Што никогаш повеќе нема да купиме? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


Bethany -> Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 9:01:59)

Никогаш нема да купам тегет теписи, ужас за одржување, секоја трошка се гледа од авион. Па претпоставувам и другите слични бои: бордо и други темни...

Никогаш повеќе нема да купам црни панталони, ме нервираат тие бели влакненца што се лепат нон-стоп.

Никогаш повеќе нема да купам бела јакна, освен ако не е за еднократна употреба [sm=smiley36.gif]

А и тие чинии, не знам како материјал се, порцелан или што (можеби сум грешка) , ама тие што не се перат ко што треба, треба да ги трљаш, и пак можат да се познаваат гадни линији, ко да стојеа со години, многу ми се непрактични.

Што вие повеќе никогаш нема да купите, пишите, да се научиме од туѓото искуство? [sm=smiley1.gif]





sandriana RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 9:06:46)

Никогаш не велам никогаш [sm=smiley36.gif]
Но, засега сум убедена дека нема никогаш повеќе да купам кревет на спуштање во замена за спална/фр.лежај. И нема да купам софа за во дневна без странични наслонувачи.




bucko mal -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 13:31:42)

Nikogash nema da kupam krem-boja tepison.
Drugo ne mi teknuva kako nova domakinka se sto kupiv se pogodi[sm=smiley1.gif]




miana -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 13:34:40)

Никогаш повеке нема да купам правосмукалка на вода..Ептен лошо ми се погоди ,а и кој и да има сите се жалат!!!!





elenak -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 13:54:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR
Никогаш нема да купам тегет теписи, ужас за одржување, секоја трошка се гледа од авион. Па претпоставувам и другите слични бои: бордо и други темни...

Исто. Мојот е бордо и го мразам.[sm=hudicek1.gif] Затоа го ставаме само во зима, оти мора.
Инаку друго што не би купила никогаш е памучна машка кошула (т.е мм нема да купи), нешто што не можеш никако да го испеглаш.




Annet -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 14:10:38)

Nikogas poveke nema da kupam crn namestaj.
Nikogas poveke nema da kupam Ajvar od prodavnica.




Lacrymosa -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 14:29:20)

ЦРН ТЕПИХ!!!! УЖАС.. ветер да дувне се познава. Стварно флеки не покажува ама секакви кончиња, раски па дури и прашина се како на тацна




Палешка РР -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 14:38:22)

Чаден кашкавал од Здравје Радово [sm=smiley11.gif]




mommy_angels RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 16:45:06)

со теписите тотално ве разбирам.Јас во дневна имав од оние со реси па и темно кафеави [sm=hudicek1.gif] .НИКОГАШ повеќе,ужас и терор за тој што чисти по дома( а тоа нели сум си јас ).
Бела јакна за детето,кај ми беше паметот лани и тоа па и двете ги купив бели [sm=smiley15.gif]
За сега толку ,не ми текнува ,а сигурно има уште [sm=smiley4.gif],ќе дополнам кога ќе се сетам




deluxe -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 17:47:50)

Евтин ранец[sm=smiley13.gif] Оваа година ја направив за прв пат таа глупост.Што ум ме фати ај си викам ќе земам поевтин ранец и онака в година пак ќе земаме нов.Отидовме на пазар го купивме,стварно на прв поглед ист како оние од книжара,а и квалитетот не беше лош за парите дури и одлично ми делуваше[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
И за неполн месец си ги кажа мааните ефтината роба,дури 4 пати го шиев,и сеуште попушта.Тешко дека ќе ја истуркаме цела година[sm=zmeden.gif]
не рекле за џабе:евтиното месо ниту кучињарта не го јадат[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 19:05:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Чаден кашкавал од Здравје Радово [sm=smiley11.gif]

hahaha lelee i jas pred nekoj den se zeznav...definitivno sega i nikad vise




Felly RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (26.9.2013 19:39:27)

Не ми текнува за нешто толку многу да сум се покајала, па никогаш повеќе да не купам. Ама темава стварно е добра, барем да знаеме што вопшто да не купуваме.[sm=smiley36.gif] Еве за кашкавалов, дефинитивно нема да го купам.[sm=jezicek.gif] Thank you Mihaela and Paleska [sm=smiley27.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (29.9.2013 16:00:49)

Никогаш во живот нема пак да купам стаклен умивалник за во ве-це. Прекрасен е на изглед, смрт за чистење. Ужас!

