Пешки со меше (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Вежбање



Порака


vezilka RR -> Пешки со меше (10.10.2013 14:41:22)

Пешачењето е една од најбезбедните вежби во текот на бременоста. Ќе ви помогне:
-да останете во форма,
-да не качите многу килограми,
-помага при намалување на мачнините,
-го намалува ризикот од затвор во бременоста,
-го намалува ризикот од депресија,
-го подготвува телото за физичкиот напор при породувањето,
-го намалува ризикот од зголемен крвен притисок и дијабетис.

Многу придобивки а ви треба само еден добар пар патики и желба за пешачење. Времетраењето на пешачењето зависи од кондиционата форма во која сте биле пред да останете бремена. Не трба да форсирате и најважно треба да си го слушате телото, ако тоа вели, одмори се, тогаш одмори се.

Јас со првата бременост воопшто не пешачев. Не смеев да се движам воопшто и многу ми беше тешко. Сега ќе гледам да не е така. Еве во првово тримесечје пешачам (ќе гледам така да биде цело тримесечје) два пати во недела по половина час, и другите денови по петнаесет минути.




Bethany -> RE: Пешки со меше (10.10.2013 14:54:03)

Јас многу пешачев, до последниот ден.
Уште една придобивка е побрзо и полесно отварање при породување, верувам дека пешачењето имаше големо влијание бидејќи се, за прворотка, многу брзо отворив и експресно породив.




sandriana RR -> RE: Пешки со меше (10.10.2013 15:00:48)

Пешачењето е во секој период од животот многу едноставна, а корисна вежба, па и во бременоста.
И јас пешачев до последен ден, активно, по 3-4 км минимум. Не ја видов придобивката при породувањето, но многу побргу станав на нога и се вратив во форма после породувањето. И бременоста многу полесно минува ако има физичка активност (нормално, ако е уредна бременоста).




AnnaMolly RR -> RE: Пешки со меше (10.10.2013 15:16:31)

Многу пешачев, буквално до последен ден. Секако дека пешачењето општо е добро за здравјето, а особено во бременоста.
Јас секојдневно одев по вкупно 4 километри, толку ми беше релацијата дома-автобуска, па пак имав пешки од автобуска до работа, а и одлично се чувствував.




mommy_angels RR -> RE: Пешки со меше (10.10.2013 15:57:52)

Откако дознав дека сум бремена па до влез во 9ти јас не пешачев ,јас квачев дома [sm=smiley1.gif],по препорака на лекарите " Поради претходно лошо гинеколошко минато" [sm=hudicek1.gif] и ми беше многу мачно.Арно ама бременоста си излезе супер и откако стапи на сила 9 тиот месец и јас тргнав во акција [sm=smiley36.gif] , се утепував од пешачење дури и балетанчињата си ги искинав,дека нели после дооооооолга пауза нозеве ми се активираа ,па ми потекуваа .Што убаво ми дојде тоа пред породување,мислиш тазе проодена па си се радувам и не седнувам [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Затоа се надевам ако се случи втора бременост,ако може да си ја истерам активно арно,а ако не , нека не се ни случува .Имам јас сега и дете за чување ,а седењето по дома дефинитивно не полни со позитивна енергија,туку сосема спротивно.




Snowhite RR -> RE: Пешки со меше (11.10.2013 23:01:58)

И јас за првата бременост пешачев цело време само до работа и назад имав 4 км, за втората бременост одев со велосипед, а кога залади повторно пешачката, додуша и неможев веќе на точак[sm=smiley36.gif] Пешачењето е убава работа, штета што сега не можам толку да пешачам, иако каде што можам повторно одам пешки, но сепак поради бројните обврски морам да штедам на време и затоа морам претежно со кола да одам.




deluxe -> RE: Пешки со меше (12.10.2013 15:15:51)

И двете бремености ми поминаа на нога.со првата онака лежерно си пешачев кога ќе ми текнеше,додека со втората бременост нон стоп бев во движење(работата ми го налагаше тоа)постојано на нозе,ваму -таму дури и не чувствував тежина баш ми одговараше,додуша јас по природа сум таква не обожавам да сум на едно место сакам движење[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif].Исходот од сето тоа беше премногу брз и лесен пораѓај во двете бремености[sm=smiley1.gif]




myhappiness -> RE: Пешки со меше (24.10.2013 9:12:37)

