Просјаци-треба ли да им се помогне? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Просјаци-треба ли да им се помогне? (29.10.2009 15:37:42)


од оние распослани по камениот мост до овие современиве што шетаат од врата на врата со дете или со историја на некоја болест во рака....се сожалувате ли над нив? им давате ли по некој денар или едноставно ги заобиколувате/трескате врата? колку од нив се навистина просјаци или можеби само измамници?




vezilka RR -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (29.10.2009 15:47:10)

јас секогаш им давам по нешто, дури и ако се посемневам дека се fake. Не можам иначе ќе имам грижа на совест, а уствари мене тиа 10-20 денари нема да ми завршат работа, а некому може ќе помогнат..




Bogdancanka -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (29.10.2009 18:53:24)

Јас обично давам али еднаш уште се спремавме во новата куќа и тука немав ништо и дојде една и јас излегов на тераса и она ми вика дај ми едно парче леб или така нешто паметам побара нешто за јадење и само и реков симни се долу во другата куќа ќе ти дадат јас тука ништо немам и немав само мајстори работеа,и леле кога почна да ме колне леле што се не ми рече и јас цела се стресов и излезе еден од мајсторите и ја избрка.Е сега не давам баш на секој дури и некогаш не им отварам ако сум сама.




HristinAntonio -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 0:25:56)

zavisi nekogas davam...iako mnogumina lazat..obicno koga mi doagaat na vrata im davam zosto sme vo kukja pa stoznam moze i zainaet da ti ukradat nesto..bez da primetis




profesorica -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 7:54:16)

леле и мене така ме колнеле, порано кога работев во една друга фирма стално доаѓаа цигани со онакви писма за болести и слично или циганки-гатачки и сум им давала ама едно време зачестија и престанав д аим давам и одма колнат еј.цигани!!!да не си имаш работа со нив-прррррр!!!




mami -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 7:58:59)

давам секогаш...ама пред некое време ми се случи нешто што ме извади од такт..дојде една жена во зградата кај што работам и проси демек за мајка и и ми покажува резултати од болница и незнам што а истата таа пред извесен период беше и просеше за синот кој е тешко болен..ме изнервира максимално и само и реков- неможам да давам ништо, ова е фирма и газдата не ми е тука и замислете ми даде ж-ка за да и уплатам и тоа на сосема трето име отворена...Ужас




mother 29 -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 8:04:14)

хехех јас кога дадов еднаш 50 ден. што мислам дека ретко кој дава толку...ми побара уште ..демек малку му било на чоекот хеххе
дека ти  давам ,па ти си имал и ценовник бре.хехех ми викам.да не знае човек  дали да ги жали или......




profesorica -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 8:07:17)

мене оваа циганкава што ми дојде на работа прво просеше и и дадов 100 денари и после ми вика:ама ти вика имаш некоја другарка многу љубоморна-со црна коса вика !!!!! и јас викам:молам????? и вади едно како иконче или што беше вика:ај дај уште 50 денари да ти баам да ти кажам што ти направила!!!!!! јас и викам:ама сега ми се јави газдата ќе доаѓа брзо бегај да не те види дојди утре да ми баеш [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и си отиде.ама не се врати пак.




srekna mama -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 8:11:23)

незнам,не сум за ,особено оние кои се способни нешто да работат,Па кога ќе ги видам деца мали ги оставиле...Додека студирав(значи 6-7 години)во државна имаше еден што постојано со завиткана рака со завој ,проси,Кога одам во Скопје на контрола во државна он пак таму-истата слика..Значи...




srekna mama -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 8:12:27)

мотхер29 и мене ми се има случено исто-даваш пари и ти бараат уште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 8:40:05)

јас обично давам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Adrijana -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 9:35:46)

