Редослед на растење на забите (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Snowhite RR -> Редослед на растење на забите (11.10.2013 23:42:37)

Бидејќи имаме тема за првото забче, тука да продискутираме и за тоа кога излегле другите запчиња и по кој редослед, зашто иако кај повеќето деца горе долу редоследот е ист сепак има отстапување. Исто така да си кажеме и дали со лесно ги ваделе остантатите забчиња во споредба со првото
Еве и една статија, која би можела да ни користи КЛИК




Snowhite RR -> RE: Редослед на растење на забите (11.10.2013 23:50:04)

Еве јас прва да кажам, на М после првото кое излезе на 9 и пол месеци другите му излегуваа редоследно според сликата на статијата, освен што прво му излегоа горните единици, не видовме многу мака за вадење и пред да наполни две години ги имаше сите до петка. Единствено многу имаше мака и плачеше кога ги вадеше четворките, никако не можеше да спие, а јас не знаев што е и се нервирав му викав да спија, тоа душиче плачи дали плачи, кога по два дена гледам катник извадил, леле колку ми падна жал дека му викав јас, а тоа си имало мака.
Јана на 6 месеци и една недела ги извади двете долни единици, сега еве скоро 9 месеци ќе прави се уште нема извадено други, ама ја гледам деновиве непцата кај горните двојки и се како потечени, па се си мислам дека нив ќе ги извади следно, пред два вечери едвај заспа, а сабајлево цело време се разбудуваше и сакаше да цица, т.е. да спија со градата во уста, најверојатно ја чешкаат непцата. И вечерва баш ја гледав и мислам дека се веќе излезени, баш сабајле ќе видам. Среќа овој пат не крена Т за разлика од минатиот пат




elenak -> RE: Редослед на растење на забите (11.10.2013 23:57:19)

Супер тема, браво! Тука ќе си запишам,па во случај некогаш да заборавам ќе си го побарам постот.[sm=smiley36.gif]
Значи, прво запче на 6,5 месеци, единица доле. По неа одма другата единица, па доле десно двојка. После излегоа горните единици, па другата двојка доле лево. Потоа двојките горе, па малку пауза и сите четворки наеднаш. Последни излегоа тројките и тоа, прво долните две па горните.
Ете толку сега засега.[sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Редослед на растење на забите (12.10.2013 0:09:33)

Баш сега мака мачиме со тројките и тоа сите одеднаш излегуваат. Греота е колку ми се мачи дете,носе тече,,се накашлува,се поти во главче од мака,кенка,заплачува во сон,уф аман веќе нека излезат. Овој пат ни килибар не помага
А за редот,кај нас го нема,прво долу 1,па горе 2,па долу2,па дури потоа горе 1. Оотоа излегоа сите четворки и еве сега 3. Тотално безредие,ама нешто голема мака не видовме. Изгледа овие тројките ќе ни наплатат за сите до сега




deluxe -> RE: Редослед на растење на забите (12.10.2013 15:25:38)

Кај нас првото запче излезе на 6 месеци(единица долу) потоа другата единица,горе прво ни никнаа двојки,па во рекордно време и единици(како преку ноќ) За сето ова време немаше апсолутно никакви знаци ,реакција,единствено што повеќе плунка му се лачеше.Долните двојки ги извадивме со реакција пролив (и тоа недели,недели) мислев дека е стомачен вирус,на крај двојки гледаме му никнале[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]Сега има 13 месеци и пред една недела од нигде никаде крена температура проследена со пролив.Мислејќи дека е вирусно отидовме на лекар си добивме антибиотик,почна да го пие и кога по 2 дена гледаме 4ка му излегла[sm=jezicek.gif] Останатите 4ки се на пат,колку му се потечени непцата,којзнае колку му е тешко само да нема температура тоа ми е најважно[sm=smiley13.gif]




Snowhite RR -> RE: Редослед на растење на забите (12.10.2013 18:47:46)

Ете ја двојката горна лево ѕирка, а и другата најверојатно не ме остава да видам, леле како штрба баба ќе биде со долу две единици и горе две двојки[sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Редослед на растење на забите (12.10.2013 18:55:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ете ја двојката горна лево ѕирка, а и другата најверојатно не ме остава да видам, леле како штрба баба ќе биде со долу две единици и горе две двојки[sm=smiley1.gif]



[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]ептен ќе биде смешки,и на Ф така му излегоа,и тоа прилично му пораснаа дури излегоа единиците горе ,ептен беше фаца како дедо штрбав[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Редослед на растење на забите (13.10.2013 23:03:49)

и на М прво и никна горе лево двојката, ама одма по некој ден се појави и единицата, па наеднаш растеа сите 4 горе.




