|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување V дел
2.6.2014 12:45:00   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Јас сум во среда пак на мерење естрадиол и ехо и тогаш ке знам дали ке се боцкам до среда или и во среда. Проценка на сестрата беше дека ке завршиме до крајот на неделата ама валда мислеше со пункција. Ако завршам во вторник со инекции знаете кога би примила Прегнил? Ах веќе јајниците ме пецкаат и имам нелагодност и подуеност долу.

Едитирано да додадам: Ако треба постапка да се прави во неработен ден, што се случува? Ке дојде мојот доктор или пак кој е дежурен ке заврши работа?


Штом завршиш со инекциите, ќе те видат на ехо и докторот ќе одлучи кога пункција, тоа значи дека до недела ќе имаш веројатно и трансфер. user posted image . Прегнил се прима навечер во одредено време, ќе ти каже докторот кога и потоа одиш на пункција. Јајниците те болат пошто се на екстра-норма да вадат повеќе фоликули. user posted image . Без разлика дали е денот работен-неработен, трансфер се прави кога ембрионите ќе ја достигнат саканата форма, не се секирај, докторот си доаѓа тој ден на работа. Со лесно, те чекаме да не известиш во среда што ти кажале. user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1426
   RE: Вештачко оплодување V дел
2.6.2014 15:49:44   
mesecina83
user posted image user posted image Денеска го зедов ваучерот ,бев и на преглед и кај Петановски ме гледаше на ехо и ми одреди доза на супрефакт 0,6 да се боцкам и ми рече сестрата да пијам фолна киселина еднаш во денот и да се јавам на 2 ден од циклусот кога ќе ми дојде, сигурно ќе имам после тоа преглед на ехо и мерење на естрадиол, воглавно Петановски ми остави добар впечаток и ми даде многу надеж и позитивност дека овој пат ќе даде се од себе да успее ова 2 ивф ,ајде нека ни е со среќа на сите па да ги видиме долго очекуваните user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1427
   RE: Вештачко оплодување V дел
2.6.2014 16:11:22   
LoveableMe RR
Mesecina83, со среќа ти посакувам успех овој пат навистина. Ставена си на список, известувај не како ќе оди постапката. Позз

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 2.6.2014 16:12:02 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mesecina83)
Непосредна врска до пораките: 1428
   RE: Вештачко оплодување V дел
2.6.2014 18:41:14   
Kolachence
Lolla bez razlika dali e raboten ili neraboten den, si na teraat doktorite rabotata...
Inaki jas imav 5 j.kl.na punkcija od koi 3 se oplodija, ama dve mi vratija. Ednoto ne se razvivase kako sto treba.
Denes bev do rabota na nekoj saat i ajde sovet od vas dali mozam vecerva na vecera da idam? Da ne mi dojde mnogu shetanje :)

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1429
   RE: Вештачко оплодување V дел
2.6.2014 21:18:57   
milasteve

ИЗВОРНА ПОРАКА: mesecina83

user posted image user posted image Денеска го зедов ваучерот ,бев и на преглед и кај Петановски ме гледаше на ехо и ми одреди доза на супрефакт 0,6 да се боцкам и ми рече сестрата да пијам фолна киселина еднаш во денот и да се јавам на 2 ден од циклусот кога ќе ми дојде, сигурно ќе имам после тоа преглед на ехо и мерење на естрадиол, воглавно Петановски ми остави добар впечаток и ми даде многу надеж и позитивност дека овој пат ќе даде се од себе да успее ова 2 ивф ,ајде нека ни е со среќа на сите па да ги видиме долго очекуваните user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

sonce predobar dr.jas imav lani kaj nego konizacija.Trebase i in vitro da pram kaj nego,ama so mi stana u posleden moment neznam i pak otidov kaj tase i ete gi rezultatite po 3 pat neuspesno,a trebase da smenam tim veke.

(Одговор на членот mesecina83)
Непосредна врска до пораките: 1430
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.6.2014 17:41:43   
lolla RR
Сите овие убави зборови за Петановски прават да се помислам малце зш одлучив кај Димитров user posted image Ајде само нека биде не е важно кај кој доктор.