Na vozrasnite ne im davam, posto moze da fatat nesto rabota i da prestanat da pravat deca i da prestanat da gi maltretiraat tie deca. Moze ne se site takvi ama mnogu sum besna na niv. Pa i jas sedam doma bez rabota i sto sega da odam da prosam, ne zasluzuvaat ic, ako dojdat doma na vrata i mi pobaraat hrana, ke im dadam a pari nikako, posebno ne na onie so listovite sto odat, ne nema sansi. Ednas sedime so mm na terasa i gledame eden od tie prosjacite naramil edna vreka so hrana, vnatre se poznavase deka ima leb , domati, i nesto alista, i on si odi po ulica i si zbori so zenata sto bese do nego, I op gledame ja ostavi vrekata pred vlezot na nasava zgrada, izvadi eden list, se svi kako bastun i eve ti go na vrata kaj nas. Namerno otvorivme zasto go vidovme i ako vi se veruva se pravese deka treperi i deka e nem, pa mi idese da mu tresnam edna da ne znae od kaj dosol[sm=zmeden.gif] sramota. A decata mi se slaba tocka, znam deka gi prakaat postarite i deka im gi zemaat parite, ama razbrav i deka ako ne soberat dovolno jadat kotek, i taka zal mi paga za niv. Izleguvam ednas od prodavnica so dva leba, i nadvor me precekaa edno 7-8 decinja, takvi bosi, na vozrast od 2 do 5 godini, i aj prvo tetko paricka, aj im dadov po nesto, i si trgam da si odam i gi gledam uste po mene, im vikam sto sega, i takvi zalnicki vikat aj skrsi ni malku od lebot, i sednav na edna klupa i im gi podeliv dvata leba, a tie jadea so slast kako da e najubavoto jadenje na svetot.I taka doma si otidov i bez leb i bez pari i pak se vrakav posle u prodavnica.[sm=smiley36.gif]
Izvinete za dolgiov post ama ovaa tema me pogoduva epten i nekako sum luta, ne znam, ednostavno ne mozam da prifatam sto im se slucuva na tie deca, a za toa se krivi nivnite roditeli.[sm=smiley19.gif]




vezilka RR -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 14:50:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

еј.цигани!!!да не си имаш работа со нив-прррррр!!!


мене ова ми личи на ширење омраза по етничка основа..можеби не ти било тоа намерата..ама сепак на тоа личи..можеби на форумов меѓу нас има некои Роми, замисли како се почуствувале кога го прочитале ова..

Извини profesorica, морав да реагирам на ова..




arh_diz -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (30.10.2009 15:01:38)

Nekoi od niv mozebi mnogu poubavo zivejat od nas.A i sigurna sum poveke zarabotuvaat. Jas porano davav vo posledno vreme ama nema sansi. Duri sum primetila od porano ako im dadam bilo sto mi se slucuva na mene vednas nesto loso zatoa i nedavam. Cesto se slucuva da odime so mm i da ni barat ari toj saka da dade jas mu vikam daj koga si sam :)




ostoun -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (3.11.2009 21:49:16)

Јас обично не им давам ништо затоа што обично се многу безобразни. Еднаш седевме со мм во Шехерезада во ГТЦ и гледам една постара бабичка нормално облечена стои и одвреме навреме се пушта на кај некои луѓе . Му викам на мм дека најверојатно пита и загледавме вистин а се гледа се срами не бара од секого и е незгодно. И се доближив и ја прашав каква мака има таа сирота плаше вика за син ми за лекови ми требаат[sm=smiley13.gif] и дадов и ја снема помислив дека и биле доволни. Кога станав гледам од срам сирота побегнала од другата страна....




amelbebe -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (17.5.2010 15:23:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

еј.цигани!!!да не си имаш работа со нив-прррррр!!!


мене ова ми личи на ширење омраза по етничка основа..можеби не ти било тоа намерата..ама сепак на тоа личи..можеби на форумов меѓу нас има некои Роми, замисли како се почуствувале кога го прочитале ова..

Извини profesorica, морав да реагирам на ова..

i navistina e taka[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Rossana -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (17.5.2010 16:55:11)

Jas ne im davam nikogas. Me plasat, navistina se plaam od niv zatoa sto mi se zakanuvaat [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley7.gif[/image] Ednas edna pogolema devojka me plukna [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image] i ne samo na mene, tuku na site im se zakanuva 




Rossana -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (17.5.2010 16:57:43)

