj den zedov slozuvalka za sp pokrupni delovi za da ne se nervira dodeka gi slozuva [sm=smiley36.gif] megjutoa povekje ja rasturase odkolku sto ja slozuvase i si rekov podobro da ja skrijam za ponataka odkolku da ja rasfrli rasturi izgubi iskine...




Страница: [1]