|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Градите во бременоста!
29.10.2009 10:06:49   
Sanja
Мислам дека поголем број о д мамичите ќе можат да ми одговорат на оваа тема!
Мене во првото тромесечие од бременоста, градите ми беа поголеми отколку преходно, со изразени вени на нив, ми беа осетливи на допир, а откако влегов во четврти месец ми се врати големината на градите како кога не бев трудна! И сега кога сум во шести месец, градите ми се како кога не бев трудна! Некаде имам прочитано дека градите во овој период треба се спремаат за доење и дека има случај да тече некој жолта течност од градите! Кај мене не е случај и ми е страв немој да немам млеко да го дојам бебето!
Дали знаете дали уште во бременоста може да се процени дали ќе имаме млеко да ги доиме нашите бебенца?!??
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 10:11:36   
mami
не мора да значи дека колострумот (жолтата течност) ке почне да тече пред да се породиш. Кај мене почна последните неколку дена, кај други што ги знам не течела воопшто пред да се породат. А тоа дека градите ти се исто како пред бременоста не се грижи- кај секого е и тоа различно. Јас цел бременост си носев ист број на градник а кога се породив експресно купував носи и тоа дури 2 броја поголеми кои откако престанав да дојам висеа на менеuser posted image user posted image

(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 10:16:02   
Еца
На мене и во двете бремености градите ми пораснаа последниот месец, а инаку кај мене воопшто не се појави течење на колострум пред да се породам. Така да ништо страшно, млеко ќе ти дојде. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 10:16:18   
profesorica
Санја мислам дека не можеш да процениш дали ќе имаш млеко додека си бремена, особено не по обликот или големината на градите.Иако некои мајки имаат млеко уште во бременоста-познавам мајка на која и течеше млеко во 8 ми месец од бременоста.

Моето искуство: во бременоста доста ми се зголемија, 2 броја поголем градник носев, ми испукаа иако ги маќкав со павловиќева маст и со маст за стрии, едноставно кожата е таква.кога се породив првите месеци ми беа огромни а потоа ми се нормализираа.сега уште дојам но во процес на одбивање сме и сега тие градници што ги носев за време на бременоста ми се големи.

Санја злато не мисли на тоа дека ќе немаш млеко, мисли позитивно мила user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 10:29:15   
Sanja
Ви благодарам многу, ме утешивте, најверојатно сте во право, се надевам и јас ќе имам млеко да го дојам бебчето! Иако може не треба да се оптеретувам уште сега со тоа, знам дека е рано, но ми беше во мисли!


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 12:15:40   
Палешка РР
И кај мене е точно така како што опиша Сања. Првите три месеци градите ми беа дупло поголеми, а потоа се вратија во нормала. Во 5-ти месец ми протече колострум, а еве и на влезот во осми. Но тоа не е никаков показател дали ќе имаш млеко или не. Така да не се секирај. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 12:59:08   
Весна
Сличното и мене ми е, ми пораснаа, па ми се вратија како од порано, само што кај мене ни абер од колострумот. Формата си остана таа, ама па ми станаа потемни и прошитени. Сигурно е нормално, но дали по доењето се повлекуваат брадавиците и темниот дел околу? user posted image  

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Градите во бременоста!
29.10.2009 14:55:01   
Saturn
После доењето кај мене си се повлече темната ареолка околу брадавиците. И сега пак сум трудна и пак ми е доста зголемена темната ареолка. Варојатно пак ќе ја снема. А околку големината на градите и кај мене на почеток ми пораснаа, па некако ми спласнаа, но се сеќавам дека откако се породив ми станаа огромни, и после пак си се смалија.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Градите во бременоста!
30.10.2009 20:46:56   
Snowhite RR
Баш барав ваква тема, затоа што и мене почетокот кога се сетив дека сум бремена малку ги сетив дека се пораснати и потврди, а потоа како да ми се намалија и ми беа меки. И јас како Санја се исплашив дека можеби нема да имам млеко. Сега сум во 7ми месец и се уште ги носам истите градници, и се уште го носам стравот дека заради тоа што не ми растат, можеби нема да имам доволно млеко.
Велите дека нема врска големината со тоа дали ќе има млеко или не?

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 1:11:04   
alex_mo
  Рингерајки едно прашање за вас со овакво искуство(иако веке читав).Во 26 недела сум без 2 дена и еве вечерва се туширав и случајно се притиснав на градите и ми потече колострум-малку.Во првата бременост немав овакво искуство,а сега сум малку изненадена.Дали ке престане и кога и дали тече само при стискање или  и неконтролирано...Поздрав..