Јас во првата беменост пешачев повремено, не баш со некој интензитет.
Сега многу повеќе и одлично се чувствувам.
Не дека килограмите не одат нагоре, пак качувам но се чувствувам подобро, поподвижно, се губи мрзеливоста и поспаноста...




masa -> RE: Пешки со меше (25.10.2013 9:45:53)

Vo prvata bremenost imav strasni macnini na pocetokot i iako bese srede leto samo nadvor mi bese podnoslivo i cela bremenost pesacev mnogu,mi godese i na krajot cela zima jas na rasotka [sm=smiley36.gif].Sepak kaciv 20 kg.Sega malku poretko preacev najmnogu zosto cesto bev izmorena od rabota i domasnite obvrski i kerkata (da mi e zdrava i ziva) so koja cesto prosetkite
se poveke macenje otkolku zadovolstvo!Kg pak se tuka + 20.Sepak posledniov mesec isto pesacam sekoj den,a i vremevo steta e da ne se iskoristi! Go koristam maksimalno za setnja,pinekogas i sama ili so prijatelka,no najcesto so letoat
a a koga ke dojdam doma na obvrskite velam NEMOZAM i sto moze soprugot pomaga,sto ne...




Bethany -> RE: Пешки со меше (25.10.2013 9:54:02)

И кај мене килажата се качуваше, стигнав до +20, ама толку имав енергија и се чувствував лесно, чудно и да речам [sm=smiley36.gif], и си бев убава сама на себе, а бев како топка. Сега не ми е јасно како воопшто се движев, а не па толку да пешачев [sm=smiley1.gif]




Martins mom -> RE: Пешки со меше (25.10.2013 10:17:39)

Абе се е убаво тоа пешачењето, ама убаво е и да се одмориш некогаш[sm=smiley1.gif] Мене работата ми е на нога, син ми си бара шетање, па мора да му ја исполнам желбата, а некогаш играм и фудбал со него[sm=smiley19.gif] Кон ова ќе ги вклучам и домашните обврски и се на се-се гордеам што имам толку енергија, не од што сакам, туку ете морам. И затоа сум алергична на кога некој ќе ми рече дека треба да се движам[sm=hudicek1.gif] Па јас не застанувам и затоа навечер кога прв пат ќе се спружам се чувствувам како ќотек да имам јадено[sm=smiley1.gif] Треба движење, ама си треба и одмор!




Bethany -> RE: Пешки со меше (25.10.2013 10:20:31)

Мартинс Мам, јас мислам дека кога ќе бидам бремена со второ, нема шанси да шетам како со прва бременост.
Како прво, од обврските со едно дете се умараш и не ми е до шетање ни сега, а камоли да сум бремена.
Затоа да, со втора бременост треба одмор, бидејќи и онака немаш можност да лежиш и одмараш ко со првата бременост секако, кога сакаш и колку сакаш.




LARA83 -> RE: Пешки со меше (2.12.2013 13:58:48)

И јас нон стоп гледам да пешачам и да бидам во движење т.е. да не се залежувам, дневно по 40 минути пешачам а како поминува време гледам дека телово се поише и поише ми бара движење, кога пешачам се осеќам полесно и како да се полнам со енергија ако лежам два дена наредниот се осеќам уморна утепана ко да сум копала цел ден [sm=smiley36.gif] добро што работава ми дозволува да искачам на секој два саати и да вртам кругови [sm=jezicek.gif] не дека килажата не расте али мислам да не се движам уште толку повеќе ќе се накачува...... искрено многу не верувам дека помага за лесен пораѓај ама за полесна бременост и добивање енергија и тоа како помага [sm=kuza.gif] ај ќе видиме до крај како ќе оди




Mihaela 2010 -> RE: Пешки со меше (2.12.2013 15:10:44)

jas do posledno pesacev,deka vo 8 mesec ja sreduvavme spalnata da ne kazam renoviravme pa samo trcavme de vamo de tamo,po prodavnici...ama smrt mi bese koga idevme kaj rodnini na gosti na 5 sprat ziveat a liftot na dva pati ne im rabotese,dusa mi iskacase po poa skalite




vezilka RR -> RE: Пешки со меше (2.12.2013 18:09:26)

