deluxe -> RE: Моето е нај... (6.11.2013 7:28:18)
|
Нај,нај.... Па да можам да кажам се што е мое е нај,нај.Под поимот МОЕ подразбирам-Јас,мојот труд(она што јас сум го сработила) ,моите деца....ништо друго не е мое...[sm=smiley36.gif] Можам да кажам да си го ценам и сакам тоа што е мое!! И тоа многу.Конкретно кога ќе работам нешто доколку јас го сработам е нај,нај за мене,доколку некој друг го сработи ми е онака...ништо посебно[sm=jezicek.gif]Јас самата-за мене сум си нај-си имам голема самодоверба,било да се работи за изглед,постапки и сл.верувам во себе .Децата ми се најубави на цел свет[sm=smiley36.gif] мислам дека добро ги воспитувам,бебушко е мал за да се каже нешто околу тоа,но ќерката е супер и во учење(првенец е во класот) и во однесување,што значи НАЈ,НАј!! За моите родители ,сопругот и други личности кои ми се блиски можам да кажам дека сум реална во проценките,не се нај-нај,ама се одлични[sm=smiley36.gif] знаам да ги пофалам кога треба,но и да ги искритикувам кога ќе утнат...Доколку некој од страна ги нападне или загрози,можам силно да се спротивставам за нив. Кратко и јасно-моето си е нај ,нај!!Туѓото не го потценувам,ниту го посакувам,си го гледам моето[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]
|
|
|
|