Bethany -> RE: Редослед на растење на забите (23.10.2013 12:47:46)

Првото запче на 6 и пол месеци, долна единица, после неколку денови и друга долна единица.
На 9 месеци имаше горни единици и двојки и само доле единиците, значи 6 запчиња... Па потоа следеше затишје...
Дури некаде пред 18 месеци почна двојките долу и одеднаш сите други запчиња за релативно кратко време почна да излегуваат: и четворките и тројките.

Денес (има 25 месеци) му видов една петка долу излезена, успеав таа да ја видам, а и другите се вероватно на пат да пробијат, ако веќе не се. Веќе нека и тие сите излезат да одмориме од заби на некое време [sm=smiley1.gif] Не дека имавме нешто многу мака, освен будењето преку ноќ,ама три ноќи се будеше , те. кенкаше во сон на неколку пати и ете гледам поради што.

Нешто интересно што приметив кај син ми е дека многу бавно му израснуваат забите, дури четворките горе се уште со целата површина не се излезени, и побавно му растат забите горе, отколку долните, тие побрзо избиваат и побрзо израснуваат во должина.





Big mamy -> RE: Редослед на растење на забите (5.11.2013 12:17:47)

bravo za temava, super e, vo momentot mnogu ni e potrebna bidejki nie izgleda se spremame za prvoto zapce [sm=smiley1.gif]
sin mi utre polni 4 meseci, nema seuste zapce no gi ima slednive simptomi: ligavi mnogu, ama mnogu, racete vo uste postojano a i sekoja igracka sto ke ja fati pravo vo usta, e ova e veke podolgo vreme, znaci so ligavenjeto pocna uste vo 2 mesec a i racinjata vo usta se veke podolgo vreme.... ona sto e vo posledno vreme a sto mislam deka e simptom na zapce e noknoto nespienje, veke 10 dena se budi mnogu cesto, a predhodno dobro si spiese... kenkav e, a i zlebinkite mu se oteceni....
pa ve mlam so vasite iskustva kazete mi dali se ova stvarno simptomi i kolku vreme se prisutni dodeka da probie zapceto ....




sandriana RR -> RE: Редослед на растење на забите (5.11.2013 14:27:33)

Big mamy, штом има и ноќе мака, и отечени жлебини, многу е веројатно дека ќе ве израдува првото запче [sm=smiley1.gif]
Со што помалку мака да излезе, па да се пофалите тука [sm=smiley36.gif]




deluxe -> RE: Редослед на растење на забите (18.11.2013 7:37:37)

Јас пак тука да си се исплачам[sm=smiley19.gif] На Ф му излегува втората 4ка.Со првата имаше Тт и пролив,додека сега нема покажано такви симптоми,но е многу нервозен,плачлив дури и во спиење плачи.Исто така го изгуби апетитот ептен слабо јади,што ме фаќа паника да не намали со имунитетот па после со настинки и грипови да се бориме[sm=smiley13.gif]




miana -> RE: Редослед на растење на забите (18.12.2013 9:01:01)

Zeni da veprasam n koja vozrast rastat 4 ki.i 5 ki. Nie sme seuste na.klinika,vcera ne spremaa da si odome dened,ama.vcera kerkami.rena nekoja mutava temperatura i imase nagoni za povrakanje i eve seuste sme.tuka. Pa me.interesira od sto.noze da e sega.ova? Denes pravime 2 godini. Raste li nekoj.zab.na.ovaa.vozrast?




Bethany -> RE: Редослед на растење на забите (18.12.2013 10:24:27)

Миана, растат петките околу оваа возраст.
Еве син ми уште е во процесот на растење на петките, има две долу, и горе пробиваат.
Ама немаше температура... можеби на ќеркичката бидејќи и е паднат имунитетот, па затоа.




Mimi33 -> RE: Редослед на растење на забите (31.12.2013 13:18:46)

Рингерајки мајки[sm=smiley36.gif] дали има редослед на тоа кое забче прво му расте на детето или? дали почнува долу или горе....напред или назад...кои се знаците за излегување на првото забче.......[sm=nosecka.gif]




Bethany -> RE: Редослед на растење на забите (31.12.2013 13:42:00)

мими33, не постои правило. По некое школско правило прво излегуваат долните единички, ама во пракса често може да видите сосема различен распоред на излегување.

