RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 13:46:38)

Теа88 браво, доволно јајце клетки за успешно ивф! Сега да ти јават утре дека имаш доволно квалитетни ембриончиња! Со среќа[sm=duda.gif][sm=duda.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 13:55:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mili4kask

....Ивановски ми кажа дека треба да се боцкам во периодот од 14 и 30 до 16 и 30. Тој период сум на работа некаде кај подвожњакот Црниче. Локациски лошо. Никако не ми одговара секој ден да одам до систина и назад. Како да искомбинирам со боцкање? Тука има една приватна се вика Policlinic Skopje ама ми дадоа луда цена од 300 ден на ден боцкање. Дали моам да појдам до овие тука во близина државниве да ме боцкаат или ми треба упат за такво нешто?


Викаат за боцкање најдобро од 14.00-21.00 часот. Ти кажал во тој термин бидејќи нема сестри после 16.30 на ИВФ во Систина. Можеш кај матичен или на државно да се боцкаш, нема да ти направат проблем или кажи не можам да доаѓам, оди на дежурен во Систина попладне долу секој ден има служба. Позз




mili4kask -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:00:03)

Ти благодарам многу LoveableMe!! Јас пак мислев дека само во тој термин морам да се боцкам...[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:02:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

milicka 30 , gina i Loveable Me da imate uspesni postapki koi ke vrodat so[sm=duda.gif][sm=duda.gif]. jas si dojdov od punkcija. mi izvadoa 7 jajce kletki, e sega ne mi kazaa nesto posebno dali cinat -ne cinat, dali se kvalitetni i mi dadoa eden kup apcinja.odvaj cekam utre da mi se javat da mi kazat dali se oplodile i kolku.


Tea88, [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]. Кажи кои апчиња ти ди даде, да споделиме со другите рингерајки.[sm=smiley1.gif]




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:13:03)

vaka jas uste pred ifv si zemav magnezium. vit c i za imunitet edni tableti.a denes mi dade Aspirin 100 1x1,Proginova 3x1 belite samo,Decortin po sema, Folan 1x1, Vibramicin 2x1 i Utrogestan 3x1.vibramicin i decortin do transfer samo. Mislam deka otprilika standardna terapija e kaj site isto.




Milicka 30 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:28:08)

Loveable Me кога бев на преглед пред еден месец др. ми препиша 2 пакувања ГЕ132 црвено пакување,јас испив едно и сега кога бевми кажа да продолжам со нив а ке ми кажеле до кога. Ке прашам баш во понеделник и ќе ви кажам. Ти душо до каде си стигната со терапијата?
Теа88 [sm=bravo.gif] дај боже сите 7 да се оплодат.
Сакам да прашам се боцкам со супрефакт во 8 сабајле и навечер ,дали е проблем ако се закасне 15 мин?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:40:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

.....Сакам да прашам се боцкам со супрефакт во 8 сабајле и навечер ,дали е проблем ако се закасне 15 мин?


Со супрефакт два пати се боцкаш дневно? Не разбрав? Кога се боцкаш треба секој ден во исто време, на пример ако почнеш во 17.00, треба секој ден околу 17.00-17.30, значи во тој разман од половина час, не повеќе од тоа.

Јас се боцкам секој ден со супрефакт од 0,3 и со по 3 пурегона дневно, секој ден од 17.20-17.50 часот, во тој размак и јас одам во Ремедика да ме боцкаат секој ден. Во сабота ќе ми кажат кога пункција, ама деновиве имам јак исцедок како пред да почнам да овулирам, си викам да не биде порано?[sm=zmeden.gif]




gina -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:46:53)

tea 88 odlicna brojka na jk [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] e sega sigurno se oploduvaat i utre ce ti javat [sm=duda.gif]

milicka 30 ne e problem plus minus 15min od vremeto jas vcera porano malku se bocnav a ovie GЕ132 kolku pari se i koi vitamini gi sodrzat

a za kafe i ishrana jas mislam mnogu zamaranje ne treba na komu si mu nosi dusickata toa da si jade i pie ako treba da bide ce bide mene prethodnite ivf koga ce prasav za ovie raboti mi vika e tokmu vaka da si opustena a ne posle da si mislime deka e od ova ili ona




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 14:56:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

.... a ovie GЕ132 kolku pari se i koi vitamini gi sodrzat



Gina, имаме ТЕМА за органски германиум, тука можеш повеќе да прочиташ. Позз




Milicka 30 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 15:11:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Со супрефакт два пати се боцкаш дневно? Не разбрав? Кога се боцкаш треба секој ден во исто време, на пример ако почнеш во 17.00, треба секој ден околу 17.00-17.30, значи во тој разман од половина час, не повеќе од тоа.

Јас се боцкам секој ден со супрефакт од 0,3 и со по 3 пурегона дневно, секој ден од 17.20-17.50 часот, во тој размак и јас одам во Ремедика да ме боцкаат секој ден. Во сабота ќе ми кажат кога пункција, ама деновиве имам јак исцедок како пред да почнам да овулирам, си викам да не биде порано?[sm=zmeden.gif]



Мене ми препишаа терапија од супрефакт 0,05 сабајле во 08 и навечер во 20 часот, и 6 мерионали исто во 20, ме интересира дали може со супрефактот насабајле да доцнам по 15минути?