Бебиња на рентање

Серија кривични дела се случуваат кои се направени од страна на децата кои просат и на родителите кои ги даваат своите деца да просат. Се почесто деца до една година се влечкаат по улиците, спијат на картони во ГТЦ. Жените кои носат бебиња во рака најчесто не се мајки на децата. Едни исти жени кои постојано се на плоштадот Македонија постојано се со бебиња, иако никогаш не сме ги виделе бремени. ВЕЧЕР разговараше со една од нив. Откако виде дека не може да не убеди дека сите тие се нејзини деца, рече:
- Па мои деца се сите. Едно е на брат ми, друго на сестра ми. Јас само ги чувам. Една пријателка чисти станови за да заработи, па нема кој да и го чува детето. Морам јас да го носам со себе додека барам некој денар на улица.
А сосема е јасно дека тоа не е дете на нејзината сестра, ниту на пријателката. Тоа е дете кое буквално е рентано за просење. На сите им е добро позната т.н. Циганска такси станица кај зградата Тифани, каде што се прави тоа рентање на деца. Иако полицијата добро знае дека тука стојат таксисти без дозвола за работа, ним никој не им прави проблеми. Тие секое сабајле доаѓаат од Шутка и ги носат децата кои дента треба да заминат на просење. Таксистите се посредници меѓу родителите кои ги даваат своите деца за 400 - 500 денари и оние кои ги земаат децата за просење. Попладне децата повторно преку таксистите од дивата такси станица заминуваат кај своите родители. Ваквата трговија е спротивна на било кој закон за заштита на децата, забрана за трговија со луѓе, но е и далеку од хуманите права. Но, досега државата не успеа да се снајде со овој бизнис. Државата доби признание за борба против трговија со луѓе, но кога станува збор за спречување на меѓуграничната трговија. Но што е со трговијата која се случува во нашата земја, рентањето на бебињата кое се случува пред очите на секој граѓанин, секојдневно низ улиците. [image]http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/BD846FA14C87604181C371334E3FBCB9.jpg[/image]

IZVOR




lilicka -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (17.5.2010 17:17:00)

Јас кога ќе видам некое мало детенце такво полуголо,босо и моли за некој денар е стварно ми се стега срцето па незнам какво и да е.....уфф незнам стварно многу ми е жал за тие дечиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]кога и да застанам да чекам на семафор во кола секогаш ми приоѓа некое такво детенце и ми чука на прозор така тажно,осамено...секогаш се расплакувам на семафори кога ќе ги видам мм секогаш ми вика аман пак ти...ама неможам да се воздржам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




agnes77 -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (17.5.2010 17:25:17)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] nemam rječi




Annet -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (17.5.2010 17:35:04)

ова е многу тажно што се случува[sm=smiley19.gif]
порано им давав.но еднаш кога со свои очи видов човек од рацете на своето дете го зима сендвичот што го јадеше детенцето и му го дава на едно друго дете што проси. и тоа дете што проси го фрла на земја сендвичот и продолжува со својата "работа" за подоцна да си купи цигари.....

и уште неколку пати исто ми се случило да дадам пари и да ми побараат уште....и дека ке ме плукнат..... и пред врата со писмо кое што го нашле кој знае каде........... и така натаму ................. жал ми е навистина ама тоа е [sm=smiley13.gif]




Martins mom -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (18.5.2010 13:09:46)

Na vozrasnite ne im davam, posto moze da fatat nesto rabota i da prestanat da pravat deca i da prestanat da gi maltretiraat tie deca. Moze ne se site takvi ama mnogu sum besna na niv. Pa i jas sedam doma bez rabota i sto sega da odam da prosam, ne zasluzuvaat ic, ako dojdat doma na vrata i mi pobaraat hrana, ke im dadam a pari nikako, posebno ne na onie so listovite sto odat, ne nema sansi.

се согласувам !!!




Viktori -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (15.2.2011 0:18:18)

Не давам пари на просјаци, затоа што мислам дека не се работи само за имање-немање туку за лајфстајл. А алишта да. Со вреќи. И порано некогаш во влез ме чекаа. Децата трчаа и дава од фрижидер јадење. Јана ја даде на детето куклата нејзина. Сакам да ги научам да даваат на оние што немаат.
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


трескате врата?

И да треснеш врата на просјак? Што задоволство има у тоа жити се???? Тресни врата на некој што ти се важи, е тоа е муда, а не на некој што животот го утепал, па сеа и ние врата ќе им трескаме. Митри...




stojanoskad -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (15.2.2011 11:35:43)

abe koga ke me fatat emotivno,pogotovo koga ke mi recat deka se raboti za dete im davam,pa i gi zalam!Znam deka megu niv ima i takvi sto manipuliraat ama ima i nekoj sto vistina im treba pomos.Sto znam nekako gi zalam site niv.
Pred godinista godinista,na vlezot od starata carsija imase dete ostaveno da prosi,nemate poima kolku placese,skoro golo a zima bese.STRASNO,SLIKATA USTE MI E PRED OCI!!!




anedespo -> RE: Просјаци-треба ли да им се помогне? (15.2.2011 13:06:02)

Ужасно е, не им давам пари. Меѓутоа тука треба државата да помогне ( за децата). Да им ги одземе и да вдомат сите во детското село. Па малку и тие да видат топол дом и што значи да бидеш дете. Да си играш. а не да работиш (бришеш прозори и просиш). А возрасните би ги затворила. Има народни кујни за хранење. Не сакам да ме вознемируваат по дома, и по раскрсници.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>