LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (29.11.2013 14:52:12)
|
I LOVE, што да кажам баш се натажив кога прочитав, бидејќи тебе добро ти одеше. Девојки на сите останати, фала ви за поддршката, мораме да се поддржуваме на форумот, бидејќи оние што не се намачени не можат да не разберат. Јас денес се вратив од Институт за имунобиологија и хумана репродукција (зградата карши Министерство за здравство), по препорака на Мојот гинеколог и разговарав таму со нив што да испитам, секако покрај она што ми го напиша гинекологот, да се види зошто дошло до ваква кратка бременост кај мене и читам и кај другите. Ми беше кажано, причините можат да бидат бактериски, имунолошки и генетски, па ми беше предложено следното, со упат од матичен: - Генетска анализа за тромбофилија (за двајцата, преку крв, 1200 ден.) - Анализа на ANA, AFA и ASA (за мене, преку крв 700 ден) - HLA типизација за двајцата (3000 ден) сите овие во Институтот за имунобиологија и хумана генетика и - Микроделеција на Y хромозом (за сопругот во МАНУ, тоа било посебно испитување зошто не дошло до добра имплантација, со упат од матичен) Кога прашав за кариограм, ми рекоа ако сакам можам да направам на ГАК, но дека тоа не значи ништо какви и да се резултатите, бидејќи може и со лоши резултати да дојде до бременост, така што за него ќе размислам дали да го направам, бидејќи секако сум почнала со ИВФ процеси. Капина, јас исто пиев Еутирокс со аспирин, морам и јас да прашам дали тоа претставувало проблем за моето ИВФ. Butterflyu00, фала многу за оваа информација, многу ќе ни значи. Гондола19, не барај симптоми кај сите се различни, не се замарај. Миливанили и Ана 78, мило ни е што ни се приклучивте девојки така треба. Ана78, докторот или сестрата ти кажуваат кога треба да добиеш отприлика, кај секоја пациентка е различно, нема правило. Мене ми рекоа тие и тие денови треба да добиеш, доколку над тие 10 дена не добиеш, тие ќе реземат што треба. Позз
|
|
|
|