RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (19.6.2014 23:00:04)

Vesnik ti prativ pp




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (20.6.2014 11:22:44)

Девојки што правите како сте, како ја поднесувате терапијата, имате ли пропратни симптоми/испади на бес,плачење,смеење[sm=smiley1.gif] Лолла, како си ти, како го поминуваш времето до тест? Лили98 ни ја нема, пак ќе ја спомнам[sm=zmeden.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]
14.05 - lolla - почеток со терапија
02.06 - mesecina83 - почеток со терапија
07.06- macika4 - почеток со терапија
23.06 - весник - почеток со терапија
.06 - lily98 - почеток со терапија


=========================
09.06 -lolla = пункција /14.06= ET
26.06 mesecina83= пункција /29.06= ET

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
25.06 lolla = ТЕСТ
13.07 mesecina83 = ТЕСТ

=========================

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,mesecina83,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] fragolina [sm=9nebesa.gif]






lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (20.6.2014 13:49:55)

Здраво женски, денес ми е 6ти ден од 5 дневниот трансфер, и денес ми е 28 ден од почеток на циклус (значи време за оној нормалниот циклус). Досега не чувствував ништо посебно долу, малку сабајлево како блаааага менструална болка. Од вчера конечно ми го снема гадењето и полека ми се враќа вкусот во устата во нормала (значи најверојатно ми се гадело од достинексот или дексаметазонот зш ги прекинав пред некој ден).

Според некој сајт, ако се фатило, веќе може да се детектира на крв и во странство на 9 ден по 5 дневен трансфер веќе се прави домашен тест преку урина, но во ремедика рекоа за 14 дена и за тие на 3 ден и за тие на 5 ден [sm=smiley13.gif]. По логика тие на 5 ден би можеле 2 дена порано ама да не се правам многу паметна.

Споро минат деновиве ама само да биде се ке се издржи, Му зборам на стомакот секој ден, им се обраќам на име и така живи комедии сме со мм.

Поздрав на сите, пишувајте за вашите симптоми ако не ви е тешко, мада знам дека секоја жена е различна.




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (20.6.2014 15:00:45)

RR ajde za pomos: obicno ciklusot mi e na 28 den. No po neuspesnoto ivf eve sega mi docni.denes mi e 31 den.normalno li e da mi se poremetil ciklusot?




nataly86 -> RE: Вештачко оплодување V дел (20.6.2014 16:24:42)

brm brm не се секирај 31 и не е толку страшно....сигурно е реакција од сите хормони што се примаат во текот на ИВФ....на тоа надоврзи и стрес и ете ти...
без нервози и стресови ќе се среди за циклус или два ( како што имам читано ) се се враќа во нормала...па ако не добиеш за некој ден правец на доктор

Поздрав




mesecina83 -> RE: Вештачко оплодување V дел (20.6.2014 16:30:45)

Денеска бевме во Ремедика и естрадиолот ми е 23,3 ,ендометриумот е добар има и големи фоликули терапијата е иста како и претходно супрефакт 0,4 и 3 фостимони со 3 водички .Повторно во понеделникот мерење на естрадиол и фоликометрија и можно е четврток пункција,а недела трансвер. И денеска бев во црква запалив свеќи за здравје и се помолив на Мајка Богородица да ни помогне овој пат да ги видиме долго очекуваните [sm=duda.gif][sm=nosecka.gif][sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (20.6.2014 17:52:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mesecina83

.......можно е четврток пункција,а недела трансвер. И денеска бев во црква запалив свеќи за здравје и се помолив на Мајка Богородица да ни помогне овој пат да ги видиме долго очекуваните [sm=duda.gif][sm=nosecka.gif][sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]


Mesecina83, на Петровден ќе чекаме убави вестиииииииииииииии[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

Брм-брм, не се секирај тоа е од стимулациите претдходни, ќе добиеш наскоро, позз

Лолла, уживкај[sm=bravo.gif]




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (21.6.2014 8:00:09)

I jas vcera bev vo remedika I estradiolot mi bese 129 imam po 3 folikuli na dvata jajnika I doktorot me prasa dali predhodno sum primala stimulacija a zasto me prasa toa neznam vazno mi olesna malku I mi kaza u sreda kontrola I ke vidime ista terapija da prodolzam




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (21.6.2014 8:10:40)

macika кај мене на ехо се гледаа 10тина а на пункција излегоа 22 јајни клетки. Ехото е 2д и не се гледаат тие од спротивната страна на јајникот. Ајде се гледа крајот на стимулациите, после почнува „забавниот“ дел.

