RE: Воспитно - образовни активности во градинка (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


TARA1 -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (14.12.2013 10:08:05)

Ne znam na koja vozrast ste ama ako se vo grupata jasli nema nikakva programa, barem taka e vo nasata gradinka. Nie lani so 2 g i s meseca bevme vo vtora jasli ( najgolemi) i skoro i da ne pravea nisto. E sega vo pogolemava grupa e druga prikaska/Taka da mozes da si se rasprasas malku podetalno....Jas lani dva meseca se nervirav so go zapisaa vo jasli ama deteto se adaptirase odlicno pa ne prevsemav drugi merki inaku sakav da go prefrlam vo pogolema grupa




sandriana RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (14.12.2013 10:16:43)

Т е во група 2-3 години, или 2ра јасли, сеедно. Програма нема само кај бебињата 8-18 месеци група, или 1ва јасли.
И Ј на Бетани би бил во таква група како Т (2-3 г) кога ќе појде во градинка. Верувам дека не ти е подробно објаснето Бетани за активностите - секако ги имаат, бидејки земаат Росица (што вели Фели, и ја работат таму еден дел), плаќавме за материјали за работа, а учат и песнички.




Mihaela 2010 -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (14.12.2013 10:56:08)

Isto i kaj M lani nemaa skoro nisto posebno od aktivnost a bea decinja od 2-3 godinki...sega vekje e drugo,postojano nesto pravat,rabotat,imaat fizicko,pred nekoj den M mi kaza kako gi nosele vo sala,prvo vezbale,pa posle rece dojde edna tetka ucitelka na bebinjata i ni svirese na gitara,a tie peele,taa igrala[sm=smiley1.gif],i ja naucile makedonsko devojce
inaku sekoj den nesto crtaat bojat,sega posledno rece casovnici boele,ja kitele zaedno elkata,i epten mi e srekjno detevo




Bethany -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (14.12.2013 12:14:22)

е па ете и јас некако заклучив дека зависи од градинка до градинка.
Па што тогаш ќе прават таму, на таа возраст само ќе се тепаат за играчка, ако воопшто и имаат играчките. [sm=zmeden.gif]
Уф, не ми се допаѓа ич, ама посекако подетално ќе се распрашам, мада ако е и така не знам што ќе промени во однос на праќање во градинка, пак ќе пробаме, ама јас сакав детето да не му е досадно од што гледам дома веќе му е досадно... Не ми е поента да го пратам само некој да ми го чува и да ги гледа други деца, посекако тие на таа возраст не знаат се уште да се играт сами, им треба некој кој ќе ги води, па си мислев во друштво со активности сепак е интересно и ќе сака тоа, ќе го интересира , а овака потешко и ќе се адаптира.




ivoni4ka -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (15.12.2013 20:08:11)

nemaat nikakva programa za vo jasli. A odi vo jasli 3 ( najgolemo od jaslite 18 -28 meseci) i bas bukvalno se cudam sto pravat cel den, nekoja igracka sto imaat, nekoi tocacinja i toa e. nekolku pati se slucilo do sega da donese 5 na racete e zasto pojma nemam




Felly RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (20.3.2014 9:40:33)

М во последниов период учат за пролетта, па за ветрето развигорче, за цвеќињата кои излегуваат во пролет. Зимото пак учеа за Северко, и како се создавал дождот - значи нешто како часови по природа му доаѓа нешто. Сега утре бидејќи е денот на екологијата, па нешто работно да биде - во училиштата нели има работни акции за чистење и оваа година и засадување на рози, па и во градинка ни рекоа да однесиме некој садник, некое цвеќе за да ги засадуваат во дворот. Баш ми се допаѓа - постојано има некакви активнсоти. [sm=smiley20.gif]




miana -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (12.9.2014 13:09:46)

Керками има две ипол години и ова и е прва недела целосно помината во градинка.. Денес бил "ден на таткото" и правеле вратоврски за татковците... Колку е тоа слатко и симпатично, едвај чекам да одам и а ја видам првата творба на моето мало злато... [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (12.9.2014 13:17:36)