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 15:18:48)

I jas imav iscedok isto kako pred ovulacija koga bev 3-4 dena pri kraj so inekciite.duri go prasav doktorot da ne puknal nekoj folikul predvreme ama mi rece deka ne moze da e toa pricinata i ne obrna nekoe vnimanie na toa pa si rekov moze e normalno i po nekolku dena mi pomina
Moze od inekciite e.






LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 16:21:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Мене ми препишаа терапија од супрефакт 0,05 сабајле во 08 и навечер во 20 часот, и 6 мерионали исто во 20, ме интересира дали може со супрефактот насабајле да доцнам по 15минути?


Може, плус минус 30 минути доцнење, не повеќе. Позз




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 16:47:02)

Tea super. stom ti izvadile 7 folikuli jas do 10 ke primam superfact od 0,5 a posle od 0,3




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 17:30:37)

Tea88, супер вести! [sm=bravo.gif] Ајде нека се оплодат сите и нека растат!

Milicka 30, мене ми кажаа дека тоа со терминот реално е во рамки од 1 час плус/минус, а го кажуваат построго затоа што има жени што комплетно забораваат да се боцнат, па ова е еден од начините за ред и дисциплина. Си имаат и они стратегии [sm=smiley36.gif]




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 20:20:48)

Да да, во право е Hopeful, и мене ми рекоа исто, плус минус еден час е во ред, и еднаш кога ме праша сестрата да немам заборавено така се зачудив на прашањето, ми вика " да се чудите колку има што забораваат"[sm=smiley36.gif]
Tea88 супер вести, [sm=bravo.gif]сите да се оплодат и да се здрави!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.10.2014 21:44:55)

Потсетување како стоиме на табелава[sm=bravo.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]


21.08 - Kaya - почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
01.09 - Zoya - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
05.09 - sonce79 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
15.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
19.09 - Tea88 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
29.09 - kapina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
29.09 - gina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
29.09 - Milicka30 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
/ .10 - Anonimen - почеток со терапија (Поповиќ, Систина)
25.10 - mili4kask - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
/.10 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.10 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/.10 - skriena - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
/.11 - Pinky30 - почеток со терапија (Глигор Тофовски, ГАК)
/.11 - sanjaaaa- - почеток со терапија (Ивановски, Систина)


=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
12.09 -Kaya =пункција ///// = ET
23.09- Zoya = пункција 25.09 = ET
25.09 -sonce79 =пункција 28.09 = ET
01.10 -tea88=пункција 04.10 = ET


=========================
/////// - Kaya = ТЕСТ
09.10 - Zoya= ТЕСТ
12.10 - sonce79= ТЕСТ
18.10 - tea88 =TЕСТ


ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] fragolina [sm=9nebesa.gif] lolla [sm=9nebesa.gif] mesecina83 [sm=9nebesa.gif] lily98 [sm=9nebesa.gif] stefanie[sm=9nebesa.gif] Hopeful [sm=9nebesa.gif]





tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 11:54:22)

Devojki da ve prasam dali e normalno da imam bolki vo desniot jajnik i malku pogore. vcera mi bese punkcijata ama nisto vcera ne me bolese. a inaku skoro site jajce kletki mi bea od desniot jajnik. i vcera vecerta isto zabelezav kako malku epten malki kafeno posle utrogestanot.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 11:57:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Devojki da ve prasam dali e normalno da imam bolki vo desniot jajnik i malku pogore. vcera mi bese punkcijata ama nisto vcera ne me bolese. a inaku skoro site jajce kletki mi bea od desniot jajnik. i vcera vecerta isto zabelezav kako malku epten malki kafeno posle utrogestanot.


tea88, јајниците обично пецкаат по малку и болат кога растат фоликулите и после пункција. Трагите кафено може да се од пункцијата, ништо страшно. Ти јавија ли за трансферот?[sm=bravo.gif]




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 11:58:47)

uste mi se nemaat javeno. uste malku ako ne se javat jas ke im se javam. pa dosega mislam trebase da se javat. cela vecer ne zaspav.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 12:13:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

uste mi se nemaat javeno. uste malku ako ne se javat jas ke im se javam. pa dosega mislam trebase da se javat. cela vecer ne zaspav.


Почекај до 13.00 часот, ако не ти се јават, врти им ти, да не има гужва или чекаат да видат како ќе се развиваат, за да ти ги вратат на 3-ти или 5-ти ден. Пиши ни! [sm=bravo.gif]




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 13:10:56)

sega samo sto mi javija deka ima 5 embrioni oplodeno. utre treba pak da se javam da mi kazat koga transfer.




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 13:17:02)

Теа88, супер! [sm=bravo.gif]
Ајде наскоро во меше и во хоризонтала [sm=smiley36.gif]

Инаку болките се нормални - од стимулацијата е, затоа што се подуени јајниците.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 13:37:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

sega samo sto mi javija deka ima 5 embrioni oplodeno. utre treba pak da se javam da mi kazat koga transfer.


Супер вести, одмарај и уживкај[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]. Пиши кога трансфер[sm=jezicek.gif]




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 13:40:00)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]Одлично, од 7 јајце клетки - 5 оплодено е одличен резултат!!!!
Ајде ембрионите си ги земи во меше и уживај! [sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=nosecka.gif][sm=duda.gif][sm=bravo.gif][sm=nosecka.gif]




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.10.2014 14:08:03)

Браво, супер вести Теа88..
Тоа што го чувствуваш во јајниците е сосема нормално.. Не се секирај. [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  93 94 [95] 96 97   Следна страница >   >>