Дечки мене ми е 7ден од трансфер, почнав да сонувам разни работи, еднаш тестот покажал бременост еднаш не, се подготвувам психички за не дај боже, ама пак поголемиот дел од денот верувам дека после скоро 5 години и ние ке се израдуваме. Иако после толку негативни тестови, не знам ни како би изгледало да се појават две цртки. И плус сега се мислам, 14 ден од трансфер е следната сабота (здрави живи се да е ок до тогаш) па се мислам дали во петок да одам за крв. И каде да одам? Во ремедика? Да направам ли домашен тест одсабјале колку да се спремам за вестите???

Исто сакав да прашам за прогестеронот, имам останато цело кутивче Утрогестан од 200мг од некоја претходна инсеминација, којзнае дали ке може да го искористам заменски за кринонот или барем да го поклонам неколму, 500 денари е. И зш Кринонот е 80мг а порано за инсеминации ни давале толкава доза од 2х200мг (наутро и навечер).

Имајте убав викенд, јас се надевам на прошетка со мм денес




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (21.6.2014 17:58:59)

Лолла, уживај, соништата и расположението се нормални од ситуацијата во која се наоѓаш во исчекување за тест. Батерфлај00, посто го префрлив во Стерилитет кај мажот. мацика4 и месечина83, ајде среќно и наскоро да се радуваме[sm=smiley1.gif]




brm_brm -> RE: Вештачко оплодување V дел (22.6.2014 17:27:20)

33 DEN od ciklusot mi e I nema aber da dobijam po neuspesnoto invitro. Pusta nadez me natera da napravam test no negativen e. Do sega ne mi docnelo tolku




pozitive -> RE: Вештачко оплодување V дел (22.6.2014 19:01:32)

MOZE NEKOJ DA MI GO KAZE POSTAPKATA IVF DAI E BOLNA I KAKO SE PRAVI PODETALNO:) razmisluvam da odam vo plodnost kaj dr tase i dr vlatko posto tie mi pravea laparo lani pozz do site iscekuvatelki na [sm=rozacrtici.gif][sm=nosecka.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (22.6.2014 19:23:08)

Zavisi od slucaj do slucaj toa najdobro ke ti go objasne doktorot dali ke se ode so kratok ili dolg protokol




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.6.2014 10:16:00)

Positive, различна е постапката за ИВФ кај секого, во принцип има боцкање бајаги со инекции[sm=jezicek.gif], па потоа вадење јајце клетки, оплодување и враќање назад, тоа е главно.

Лолла, кринонот го даваат бидејќи е многу поконцентриран прогестерон за задржување на плодот, утрогестан ги дваат кај редовна бременост/инсеминација...консултирај се со лекар дали да ставаш утрогестан, бидејќи веќе користиш Кринон. Брм-брм, ако не добиеш наскор, јави се кај гинекологот што ти правеше ИВФ, да видат, може ќе треба да примиш инекција за добивање, позз




pozitive -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.6.2014 11:55:54)

fala za odgovorot uf sto mrazam inekciii




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.6.2014 14:05:33)

positive, добредојде и ич да не се секираш за боцкањето, тоа е најлесниот дел од ивф-то (остатокот е психолошкиот фактор), ке се навикнеш могу брзо.

брм-брм беше ли на гинеколог на ехо, и да е негативен тестот за бременоста провери си да не имаш missed и ем ке ти дадат натамошни инструкции.

Ловабл, ти одговорија ли од фондот?

Женски, едно прашање, ве молам за совет. 14 ден после 5дневниот трансфер ми е сабота. Дали да одам за бета во петок и дали да правам домашен тест? Или пак директно на бета во сабота?

Каде на државно може бета, гинекологија? И колку е? Во ремедика е 500, си мислам за вакво важно да не одам по упати, па по клиники?

