Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


vezilka RR -> Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:29:50)

Некако имам впечаток дека има многу малку играчки во нашата градинка, еве конкретно наштата занимална. Групата има 27 деца, а играчки многу малку. Така кога имаат слободни активности, има ситуација кој прв ќе грабне играчка, или посилниот ќе си игра. Исто малку ми е чуден и изборот на играчки, на пример, немаат коцки, една играчка најинтересна за деца на таа возраст. Лани имавме акција да донираме играчки за нашата занимална, добро тоа е ок. ама мислам дека основен начин на набавка на играчки во градинките не треба да биде донација од родителите.

Ајде да споделиме различни искуства на оваа тема. Колку и какви играчки има во градинките, и како се набавуваат?




Martins mom -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:39:13)

Воглавно сите се на принцип донација[sm=smiley36.gif] За плачење е работата. Појма немам што имаше во градинката на М, ама по неговото кажувае имало коцки, багер по ккој момчињата правеле тепачки и неколку кукли. Не верувам дека лаже, пошто и тој самиот се жалеше дека има мањак на играчки, затоа ми вели, дремиме во градинка, ништо не правиме, досадно е[sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:47:17)

Еве пак јас ќе ја фалам нашата градинка :)

Имаат многу, премногу играчки. Плакар од ѕид до ѕид преполн со разни реквизити, дел за слободни активности, дел за едукација. Кога бевме на родителска забележав 5 табли со бројки (онакви дрвени) за учење, неколку табли со букви. Имаат мноооогу сликовници, многу кукли, количка за кукли, животни, коцки еден тон, милијарда колички! Имаат камиончиња, а во ходникот голема пластична куќарка и 5-6 точачиња и камиончиња, како и лулашка.
Ќе побарам низ сликиве дали имам некоја каде се доловени играчките, ама таа занимална им е од лани. Оваа новата им е пополна.




mommy_angels RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:53:53)

За играчки навистина незнам,сега тргнавме,а нели во нашите градинки родителите ни под разно не смеат во занимална,ама еве од другите реквизити ќе си кажам.Ја прашувам воспитачката дали им пуштаат музика на децата,дека повеќето така се смируваат(барем моето) и ми вика,да да им пуштаме на нашите телефони оти немаме радио [sm=zmeden.gif].Градинката е навистина нова и сигурно многу работи фалат,ама на пример тие двете кожни фотелји со масичето во приемно воопшто не се потребни,а од друга страна со тие пари во сите занимални ќе купиле по едно мало радио од тие со ЦД




AnnaMolly RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:56:07)

[img]https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/994481_10200657356589788_360685503_n.jpg[/img]
Десно во ќошот корпите се полни со играчки, а и тие четирите дрвени полици.

[img]https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/941573_10200657353789718_1544929645_n.jpg[/img]

Еве и плакарот зад нив.
Ќе повторам, ова е во занималната лани каде што беа, новата им е многу пополна.




vezilka RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:56:23)

За сликовници не зборувам, тие спаѓаат во едукативниот дел, нив ги имаме доста. Некако играчките им се малку. А точачиња и лулашки и такви работи не забележав.




sandriana RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 9:58:20)

Е кај нас ситуацијата е незавидна во однос на играчките.
Очекував барем кај малите деца - јасли да имаат занимација со играчки, но едвај по една играчка на дете излегува фондот. Само една кошница со прастари играчки е кај јаслите, а кај Т во групата не видов ни толку. Забележав на полиците наши играчки, кои Т си ги носеше од дома, па забораваше да си ги врати, си стојат во заималната.
Минатата недела, по повод Недела на детето ставија кутија за донации на средства со кои би си купиле нови играчки.
Во просторот кај шкафчињата веќе дооолго време стои една голема пластична клацкалка - им ја тргнале веројатно од страв да не се превртат маливе, и едно пластично точачче, кое е тргнато од занимална веројатно од истите причини.
Сума сумарум - недоволно соодветни реквизити и играчки во нашата група.




vezilka RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 10:04:37)

Ете баш да се надоврзам. Инаку Тина сега е во занималната во која лани беше Никола. А ние лани дониравме играчки кои требаше да останат во таа занимална за другите генерации. А сега еве нема. Што се случува со играчките. Јас разбирам дека некои се кршат, ама нешто ми е чудно.