Кај нас новина е оваа година, што имаат и учителка по ликовно. М ми кажува еве веќе неколку денови дека работат и со неа. Вчера цртале природа.[sm=smiley1.gif] Мали уметници.




elenak -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (12.9.2014 13:22:08)

Ќерка ми е 2,8 години ама дека е ептен на крај на година родена сакав во група со помали дечиња од неа да е, не со поголеми и така сега оди во I-ва мала. Колку што гледам засега само плачат и ништо друго.[sm=smiley36.gif] Треба да имаме родителска следната недела па ќе видам дали ќе се каже нешто околу тоа. Секој ден ја прашувам дали нешто правеле, учеле песничка, ништо не кажува, а раскажува што јаделе, на кого што му рекла учителката, така да сигурно би кажала ако нешто има. Мислам иако е со помали,тие се деца со по две години, некои и повеќе, треба да имаат некакви активности ваљда, не се толку мали, нели? Кога почнуваат таквите активности?




miana -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (12.9.2014 13:42:51)

Крками има 2 и скоро 9 месеци ... Вратоврските ги правеле учитеките ( еве гледам на слика ) вака да ја обоила керками чисто се сомневам, но сепак може и дале да бои со боичките и има нејзин труд [sm=jezicek.gif] Кај нас за живо чудо нема толку плачки, а и керками е со деца од 2012 година [sm=smiley1.gif] Јас инсистирав... Ке видам во понеделник на родителска ке ни кажат се како ке се одвива програмата со децата, менито и сл. па ке ви кажам




miana -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (12.9.2014 13:44:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Крками има 2 и 9 месеци ( 18 ти декември ) ... Вратоврските ги правеле учитеките ( еве гледам на слика ) вака да ја обоила керками чисто се сомневам, но сепак може и дале да бои со боичките и има нејзин труд [sm=jezicek.gif] Кај нас за живо чудо нема толку плачки, а... и керками е со деца од 2012 година [sm=smiley1.gif] Јас инсистирав... Ке видам во понеделник на родителска ке ни кажат се како ке се одвива програмата со децата, менито и сл. па ке ви кажам

Денес тато е најсрекен татко, првата творба е за него [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (13.9.2014 9:40:18)

Последните постови кои се однесуваат на возраста на децата се префрлени во содветна тема ТУКА.




Snowhite RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (24.9.2014 13:01:24)

Кај Михаил во градинкава се уште ни немаат дадено список што треба да однесиме и најверојатно не се почнати со активности, зашто од 1ви требаше да одат во новиот дел, после рекоа од 15ти и наводно како што кажуваше М, учителката му рекла кога ќе се преместат таму тогаш ќе им кажела што да купат, ама ни од 15ти не се преместија и еве дури вчера бидна преместувањето, е сега изгледа ќе почекаме да се прилагодат таму и не знам кога ќе почнат со активностиве




Felly RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (24.9.2014 13:49:54)

Сноу, обично почнуваат со активности од октомври, мислам на активности поврзани со приборот што ни го бараат - росици, математики, боенки и сл. М сега учеле само општи работи, што и до сега ги имаат спомнувано, не знам дали онака наставничката им спомнувала или пак во програмата го има тоа - за хигиена, за вежбање, и сл.
А вчера ја учеле и азбуката, па и дома неколку пати ја пеевме, дури и на youtube ја баравме Бушавата азбука, да ја гледаме.




elenak -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (24.9.2014 14:06:51)

Ние пред една недела поминавме прва родителска средба, ни кажаа да купиме мрсни боички,блок бр.2 и тетратка без линии. Однесовме уште следниот ден а дали им даваат да си цртаат не знам, ја прашувам ама ми вика не. Знам само дека им пуштаат музика да играат.[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (24.9.2014 23:19:15)

Во ред Фели ама октомври е за пет дена а уште ни немаат кажано што да однесиме
А Елена не се секираj на краj kе ви ги дадат и ке се изненадиш што се цртале




vezilka RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (25.9.2014 7:56:00)