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 8:12:26   
mami
колострумот, барем кај мене, течеше само ако ја стиснам брадавицата и тој не престанува да тече, туку кога ке се породиш, тоа е всушност првото млеко на бебето и најздравото...а неконтролирано ми течеше само млекотоuser posted image

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:01:14   
alex_mo
    Благодарам Мами за одговорот,ама ме интересира уште нешто.Дали ова останува само на колострум или се случува да тече и млеко или млекото тече само откако ке се породам....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:05:05   
profesorica
Откако ќе се породиш првите денови тече колострум, млекото доаѓа покасно и како поминува времето станува се помасно и помасно.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:09:37   
mami
во некои случаи, но многу ретко, може да почне да тече и млеко, но мнооогу ретко, сега за сега ке останеш на колострумотuser posted image а после млекото си станува се помасно зависно потребите на бебето- паметен е женскиот организам

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:12:46   
alex_mo
     Благодарам Мами за одговорот,ама ме интересира уште нешто.Дали во овој период се завршува само на колострум,а млекото доага по породувањето и тогаш тече неконтролирано....

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:17:27   
Maca25
Кај мене беше неконтролирано и морав да носам цело време влошки за гради, навечер посебно. Со тек на време почна тече само кога бебето сакаше да цица.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:25:08   
profesorica
и кај мене на почеток беше неконтролирано и носев влошки за гради а потоа се стабилизира-нормализира.инаку колострум тече на почеток кога ќе с епородиш а потоа преминува во млеко кое како поминува времето станува помасно и помасно.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 15:40:49   
alex_mo
    Благодарам,значи сега останува само на колострум зашто породувањето ми е далеку (26 недела сум),а за млекото знам еднаш го поминав тоа,само ова со предвремениов колострум ме изненади и ми е непознато..

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Градите во бременоста!
2.11.2009 16:43:13   
Палешка РР
И мене ми протече alex_mo не се секирај и тоа во 24 и 32 недела. И не само кога ќе ја притиснам брадавицата, туку ми оставаше траги на маицата. Ми протекуваше, па прекинуваше.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Градите во бременоста!
11.11.2009 20:52:31   
Snowhite RR
Девојки, сакам да ве прашам како и кога треба да се почне со подготовка на градите за доење? Дали е грешно ако се мачкаат брадавиците со крем, на пример јас стомакот го мачкам со павловичева со АД капки и градите ги масирам со тоа, ама не знам дали и брадавиците да ги мачкам? 

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Градите во бременоста!
12.11.2009 0:59:55   
Весна
Е да, и мене баш ме интересира тоа што прашува Snowhite, јас стомакот го мачкам, но на градите ништо не ставам.
И уште едно прашање-дали нешто треба да значи што кај мене абер нема од колострумот, а еве ја тераме 33 недела?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Градите во бременоста!
12.11.2009 1:05:16   
alex_mo
    Мисалм дека не значи ништо.Во првата бременост ми дојде веднаш по породувањето,а сега веке погоре пишав дека ми потече малку колострум поред околу една недела.И тоа само на стискање и после  туширање.Кренав паника и тука поставив еден куп прашања,а тоа беше само тогаш.Повеќе не се случи а е ве сум 27недела.Кај секого е различно.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Градите во бременоста!
1.12.2009 23:03:29   
***Lide***
mene gradite mnogu mi porasnaa pred dve nedeli si kupiv nov pogolem gradnik i toa za 2 broja i sega poveke ne mi cini pocnuva da me stega user posted image user posted image user posted image pa i ne mora da mi rastat povekeuser posted image user posted image user posted image dosega mi nema proteceno nisto ama izgleda deka toa e individualno se nadevam deka ke imam i mleko za da mozam da go dojam moetouser posted image

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Градите во бременоста!
1.12.2009 23:33:26   
ananikol
Gradite mi se zgolemeni i mnogu custvitelni veke nemozam ni da se izbrisam posle tusiranje kako sto treba,se mackam so kremce ama odvaj nekako.E sega za mene novo iskustvo e sto bradavicite izgleda od toa sto se zgolemija gradite pocnaa da se povlekuvaat navnatre i me plasi toa da ne imam problem so doenjeto na user posted image .Ima li nekoja ringerajka slicno iskustvo so povlekuvanje na bradavicite???user posted image

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Градите во бременоста!
1.12.2009 23:35:58   
Палешка РР
Еве овде сме разговарале за тоа ананикол

КЛИКНИ ТУКА

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.