Апарат за мерење на притисок (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Felly RR -> Апарат за мерење на притисок (12.11.2013 15:05:23)

Дали дома користите апарат за мерење на притисок, и колку сте задоволни. Дали дигитален или обичен, која марка, каков модел и сл.
Мм е за дигитален, но имам слушнато од искуства дека и на мало мрднување на раката, не покажува точна вредност на притисокот. Но од друга страна е попрактичен зошто можеш и сам да си измериш.
Што мислите?




Bethany -> RE: Апарат за мерење на притисок (12.11.2013 15:21:13)

Јас имам дигитален, не знам што марка е. Обично слушав дека поточни биле тие другите, ама кога бев бремена, и кога ми го мереја притисок кај гинеколог, тој има дигитален, кога го прашав дали е точен, тој вика да, треба да се баждари и ќе е точен.
Таков некој муабет ми кажаа тој, па сега што знам ,не сум баш стручњак некој.

Ова со апаративе ме потсетува на муабет со живини и дигитални топломери, еден вика едно, друг друго, и пак на крај си земеш како тебе ти е најлесно [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Апарат за мерење на притисок (12.11.2013 15:47:21)

Богами со дигиталниот, фрс, фрс, за две секунди. Не толку дека не е точен, туку, мери најмали промени на притисокот. А тој не е константен, нели, па така може да ти се случи на две мерења во период од две минути да ти покаже различна вредност. Јас сум за дигитален, побрзо е и можеш сам да си мериш.




deluxe -> RE: Апарат за мерење на притисок (12.11.2013 16:05:24)

Ние имаме дигитален апарат марка Seiko точен е ,го проверивме кај матичниот лекар и според неговиот кој е живин испаднаа исти мерките[sm=smiley1.gif]Е сега има правила за користење на дигиталниот.Прво правилно да е поставена левата рака во висина на срцето,да не се мрда додека трае мерењето,да има размак од едно до друго мерење 10 или 15 минути.




AneLav RR -> RE: Апарат за мерење на притисок (12.11.2013 16:36:33)

Еј баш и јас сакав да купиме со мм апарат за притисок па баш ќе ве исчитам кој е најдобар според вас




Felly RR -> RE: Апарат за мерење на притисок (31.1.2015 12:27:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

jas nemam aparat doma taka kaj maticniot koga odam na redovna kontrola tamu mi merat a inaku pritisokot mi e nizok 90 \50 najvosok 110 so 60 i vcera bas po apteki prasuvav da zi zemam rekov ama skapi mi bea okolu 3000denari


ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

nemojde digitalni zemete si najobicen ti se sekako najprecizni barem od moe iskustvo.Inace takvite cinat okolu 1000den vo zegin


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Da i jas imam obicen i najtocen mi e . A digitalniot obavezno povisoko mi kazuvase i tri pati merev pa zemav sredna vrednost. I taka uste poveke se nervirav i uste poveke mi se kacuvase i pocnav so obicen da si meram.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Имам обичен, ама не сум задоволна од него, плус тешко ми е сама да си измерам. Ќе земам комбиниран - со дигитален дисплеј и горен ракав за мерење. Инаку досега не сум приметила дека обичните дигитални ми даваат различни мерки, баш имам и споредувано. Како и да е, треба да се проверува, бидејќи е релативно и зависи од тоа што е нормално за секого - на пр. мене обично ми е 90 со 50, или 100 со 50, и ако ми се качи на 120 може да ми се слоши, а за други пак тоа е сосема нормално, дури и ниско.


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Digitalniot mi e poprakticen majka mi imase takov i koga i da resev si go merev sama nejziniot aparat bese od svajcarija kupen a tuka imame obicen i se treba da molam nekoj da mi go izmere sama nemozam a nizok mi e postojano


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Вечерва купивме нов апарат, и баш ги прашав дали покажува различно од класичните, и ми кажаа дека тоа се однесува на дигиталните со рачна манжетна, а со овој каков што купивме, со горна манжетна, е исто како со класичен. Измерив и ми беше сосема ок - 115 со 60, што е ок.




ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

Hopeful i jas sakam takov da si kupav vo apteka mi gi ponudija kako najdobri kolku go zema ti




ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

gina, апаратот е 2700, го земавме од Еурофарм. Скапичок, ама па и класичните беа 1700, а тој што го имам дома е праисториски, цел искршен.



ИЗВОРНА ПОРАКА: gina



da skapi se aparatite ama se potrebni znaci otprilika tuka se so cenite 200-300den.razlika





Melanija RR -> RE: Апарат за мерење на притисок (31.1.2015 14:01:38)

Мене во бременост ми заврши работа обичниот со пумпица ,кој освен веројатно тој со горна манжетна, е најточен. На пазар за 500ден па е супер за повремена проверка,ако е за редовна и потребна употреба тоа е веќе друго.




Страница: [1]