AnnaMolly RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 10:08:23)

За во јасли се сложувам, таму апсолутно ништо немаат!




Felly RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 10:26:15)

Во јасли најверојатно секаде е исто. Имаат само некои меки играчиња.
Во занималната кај нас, има доста играчки - коцки, бебиња,кукли, кујна со прибор, за мајсторчиња комплети. Ама сепак некогаш кога се и 30 деца, сигурно нема да има за сите иста играчка. Ама главно мислам дека има доволно.




mommy_angels RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (15.10.2013 11:20:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

За во јасли се сложувам, таму апсолутно ништо немаат!

И добро ,а што да прават дечињата без играчки,да седат и пијат кафе со учителките???
И после плачеле,епа и јас би плачела кога би морала цел ден да седам и буљам во празно




vezilka RR -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (17.10.2013 15:29:50)

Денес приметив дека во ходникот има куќарка, клацкалка и две-три точачиња, ама не верувам дека децата некогаш си играат со нив. Оти во ходникот, не престојуваат, туку во занималните, а во ходникот кога ќе ги стават после три ипол кој уште не го зеле, натокмени, и облечени, тешко дека ги оставаат да си играат.




ivoni4ka -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (17.10.2013 23:51:01)

od toa sto go gledam kaj nas e isto mizerno, vo jasli 3 imaat 3-4 tocacinja onie kako konjcinja sto se, 2-3 koncinja kako klackalki staticni, 2 kolicki za bebinja-kukli i nekoi 5-6 kukli nisto drugo a 15 deca se , sto li pratat tamu tolku vreme [sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (18.10.2013 10:21:34)

Na roditelskava imav vreme neli da vidam sto se imaat vo zanimalnata,ama ne vidov koj znae sto,a moze im bile skladirani po plakarite[sm=smiley36.gif]
imaat edna ogromna kujna,edna rabotilnica za maskive najverojatno,kukli,M kazuva sekoj den kako si igraat so kocki pa izgleda imaat i toa,drugo ne zabelezav...isto im citaat i knigi,ama pretezno kazuva deka bojat,crtaat ,seckaat so nozicki ,pa najverojatno povekje so toa se zanimavaat...




ivoni4ka -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (19.10.2013 13:44:25)

miahela toa e vo red za malku pogolemi deca ama za ovie vo jasli 1,2,3 e strasna rabota, imav priika da vidam kaj drugarka mi koja e neguvatelka vo jasli 1, e tamu e epten zanikade, 1 dubace, 1 lulaska, 2-3 bebinja i nekoi kocki i koficki, a tie sto si igrat si igrat drugite cekat na red vo krevetce [sm=zmeden.gif]




masa -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (20.10.2013 15:38:32)

Точно е дека секаде играчките се донација или ги добиваат или купуваат со некои проекти за кои добиваат доплнителни финансии.На годинашната родителска беше побарано од нас родителите да донираме играчки.Ние се договоривме да собереме пари и откако ќе се купи потребиот прибор со останатите пари да се купат играчки.Собиравме по 500ден.Исто така побараа и телевиор и двд ако е во можност некој родител да донира...да не беа некои од родителите толку некоректни ќе го организирав и тоа,но...значи реално со тие 1500 ден што ги плаќаме се покриваат само трошоците за храна,затоа и сами купуваме прибор и се останато,но тоа е за нашите деца,секако.




bucko mal -> RE: Колку и какви играчки и реквизити има во градинките (24.10.2013 6:25:06)

Sakav da vi ja pokazam gradinkata na sin mi sto ja izbrav
[img]http://www4.slikomat.com/13/1024/q86-untitl.png[/img]
Najinteresna igracka sto ja vidov bese zajakot sto go imaat vo dvor I bavca kade sto sadat zelencuk.
Imaat lulaski so lizgalki,tocacinja I drugi rekviziti kako I sekoja gradinak[sm=smiley1.gif]




Страница: [1]