Еве ме мене 11 ден од циклус, завршив и со 9ти ден боцкање. Во фрижидерот од купот кутии што ми ги дадоа останаа уште 3 кутивчиња пурегон и шишенце со малку супрефакт. Утре сум сабајле на крв земање (преплашена сум од ова заради искуството од понеделникот кога ми ја пробушија вената и ми направија огромен подлив а крв не истекуваше во шприцот) па после ехо и ке знам дали ке примам уште пурегон. Боцкањето во мускул на левата страна ми беше многу понезгодно од десната, ми се јавуваше како непријатен грч и болка во мускулот до доле до ногата но сепак се се издржува и зависи од сестрата што боцка.

Возбудата расте исто и напнатоста, денес цел ден имав срцебиење од возбуда :) едвај чекам да дојде утре.

Едно интимно прашање женски: Колку средена треба да се биде доле за пункцијата, на пример мислам вечер да се средам со крема и подле може ли од денес да терам на пример до петок? Како правевте вие? А ставате ли лаксатив пред пункција, нешо такво прочитав на страната на Ремедика.

Колаченце јас досега правев се според инстинкт, првите денови беш ок но овие неколку дена сум подуена и осетлива. Пред 3 дена бев на свадба и малку и играв ама не ми беше нелагодно. Значи верувам дека телото ке ни каже ако нешто правиме што не му одговара. Ајде брзо да ти мине чекањето и со среќа.

Сакав исто да пишам дека по ново упатот од матичната важел 5 дена, па сега уште еднаш морав нов да вадам, па може ке му користи на некој оваа информација.

Ве поздравувам

(Одговор на членот milasteve)
Непосредна врска до пораките: 1431
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.6.2014 20:38:47   
Kolachence
Lolla ke ti dadat lista so site raboti koi sto treba da gi napravis pred punkcija, megju koi i laksativot. Na listata i za depilacija pisuva :) Isto, nemoj da se kaes sto si otisla kaj Dimitrov, a ne kaj Petanovski. Jas sum.pacient na d-r Dimitrov i covekot e super. Iako ne zbori mnogu, si ja znae rabotata. Znaes deka na krajot na denot, posle embriotransferot, se od Boga zavisi. Prepusti se na pozitivni cuvstva i ke bide se vo red. Te guskam.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1432
   RE: Вештачко оплодување V дел
3.6.2014 22:06:20   
Hopeful RR
Lolla, mesecina83 и Kolachence, со среќа и со лесно user posted image Ве следам и ви се радувам, и со вас се спремам за нашиот поход во август user posted image Ајде дај боже наскоро да си видите user posted image user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kolachence)
Непосредна врска до пораките: 1433
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 11:41:33   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Јас сум во среда пак на мерење естрадиол и ехо и тогаш ке знам дали ке се боцкам до среда или и во среда. Проценка на сестрата беше дека ке завршиме до крајот на неделата ама валда мислеше со пункција...


Lolla, те чекаме со убави вестиuser posted image user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1434
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 12:31:13   
mesecina83
Здраво драги рр сакам да ве прашам нешто јас сум малку настината кашлам ,па примам терапија алмацин капсули 2х2 и сируп примогал.Па ме занима дали некој знае дали ова е штетно на терепијата за боцкање за супрефактот.Малку се плашам да не има некој лош ефект.

< Поракaта ја уредил mesecina83 -- 4.6.2014 12:32:40 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1435
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 12:35:40   
LoveableMe RR
Mesecina83, сеуште не си дојдена до пункција и до трансфер, а обично овој период и самите доктори даваат антибиотици превентивно. Можеш да се консултитраш со докторот во Ремедика, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mesecina83)
Непосредна врска до пораките: 1436
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 13:40:36   
lolla RR
Здраво женски, само што се вратив од ехо. Естрадиолот ми е 2070 има колку успеав да видам околу 11-12 јк на двата јајника ама тој што го измери докторот беше 16,3мм и ми продолжи да се боцкам денес и утре па во петок пак мерење естрадиол и ехо. По негова проценка пункцијата би била петок или понеделник па со мм се зезаме ембриотрансфер на петок 13ти. Др рече дека супер напредувам се со оглед на малата терапија и така. Само не кажува многу многу јас сум научена да ми кажуваат матка толку цм, толку ти се фоликулите... ме има разгалено матичната.

Како и да е, задоволна сум од денешниот преглед и целата ситуација во ремедика.

Месечина мислам дека не шкоди да си ја прашаш сестрата што те води за антибиотиците, знам после пункција дааваат но сепак прашај си или барем види во упатството да не пишува нешто.

А да, и дополнително купував 3 пурегона приватно по 1090 ден од ремедика а заборавив да прашам да не може со рецепта user posted image ама нема врска не е ни важно.