И јас да се запишам тука. На Ј му излегуваат последните две петки горе, и изгледаат ужасно болно, такво црвено, раскрвавено, гледам дека нешто немаше апетит, на јадења ко да се гади, се стресува, ноќеска немирно спиеше и ете ги. Уште тие нека излезат и да не оставаат малку раат. [sm=smiley20.gif]




Melanija RR -> RE: Редослед на растење на забите (22.5.2014 13:56:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

Na sinko mu niknat zabi eve 7to izleze i celo vreme kenka, place i denje i noke. Noke na sekoj pola saat se budi veke neznam sto da pravam. Nitu mm spie, toj jaden mnogu mi pomaga po cela nok stanuva da go niska em sabajle rano odi na rabota i po cel den e na rabota. Zal mi e veke.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90
Леле принцеса и ние сме истите со запчињата.Ние пак имаме 19 месеци скоро а аинко има само 6 запчиња.И нам сега ни никнуваат другите и тој е постојано раздразлив и плаче.Па и со јадењето нешто почна да забушава,и не е ни криво детето го гледам постојано прстите во уста не ги извади од таму.[sm=smiley13.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa

defne90 tebe sinceto ti e isto kako kerka mi sto bese. Nejze prvoto zapce i izleze koga imase napolneto 13meseci i nemavme problem so vadenje na zapcinja. I taa na godina ipol imase 6[sm=smiley36.gif], ama sega so drugoto dete e sosema razlicno. Go cekam sega da stane pa imame termin kaj pedijatar pa usput so pregledot ke prasam za care.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Леле мене душата ми ја извадија и двајцата со никнувањето на запчињата.на 10 месеци ги извадија ама после поголемиот до три години успеа да ја наполни цела уста.И помалото гледам дека е исто.[sm=zmeden.gif]




Lacrymosa -> RE: Редослед на растење на забите (26.6.2014 14:15:20)

ние со запчињата сме чудо природе. на 6.5 ни излезе горната единица и во рок од месец дена ни испоникнаа уште 5 заба... сега на 8 месеци имаме горе единици и двојки и доле само единици... ма да гледам некако и се спремаат непцињата за тројки што ме чуди




sandriana RR -> RE: Редослед на растење на забите (27.6.2014 12:09:20)

ма да гледам некако и се спремаат непцињата за тројки што ме чуди

Lacrymosa, за 3ки е се уште рано, тие излегуваат дури после година (ако не и околу 18 месеци) - и мене ме чуди на 8 месеци да се појават 3ки [sm=zmeden.gif].
Ќерка ми брзо ги извади единиците и двојките, и горе и долу - до кај 9-10 месеци, некако паралено и горе и долу изникнаа, па 4ки, тројките подолг период пробиваа, некаде околу 18 месеци имаше, а за 5ки не забележав кога излегоа [sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Редослед на растење на забите (30.6.2014 22:21:23)

Јана на 6 месеци ги изваде првите забчина и до пред месец и пол имаше 4 горе и долу само единици и сега на година и три месеци изваде четворка долу, па после во една недела 2 четворки и една тројка, ама ептеен мачно, нервозно, со температури, со плачење, за грев беше кутрата, ни јадеше ни ништо, па и баш тогаш почнавме и в градинка, абе ужас беше, после ја изваде уште едната четворка и двојките долу, па уште една тројка горе и мислам дека сега и долните тројки и се излезени не ме остава убаво да видам




Melanija RR -> RE: Редослед на растење на забите (18.9.2014 0:55:33)

Единиците доле на 4,5 месеци,па наизменично 2ките и 1ниците и сите 8 комплет до 8,5 месеци.
Потоа набрекнати непца за 3ки и 4ки ,лигавење,гризење на буквално се,и нашите раце со голем стисок.... Знали од 8,5 м на 12,5 месеци излего долни две 4ки[sm=smiley1.gif]
Заклучок на 13 м има 10 заба [sm=smiley36.gif]




Ilina87 -> RE: Редослед на растење на забите (18.9.2014 12:51:07)

На скоро 12 месеци има само 4 заби, единици и двојки горе и долу, ама знае да џвака [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Редослед на растење на забите (19.9.2014 22:37:14)

Апдејт незнам веќе од кај излегуваат,има тројка горе лево [sm=smiley36.gif]почна да меша[sm=zz_giggle.gif]




Melanija RR -> RE: Редослед на растење на забите (29.9.2014 15:28:31)

До тројаката излезе 4ка а на повидок е и другата горна 3ка, па ќе останат горна една 4ка и долни 3ки[sm=jezicek.gif]
Значи 12 заба 13 и пол месеци[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Редослед на растење на забите (17.11.2014 15:12:00)

Пак јас и мојот М[sm=smiley36.gif]
Излезе 4ката иако се формира во цел заб сеуште се брои,а и двете долни тројки излегоа од непцето
И 15 месеци и 16 заби[sm=smiley4.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>