Учителката на родителската ни кажа дека и програмата за двете последни групи во градинка се сменети да се усогласи со Кембриџ програмата. Тематаки е ориентирана и е базирана на една кнога мислам рече Стандарси на ран детски развој. Секој месец треба да научат по една песничка, да ги научат броевите до пет и да започнат со препознавање на буквите. Иначе Никола е средна група. Да и бои и форми имаат уште од лани. Ќе имаат англиски, исто продолжуваат од лани.




mommy_angels RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (25.9.2014 23:03:04)

Jas tuka podobro da ne pisuvam oti se nerviram poveke.Si pomina cel septemvri ,a decata seuste se samo so neguvatelki,uste nema dojdeno novata ucitelka.Roditelski neli seuste ne e zakazano oti nema koj da go odrzi,rabotava turni me da kinisam [sm=smiley13.gif] E sega sum prezadovolno deka i neguvatelkite navistina se trudat i veke mi pee novi pesnicki,nauci razlika megu polovi,uci sama da se oblekuva ,soblekuva,sogleduvam novi higienski i kulturni naviki itn Se na se, alal da im e na zenite,navistina se trudat,ama administracijata ne im ja biduva




Mihaela 2010 -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (5.10.2014 14:37:35)

Najnovo e sto ni pobaraa da sme si nabavele nakoe Dosie na Prosvetno delo bilo demek da vodat za decava i kraj na godinata ke ni gi vratat..kaj vas imaat pobarano vakvo nesto?




Bethany -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (6.10.2014 17:07:27)

Nam ni pobaraa, vsusnost vekje i go odnesovme, so zalepena slikicka od Jakov. Kosta 50 denari.
Inaku, tamu zapisuvaat kako napreduvat vo socijalen, emotiven, psihicki razvoj i onaka ne e loso kako evidencija, ako navistina go sledat deteto, a ne da e samo da se zeme oti taka trebalo, nekoj kazal, parite da se zemat itn.




Felly RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (7.10.2014 7:03:42)

Кај нас воспитувачките си водат досие за секое дете, само ко што пиша Бетани не знам колку навистина ги следат децата. И не ни бараа нас да купиме, туку тие си имаа набавено , и само ни дадоа да пополниме некои формулари ланската година, оваа година уште ништо не ни дале, може ќе ги искористат истите од лани.




Bethany -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (7.10.2014 8:24:15)

А да, исто ни кажа дека мислам од годинава, водат и е-дневникот за секое дете, за секојдневните активности, малку поопширно неголи во досието,
Само што дневникот нема да е достапен за родителите, туку само за нив.
не разбрав значи ли тоа дека ќе ни го дадат досието на крај или не.




Mihaela 2010 -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (7.10.2014 8:40:01)

Da ,nas ni kazaa deka na kraj dosieto ke ni go vratat,samo bas na roditelskata mm go postavil prasanjeto kako vodat dosie za sekoe dete,koga vo grupa se 35,kako postignuvaat so edna ucitelka i edna neguvatelka,i ucitelkata rekla deka vo princip onie decinja koi pokazuvaat zainteresiranost,druzeljubivost i sl,za niv kao grupno vodat edno isto,dodeka pak povekje vnimanie posvetuvaat na onie deca koi potesko se vklopuvaat vo grupata,vo izvrsuvanjeto na rabotite i slicno..




Bethany -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (7.10.2014 8:44:49)

Е добро кај нас во групата максимум е 20 деца, така има напишано на списокот во ходникот на градинката, ама и во претходна и сега во оваа група, никогаш не видов повеќе од 15 деца и тоа во ретки прилики. Затоа и може да го води учителката за секое дете посебно, така ни кажаа дека ќе прават.




Snowhite RR -> RE: Воспитно - образовни активности во градинка (9.10.2014 23:17:57)

Е конечно ни го дадоа списокот за прибор минатата недела. Оваа недела имаа доста активности по повод детската недела, а од наредната се надевам на повеќе зашто ќе учат математика, за која ни побараа по 200 ден, а исто воспитувачката порачала и росица и смешко за сите. па и од нив сигурно ќе имаат доста активности




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>