Зимница-рецепти (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


ivoni4ka -> Зимница-рецепти (17.9.2013 12:53:52)

Бдејќи не најдов ваква тема мислам дека треба да ја имаме,бидеќи веќе е сезона во полн ек за зимница.

Што подготвувате и кои се вашите омилени рецепти?




ivoni4ka -> RE: Зимница-рецепти (17.9.2013 12:55:09)

еве едно прашање од мене сакам да правам оваа година апетитка ама незнам како се прави помош малку?




rina13 -> RE: Зимница-рецепти (18.9.2013 8:28:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

1kg crn patlidzan
1l jabolkov ocet
150ml maslinov zejtin, 1-2 lazicki sol
3 cesninja lik

Patlidzanite se mijat, ne se lupat i se secat na krugcinja od po 5 mm. Vo tendzere se stava ocetot so solta i se vari dur ne zovrie, potoa se namaluva i se stavaat patlidzanite 5 min. Se vadat i cedat, a ocetot se cuva. Se redat vo tegli golemi - patlidzan pa seckano lukce , a moze i magdanos, pa pak patlidzan i taka do kraj. Se ostava da se oladat se prelivaat so ostatokot od ocetot. Na kraj se stava po nekoja kapka maslinovo maslo ili obicno i se zatvaraat.

Mnogu lesno se pravat a vkusni se




Hunny -> RE: Зимница-рецепти (13.10.2013 10:58:00)

Дали некој има рецепт за руска салата (зимница) не онаа со мајонез?Ме интересира колку сол, шеќер, оцет се става?




Bethany -> RE: Зимница-рецепти (13.10.2013 12:00:38)

Hunny, вероватно мислиш на мешана салата, барем јас ја знам под такво име.
Во секој случај, ќе напишам по која рецептата јас ја правев, па и во случај дека не е таа салата што бараш, ќе се најде некому можеби.
Многу е вкусна, од зимницата единствено нешто што би правила и понатаму.

Мешана салата (зимница) - количина за 10-12 тегли

2.кг. краставици
2. кг. карфиол
1 кг. морков
2. ком. зелка
1 кг. зелен патлиџан

Се се сече на кругчиња и/или ренда, се промешува, се става бибер во зрно (околу 4-5 кесички), оцет бел (око 1/2 од шишето), зејтин (пола шише), солта и шеќер (околу 2 лажици)
Се остава да постои 2-3 саата и после се реди во теглите. Се затвараат и провриваат во вода на шпоретот. (или друг начин на вакумирање).




Hunny -> RE: Зимница-рецепти (13.10.2013 14:21:38)

Да на таа салата мислам. Фала на рецептот[sm=smiley31.gif]




elenak -> RE: Зимница-рецепти (13.10.2013 15:44:40)

Салатава и мајка ми ја прави, ја јадат сите освен мене. Јас само киселите краставички ги ловам. [sm=smiley36.gif] Само што она не ги врие теглите туку го реди зеленчукот во големо тенџере, го полива со течноста и го остава да зоврие. Кога зеленчукот малку ќе омекне ги полни теглите и ги затвара. Вакумирано е и многу побрзо стасува, бидејќи веќе е омекнато се, па негде за 1 недела може за да се јаде. Инаку тоа заборавив, најдолу го става она што е најтврдо, на пр.морков, а најгоре зелката кога реди во тенџерето. И од зачини освен црн бибер става и ловоров лист.





elenak -> RE: Зимница-рецепти (13.10.2013 16:13:18)

Еве и еден рецепт, гледам дека немаме за лутеница. Ние ја правевме пред некој ден, многу е лесно.
Потребно е:
7 кг пиперки
1,5 томтело
700 мл зејтин
1 чаша вински оцет
1 чаша шеќер
сол
лук
магдонос
Пиперките ги комбиниравме, 4 кг беа од оние за ајвар што се црвените и 3 кг од малите темно зелени (пеперови ги викаат кај нас). Тие обично лутат малку, а ако не тогаш може да се додадат лути пиперки во зависност од тоа колку сакате да е луто.
Значи пиперките се чистат од семе, се печат и се лупат. Зејтинот се става во тенџере на оган и откако ќе се загрее се ставаат пиперките исцепкани на лентички да се пропржат малку. Се става томателото, оцетот, шеќерот и сол по вкус и се меша.[sm=smiley1.gif] На крај се додаваат лукот и сецканиот магдонос (исто по вкус) и се трга од оган.




Bethany -> RE: Зимница-рецепти (13.10.2013 19:15:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Да на таа салата мислам. Фала на рецептот[sm=smiley31.gif]


Нема проблем, сигурно убава ќе ви испадне. [sm=smiley1.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR
Само што она не ги врие теглите туку го реди зеленчукот во големо тенџере, го полива со течноста и го остава да зоврие. Кога зеленчукот малку ќе омекне ги полни теглите и ги затвара. Вакумирано е и многу побрзо стасува, бидејќи веќе е омекнато се, па негде за 1 недела може за да се јаде.




И ние ја отворивме брзо, за една недела до десет дена. И беше супер, мада јас лично и преферирам да не биде потполно меко
[sm=smiley1.gif]

А ова со вакумирањето, исто знам дека некои ги затварат теглите и ги стават во загреаната рерна и на тој начин ги вакумираат. Само јас не ја знам постапката, на колку степени рерната, колку долго се држат теглите, па ете ако некој знае и има практикувано може да сподели.
Мислам дека е и тоа најпрактичен начин за вакумирање.




ivoni4ka -> RE: Зимница-рецепти (14.10.2013 12:31:34)

eve i jas da ja pisam mojata lutenica top izleze po recept na komsivka
10 kg crven piper pecen i sitno seckan
6 kg domati
kitka magdanos sitno seckan
1 glavica luk , samo celi cesninja
100 gr seker
sol po potreba
1 l zejtin
150 ml vinski ocet
20 feferoncnja

domatite se lupat i sitno se seckat, stavat na ogan, otkako ke zovrijat se stava seketor i ocetot, malku povrjat i se dodavaat piperkite otkako ke pocne da se zgusnuva se dodava zejtinot i solta. za otprilika 1 cas na sreden ogan skoro e gotovo i se stava lukot, magdanosot i feferonite, se sobira na toplo vo topli tegli, na mene so ovaa doza mi izleze 11 tegli lutenica




lukajana RR -> RE: Зимница-рецепти (11.2.2016 18:27:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Devojki,moram da spodelam eden recept za zimnica koj mnogu e lessen za da se napravi,bez konzervansi e I e mnogu vkusen zelencukot napraven na ovoj nacin!
RASTVOR ZA ZELENCUK VO TEGLI
4 litri VODA
1 lItar ALKOHOLEN OCET(KISKO preporacuvam)
200 grama SHEKER
150 grama SOL
Se rastvara seto ova I se polevaat vekje spremenite I napolneti tegli(gi polnite so shto sakate od zelencuk),se zatvaraat I se stavaat vo rerana na 70-80 stepeni 2saata.Potoa se isklucuva rernata I se ostavaat do drugiot den ,tamu da se oladat.
Okolu potrebnata kolicina na zelencuk,jas imam nekoja vakva matematika,za 2.5 kilogrami feferonki mi treba pola doza od rastvorot.





marchi -> RE: Зимница-рецепти (25.8.2016 16:32:11)

ajde zenicki nablizuva sezonata za zimnici [sm=smiley36.gif] da ja razmrdame temava.mene mi treba recept za domasen kecap. detevo obozava kecap ama mislam deka redno vreme e toj kecap da e domasen pa spodelete recepti




Страница: [1]