Snowhite RR -> Надомест на роднини за чување дете: да или не? (1.10.2013 10:44:10)
|
Мојата дилема е оваа, за две недели ми завршува породилното боледување и треба да тргнам на работа со полно работно време. Ј ќе има неполни 9 месеци и уште оваа зима не ми се праќа во градинка, зашто ми е многу мала, ми е страв дека ќе настинува и дека ќе треба една недела да оди во градинка па две недели дома и тие две недели пак ќе треба некој да седи со неа дома. Е сега на располагање за чување од двете баби, свекрва ми оди на работа, во смени, прва од 06-13ч, а втора од 10-17ч, па периодот кога е дома може да ја чува, ама тоа е 2 часа, мајка ми од друга страна е невработена, ама сака да бара нешто сезонски да работи. Е сега јас да ја спречувам да бара работа, а да ми го варди детето за јас да работам, не сакам, зашто се наоѓаат моментално во една финасиска криза.Останува да најдам жена или девојка да ја плаќам за чување. Или можам да ја земам мајка ми да ја варди и да ја плаќам неа, ем и таа ќе заработува, ем и јас ќе знам дека детето ми е со баба му, а не со непознат човек/жена. Ама од друга страна никако не ми оди да и давам на мајка ми пари, за времето поминато со внучето нејзино и стварно не знам што да правам. Мм и тој е против да ја плаќаме мајка ми за да ја чува Јана. Со мајка ми уште немам разговарано за ова Што мислите вие? Дали сте имале ваква ситуација да плаќате мајка, сестра, тетка или некој поблизок за ваква работа или да имате слушнато некој ова да го практикува?
|
|
|
|