Mila mamicka -> RE: Каков татко е вашиот сопруг? (8.8.2014 14:38:08)
|
Уште кога го запознав мм, и видов како се однесува со малите дечиња од околината, веднаш си помислив дека сакам токму тој да биде татко на моите деца. Сите деца го обожаваат. Многу е дечар, сака да ги забавува, засмејува децата. Кога одевме на одмор сите деца од плажата се вртеа околу него, затоа што ги забавуваше. Некои пријателки ми велеа, ќе видиш, ќе се смени кога ќе има негово дете, ќе бега од обврските, ама за моја голема среќа, тоа не се случи. Од моментот кога се роди син ни, тој е целосно вклучен во сите аспекти од неогово растење. Единствена работа што не сакаше да ја прави е да му менува пелени. Инаку, за се друго беше тука. На почетокот, тој го бањаше а јас само асистирав. Сега син ми е 2 години и 3 месеци и се неразделни со татко му. Откако ќе си дојдеме од работа, па се дури легне, постојано се дружиме заедно. Постојано играат, му чита приказни, прават кули, си играат со пластелин, и што ли уште не. Навечер заедно се мијат заби, лице, рачиња па потоа јас го заспивам. Во целост, многу сум задоволна од тоа каков татко е мојот сопруг - целосно посветен.
|
|
|
|