Имајте убав ден и ми рекоа прошетки биле добри овој период па женски во фаза на стимулации шетајте (ако не ни заврне во скопјево до пладне)

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1437
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 14:10:27   
LoveableMe RR
Lolla, убаво напредуваш среќно!!user posted image Известувај не кога пункција и емрбиотрансфер за сигурно.Во принцип малку од д-рите за ИВФ објаснуваат за матка и останато, уживај.

Тоа што си докупи инекции, веројатно си ја надминала пропишаната доза од Фондот. Тие не одат на рецепта. Како си задоволна со терапијата со пурегонот? Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1438
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 14:20:58   
lolla RR
LovableMe досега немам некој посебни проблеми со нив освен ептен слаб апетит и малку гадење од некоја храна, и подуеност последниве 2-3 дена. Ова ми е прва стимулација со инекции и искрено немам со што да споредам. Имав еден емотивен испад со плачење ама мислам дека не беше од пурегонот. Не болат кога се боцкаат освен изгледа ако не ти погодат некој нерв или безобразно да ти ја шибнат инекцијата и тоа е. Јас не сум многу во тек, ти планираш летово да правиш второ ивф така? Каде планираш? Најверојатно имаш пишано ама уште слабо се снаоѓам низ форумов.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1439
   RE: Вештачко оплодување V дел
4.6.2014 14:26:59   
LoveableMe RR
Чекам одговор од ФЗО, веројатно накај август/септември, сеуште разгледувам опции првиот пат бев во Систина, може пак таму ќе одам или Ремедика. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1440
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.6.2014 10:27:50   
brm_brm
Devojki dali na upatot do transfuziologija treba da imam napisano sto treba da mi se ispituva ili moze da bide prazen da ja pisuva samo dijagnozata- sterilitet, pa transfuziologot da si proceni sto e potrebno da se ispituva.bidejki realno maticnite nemaat poznavanje od taa oblast.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1441
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.6.2014 10:53:29   
nataly86
Мислам дека не би требало да е проблем....секако на транзфузиологија прво имаш преглед кај докторот па потоа одиш во лабараторија...само барај си добар транзфузиолог...бидејќи не само матичните туку и другите ми се чини дека освен некои стандардни испитувања друго и не бараат да се испита..

Во мојот случај 80% од испитувањата беа на мое барање благодарение на Вас тука драги РР и достапноста на подаци на нет

Среќно!!!


_____________________________

5 год. обиди, 4 циклуси со кломифен \ 5 неуспешни инсеминации, оперативна хистероскопија отсранување на септум, 1 ИВФ успешно, user posted image user posted image

(Одговор на членот brm_brm)
Непосредна врска до пораките: 1442
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.6.2014 15:29:10   
brm_brm
Koco Dimitrovski mi go preporacaa, a osven nego nekoj drug transfuziolog? Znaci moze da idam so prazen upat?!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 1443
   RE: Вештачко оплодување V дел
5.6.2014 15:33:12   
kapina
Abe oti ne ti dade upat ginekologot on ke ti napise sto treba I gotovo. sto se zamaras so toa neznam jas bev ednas kaj ivanka nikolovska

(Одговор на членот brm_brm)
Непосредна врска до пораките: 1444
   RE: Вештачко оплодување V дел
6.6.2014 16:00:28   
macika4
Zdravo na site od utre pocnuvam so bockanje Superfact 0,5 i sum malku uplasena i doktorot mi kaza posle koga ke dobijam da gi namalam na 0,3 i od 3 den so 3 fostimona mi kaza deka ke mi dade sredna stimulacija zasto se plasam od prilika kolku vreme se bockavte ? Daj boze da go izdrzam se ovaa

_____________________________

обиди= 3 години, 4 инсеминации ,podneseni dokumenti za ivf,neobjasneta neplodnost

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1445
   RE: Вештачко оплодување V дел
6.6.2014 17:07:39   
lolla RR
Здраво девојчиња, јас денес завршив со боцкање, значи вкупно 12 дена по 3 пурегона од по 50 се изнабоцкав. Сабајлево естрадиолот ми беше 4200, фоликули еден куп од по 19, 20, 22мм и докторот се мислеше помеѓу недела и понеделник за пункција но сепак одлучи за понеделник. Финтата била дека во недела ке има само еден ембриолог а во понеделник ке биле 4, а јас бидејки сум со бајаги фоликули демек подобро ке било. Исто ендометриумот ми беше 9мм па демек за подебел да бил. Сакам да верувам дека избрал добро па ке видиме. Од денес пијам и метформин 2х1 од 500, за недај боже хиперстимулација а после пункција ке ми препишат и Достинекс. Ова се плашам дека е затоа што се сомневаат да не дојде до хиперстимулација по пункцијата а јас молам бога да не дјде до тоа. Пијам мноооогу вода и јадам протеинска храна но тоа е на бога оставено. Утре и задутре продолжувам со Супрефакт по 0,3 а утре на полноќ ке ставам 2 ампули хориомон.