И да, тој чадениот кашкавал од Здравје радово е [sm=smiley11.gif]

Тетрапак млеко од Суташ [sm=smiley11.gif][sm=smiley11.gif][sm=smiley11.gif] (другите производи им се одлични)





kapina -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (29.9.2013 16:48:03)

Nikogas nema da kupam. Merinos tepih I sigurno ne kremova boja sto I da kapne se se opiva




Bethany -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (8.10.2013 12:18:02)

Никогаш повеќе нема да купувам прашок за шарени алишта, кога течниот детерџент е супер за тоа.

Никогаш повеќе нема да купам ефтини сунѓери за миење садови, пет пати повеќе детерџент потрошив кога тоа сунѓерот не впива ништо [sm=smiley22.gif]

И никогаш повеќе Alexandros (така пишува) маслиново масло, не знам што толку е гадно на вкус, дури чудно, ми се лоши и од миризба а не од вкусот [sm=smiley11.gif]




Snowhite RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (10.10.2013 2:08:58)

Јас па ќе кажам кремови теписи хехе кога ги купувавме бев бремена и не размислував дека ќе се породам и дека бебето нема вечно да биде бебе, туку дека ќе порасне и ќе си валка, ќе си тура итн итн




Tanjat7880 -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (10.10.2013 8:02:12)

Elegantni temno kafeni plocki za vo hodnik,model BAJADERA,lelee otisocite od nogara se poznavaat bre,strashno,toa posledno go stavivme koga renoviravme I imam zelba URGENTNO da gi zamenam!




Mihaela 2010 -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (10.10.2013 8:42:21)

Kafe kamko od kam market,ednas i no more




Tanjat7880 -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (10.10.2013 9:03:55)

E da I ova,kakao PASKALIN,takvo cudo stvarno retkost e da sretnesh ko salep boja e[sm=smiley13.gif]




anaana -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (10.10.2013 9:17:17)

Kafe paskalin, kupiv ednas za gosti mi bese sram kakvo bese kafeto... svetloooo :)))




Defne90 RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (27.4.2014 0:34:19)

Светла гарнитура за седење.Ја купив пред 4 години ама се покајав оттогаш сигурно сто пати.Абе со ништо не се чисти тоа наместо бела стана кремава како да не е истата гарнитура.Следен пат кога ќе купувам ќе гледам темни бои и дури и совет можам да им давам на другите да не се лажат ко мене дека ќе ја пазат оти тоа не се допазува.Барем да беше еко кожа а јас не та не платнена,еве ми сега.[sm=smiley13.gif]




Martins mom -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (27.4.2014 14:24:29)

Crni podni plocki vo kujna...mislam...koj kreten bev jas koga gi birav[sm=smiley29.gif][sm=smiley29.gif][sm=smiley29.gif]




jana81 -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (27.4.2014 15:43:25)

vcera kupiv i se nadevam posleden pat, visoki cevli na tenka stikla pa i tesni napred dali dvapati ke gi oblecam ama aj





miana -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (29.4.2014 10:13:09)

Киви спакувани во пластично канче од РАМСТОР...
Веро се супер, а РАМСТОР ужас!!!!!




LoveableMe RR -> RE: Што никогаш повеќе нема да купиме? (30.5.2014 9:34:42)

Теписони, од крај до крај на соба хе хе хе и регал исто така од крај до крај[sm=bravo.gif][sm=smiley36.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>