deluxe -> RE: Школски деца и вработени родители-како да се воспостави баланс? (12.10.2013 12:27:34)
|
Ники темава ти е одлична,баш како за мојата ситуација[sm=smiley1.gif] Еве тука ќе го пренесам моето искуство.Вработена сум уште пред ќерката да почне да оди на училиште.Тој период немавме многу проблем бидејќи таа беше слободна без школски обврски,јас одев на работа секој ден различна смена ,еднаш сабајле,еднаш попладне од 14 до 22 часот.Слободнотто време го користев со ќерката,си игравме,шетавме разговаравме.Е сега е веќе друга приказна таа е ученичка во 3то одд.Има повеќе училишни обврски,многу за домашна работа,и морам да признаам не ми е ич лесно.Згора на се имам уште едно дете кое е 13 месеци итоа си бара нега и внимание.Од друга страна училишниот материјал им е многу обемен колку што има домашна работа за децата ,толку има и за нас родителите[sm=smiley13.gif] Да преминам на главното.Како го балансирам времето? Најпрвин треба многу откажување,жртвување,за да се посветиш целосно на детето,секоја слободна минута ја минувам со двајцата.Време за одмор за мене не постои,дури ни време за јадење немам баш на располагње,затоа со добра организација се ќе средиш.Додека е детето на училиште заврши си домашни обврски,кога ќе бидеш со неа да не мислиш на обврските околу домот и работата,туку целосно да и се посветиш само неа.Ќе ти биде потешко додека фатите ритам,но ќе се среди со време[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|