Палешка РР -> RE: Врска без секс (28.9.2013 6:25:41)
|
Мое мислење е дека тотално не е во ред да ја ожениш неа, а да имаш секс настрана од бракот. Како ќе имате деца? Те тера да направиш радикални промени во животот, да ја напуштиш својата земја, можеби и работа, за да бидеш со друга, а не со неа. Можеби се работи за некаква психичка блокада кај неа, или преживеана траума, па не треба да се отиде само кај гинеколог, туку и кај психијатар кој ќе лоцира од каде доаѓа проблемот. Прво што би предложила е да и покажуваш љубов и на други начини, долго гушкање во кревет, бакнување...Покажи и дека ја сакаш, а не дека само сакаш да ја легнеш. Кога ќе дојде до сексуалниот чин, тогаш прекини, не оди понатаму. Ако девојката изрази желба за повеќе, бидејќи веќе се навикнала да мастурбира, задоволи ја ти на тој начин. И така некое време додека не види дека нема да направиш ништо што не сака и додека не стекне доверба во тебе. Почекај до моментот кога таа ќе изрази желба и ќе побара да водите љубов. Се разбира, не можеш да чекаш со месеци и години. Јас искрено се надевам дека ќе успеете...Со среќа!
|
|
|
|