Се уште си пешачам скоро секој ден. Ми се фаќа по околу половина час во денот, некогаш и повеќе. Ама со пауза, на пример, пешачам 15 минути, па се качувам во автобус, па пешачам уште 15. Остатокот после работа,ама тоа не секој ден.Мнофгу подобро се чувствувам ако сум пешачела дента.




nutelce -> RE: Пешки со меше (16.12.2013 18:50:51)

do vlez vo 9 ti mesec redovno peshki na rabota i od rabota...plus skoro sekoja vecer so mm po 1 cas...
otkako ne odam na rabota poveke peshacam [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] vremevo e prekrasno, stom vidam sonce me nema po 2-3 casa ...




elenak -> RE: Пешки со меше (16.12.2013 22:50:13)

И јас пешачев цела бременост. Без разлика што се породив крај на декември, што ме фати зима и беше кочан ладно, не пропуштав пешачење. Некако си зацртав дека е тоа многу важно и не ми беше тешко. Е сега во 9 месец со огромен стомак, со јакна од мм, чизми, шалови и не беше баш лесно ама колку можев толку, не се форсирав.




nutelce -> RE: Пешки со меше (24.12.2013 13:50:39)

39+6 denes..i povtrono peshacenje...si se oblekuvam toplo i od kaj 11.30 do kaj 14h poleka si peshacam niz grad...[sm=smiley1.gif]




mimi 27 -> RE: Пешки со меше (24.12.2013 21:10:03)

Мене ми кажаа да пешачам за полесно да се породам , побрзо да се отворам , пешачев последните 3 месеци обавезно по 1 сат, и на крај не се отворив ич со пукнат водењак и со болки на царски рез завршив ...




Mimi33 -> RE: Пешки со меше (29.12.2013 13:06:49)

Рингерајки мами....И јас исто за првата бременост бев многу активна и нон стоп пешачеви воопшто не настинував,ми беше полесно,не чувствував никакви тегоби....Сега со второто малку помалку пешачам и одма осеќам како ми е потешко....Пешачењето го препорачуваат сите доктори...А и јас[sm=bravo.gif]




Stefanija Stefi -> RE: Пешки со меше (1.5.2014 12:22:41)

Секогаш пешачам и сакам да пешачам, па така и сега [sm=smiley1.gif] и докторката ми препорача да пешачам па и за време на мојата бременост ете правам така [sm=smiley36.gif]




Anuska14 -> RE: Пешки со меше (18.11.2014 10:38:07)

И јас сум ЗА пешачење ама или немам друштво, или имам обврски други и некако не можам баш да се наканам. Знам дека е препорачливо за сите а посебно за мешлачиња кои очекуваат принова.




Malecka23 -> RE: Пешки со меше (18.11.2014 13:55:25)

Pesacam obavezno mozebi ne sekoj den ama sekoj vtor zavisi od obrski.Ke ja stavam M vo kolicka i pesacime po 2-3km obavezno.E sea koa vrne prafime pauzi i bas me faka safra posto stvarno mi godi i glava ke si izbistris i vozduh i dete prosetano.Apsolutno Za za pesacenjeto




Ki4iko -> RE: Пешки со меше (18.11.2014 19:42:24)

Јас и не знам што е тоа да се пежачи со стомак.И двете бремености ми беа тешки, лежам во кревет со денови , и кога станувам да се движам имам болки во долниот дел од стомакот.И баш сакав да ве прашам трудници дали имате болки кога се движите?




lolla RR -> RE: Пешки со меше (19.11.2014 16:37:56)

Јас немам болки при движење засега ама најверојатно рано ми е, уште не сум ни во 7 месец. А инаку сум си пешак, пошто сум невозач, и секаде одам пешки, работа, купување итн... а и со мм спе по шетање по природа, водно, парк секој ден летово, сега викенди. Само нека ме послужи состојбата...

А вака кога е зимо, а на некоја и се пешачи а надвор нема услови за тоа, на јутуб има купишта вежби на кои основата им е пешачењето, нормално во соба и се баш погодни за трудни.

Ако некој го интересира, само нека пребара Walking workouts.




Страница: [1]