Имајте убав ден, конечно летен

ПС Подуеноста никако да ми спласне, ко 6 месец сум, ама немам тешкотии со дишење значи не е ОХСС па малку ми е полесно.




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.6.2014 14:48:31)

Читав дел од пораките во оваа тема, се вратив на времето кога јас поминував по тој пат. Сега имам ќерка 5 години, но ми се јавува желба за уште едно дете, исто и на мм. Најверојатно ќе одиме преку фондот, за инвитро за второ дете. Има ли некој со ваков случај како мојот, дали лесно одобрува фондот?? За првото инвитро што го правев беше поинаку процедурата, сега како ќе биде незнам... поздрав и успесни инвитра на сите во оваа тема!




mesecina83 -> RE: Вештачко оплодување V дел (23.6.2014 22:13:32)

Здраво драги рр како сте ,ние денеска бевме во Ремедика на последно мерење на естрадиол и фоликометрија.И вредноста на естрадиолот беше 783 и имаше големи фоликули .Се боцкам до среда со супрефакт и фостимон и во петок пункција во 8 часот наутро.Се надевам овој пат Господ и Мајка Богородица ќе ни помогнат ќе ги слушнат нашите молитви и ќе ни подарат по едно бебе во секое меше на секоја рр кои сме зачленети на овој форум .




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.6.2014 9:20:00)

Mesecina83, навиваме за што повеќе јајце клетки[sm=bravo.gif]. Lolla тест можеш да направиш со упат од матичен во Адријалаб, ситно се плаќа а даваат резултат со точна вредност на бетата. Sanjaaaaaaaaaa, ОВДЕ, имам копирано пост на kik@, прочитај за второ дете и собирајте документи, не прават проблем за одобрување. Позз




butterfly 00 -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.6.2014 13:46:23)

Brm brm I jas is to kako tebe mene mi docnese posle IVF 36 den vednas kupiv test mislejki so nades deka ke vidam pozitiven test, no nisto dobiv se e toa od hormonite sto gi primame, se nadevam deka i nie sto pobrzo ke gi vidime nasite dve crtki




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (24.6.2014 16:16:22)

Заради корисните информации, постовите ги префрлам во Хормонална рамнотежа услов за бременост.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.6.2014 10:22:01)

Lolla, да ти посакаме наскоро да не известиш за [sm=nosecka.gif] Месечина83, среќно задутре, се спремаш ли?[sm=smiley1.gif] Другите каде сте што правите?





весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.6.2014 11:40:12)

девојки,само два дена еве кај се боцкам со супрефакт и незнам што ми е,ко да ми се плачи,се чувствувам омалаксано...првата не ме болеше ама затоа втората ме здоболе,а истата сестра ми ја ставаше во стомакот.се чувствувам како некоја мекушка...леле што ќе правам понатаму.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.6.2014 11:47:42)

весник, од терапијата е, јас имав и страшни главоболки пукнав, а промена на расположение, да не ти кажувам, мораш да издржиш кога веќе си почнала со терапијата и знај не си сама, многу женички се чувствуваат така[sm=smiley31.gif]




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (25.6.2014 19:57:48)

vesnik ic da ne se zamaras pogolem panicar od mene nema na svetot [sm=smiley1.gif] koga jas pominav i ti ke pomines znaci toa se hormoni pred dobivanje site nie sme ponervozni ni se place i red drugo e sega mislam deka ovie hormoni sto gi primame ni gi davaat za da se napravi vestacki ciklus i doktorite da go reguliraat kako sakaat zatoa neli e i vestacko ja se preziveav i denes kolku bev naduvana ,i na doktorot mu kazav sto da pravam on mi vika normalno bilo si mislam more odi tebe da te bockaat i da se duvas da vidis dali e normalno nego aj ke pomine inaku denes estradiolot mi bese 1324 i pregeska se bockav so uste edna fostimon i so suprefact do kraj se bockam ,utre hcg da se bocnam i u sabota punkcija e tuka mi e malku strav ama koga ke pomislam deka mi gi izvadat od mene dzinovite e ke mi olesni




Страница: <<   < Претходна страница  61 62 [63] 64 65   Следна страница >   >>