Мацика, ние исчекувалките со стаж сме многу силни, ке го издржиш сето боцканње не се секирај. Тие во стомак се песна, а тие во колк мускулните се издражуваат плус се зависи од сестрата која ке те боцка. Мораш со позитивни мисли, само мисли си на крајната цел а тоа е да останеме бремени. Нормално е да имаш сомнежи, и мене на моменти ми идат неубави мисли и си викам никогаш повеќе и зашто се одлучив на ова, но сепак јасно е како ден зошто го правиме сето ова. Пишувај ни што како се случува, мене овој форум ми е голема оддишка од се и голем поддршка.

Тоа е тоа, останува понеделник мојата пункција, се надевам на квалитетни јајце клетки и молам бога се да бде во ред.

Ве поздравувам имајте убав викенд

(Одговор на членот macika4)
Непосредна врска до пораките: 1446
   RE: Вештачко оплодување V дел
6.6.2014 17:41:14   
LoveableMe RR
Мацика4и Лола со среќа девојки, сите сме си поддршка едни на други. Лола, ме интересира кога рече протеинска исхрана, кажи што јадеш? Зошто ти даваат достинекс, тоа е за пролактинот, а и заедно со метформин? Тоа е некоја нова пракса? Порано на ИВФ не знам дали давале вакво нешто? Сподели со нас, баш ме интересира. Весник, лили98, кога почнувате со терапија вие?user posted image

*******2014*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image

14.05 - lolla - почеток со терапија
02.06 - mesecina83 - почеток со терапија
.06 - весник - почеток со терапија
.06 - lily98 - почеток со терапија
07.06- macika4 - почеток со терапија


=========================
24.05 - Коlacence = пункција/ 29.05 = ЕТ
09.06 - lolla = пункција / = ET


user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image
12.06- Kolacence = ТЕСТ
/06 lolla = ТЕСТ

=========================

user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image

ПОДДРШКА
user posted image

Kolachence,firenca didi, Adelle,gina,mesecina83,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery
=====================

2014 година
nataly86 user posted image Lina*user posted image Каrmauser posted image biljana87user posted image Anonimenuser posted image babylove**user posted image avgustina2 user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1447
   RE: Вештачко оплодување V дел
6.6.2014 18:29:00   
lolla RR
LovableMe, секој ден гледам да јадам нешто проетеинско, чиа семе, пилешко мевце (на цекин бидејки тоа било најблиску до домашно), урда, лосос, морски плодови, наут, леќа, блитва итн... Така читав, дека така било добро.

За лековиве, кога прашав зошто метформин Димитров ми рече за да не дојде до престимулирање, мада мислам на 3 дена пред пункција, тешко дека ке помогне нешто, не знам. За достинексот, др спомна после пункција, тој па за што ли е????? Ама валда знаат што прават и што ми даваат не сум доктор па да се бунам. Така да терам како ќе ми кажат а висок пролактин немам, сите хормони ми се во границите на нормала иако ТСХ ми е во погорните дозволени па можеби затоа. Не знам, ако имам можност ке прашам во понеделник.

А девојки какво ви е икуството со замрзнување?

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1448
   RE: Вештачко оплодување V дел
6.6.2014 20:02:39   
LoveableMe RR
Lolla, прашај за достинексот ако имаш можност, тој е за пролактинот, баш ме интересира зошто сега ти го дадоа. Смрзнувај обавезно, немој да се мислиш, има доста случаи на успешна бременост со смрзнати, во странство читам ептен има успех. Позз, со лесно

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1449
   RE: Вештачко оплодување V дел
6.6.2014 22:21:24   
kapina
Kolku ti bese prolaktinot da ne bese nad 15 oti prolaktinot e . Najdobro da bide pod 15 za oploduvanje jas mislam oti zatoa ti go e dadel dr dostinexot

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1450
Страница:   <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?