RE: Што денес направив за себе? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Snowhite RR -> RE: Што денес направив за себе? (8.6.2014 0:59:40)

Си ги издепилирав рацете[sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (8.6.2014 18:45:51)

После пауза од 4 години незанимавање со спорт решив да се качам на ролерките и многу убаво сега си се осеќам, ослободено од стрес[sm=bravo.gif]




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (8.6.2014 18:52:27)

убаво ме потсети и мене ама тоа утре ќе е.Нозе и раце никако заедно у пакет не ми одат, секогаш посебно ги депилирам[sm=smiley36.gif], нема пусто време[sm=zmeden.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Си ги издепилирав рацете[sm=smiley1.gif]





Defne90 RR -> RE: Што денес направив за себе? (8.6.2014 19:34:00)

Лелеее и јас заборавив скроз на рацете,никако тие да дојдат на ред.Инаку денес,право да ви кажам ама баш ништо не направив за мене,добро освен што откако почнав да пушам кафето си го пијам на тераса па таму децата не ме замараат.Мм ги чува барем кафето да си го испијам на раат.[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Што денес направив за себе? (9.6.2014 10:57:44)

Денес не, ама во саботата си дозволив луксузи - шминка и фризура во студио [sm=smiley36.gif] (атер за една свадба). Лезет било друг да те шминка, сум го заборавила чувството [sm=smiley36.gif] Следнава сабота здравје - пак ист третман (атер за уште една свадба де!) [sm=jezicek.gif]




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (9.6.2014 11:00:16)

Еве ме и мене кажано-сторено. Си ги издепилирав рацете,е сега колку убаво се чувствувам[sm=smiley36.gif]. Треба човек секој ден нешто да си приуштува, многу поубаво се осеќа[sm=jezicek.gif]




elenak -> RE: Што денес направив за себе? (9.6.2014 23:16:24)

Пешачев 5 км заедно со мм, се испотив квалитетно ама после еден жежок туш се чувствувам одлично.[sm=zz_smug.png] Ветувам ќе го правам ова почесто, ако не секој барем преку еден ден.




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 10:19:41)

И јас си ветив дека ќе спортувам и тоа преку ден. Ќе си ги возам ролерките денеска пак. Се договоривме со мм еден ден тој да игра баскет а еден ден јас да ролам[sm=jezicek.gif]. Мора некој и децата да ги чува затоа. Во здраво тело здрав дух[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Tanjat7880 -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 10:29:59)

Ovaa tema duri me deprimira,eve od utrovo si kupiv BUREK I zakazav frizer koj ne sum go posetila skoro edna godina[sm=smiley19.gif]ne mi se veruva kolku sum se zapostavila na smetka na dete I kukja




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 10:47:18)

Да Тања и јас сум исто ама решив малку да станам себична на кратко и кога можам да си дозволувам по нешто ситно. Така ќе си се осеќаме барем малку поубаво и поисполнето. Така мака мачиме и кога имам лош ден а тоа се случува многу често од ништо не сум задоволна па и кога ќе се погледнам во огледало исцрпена и со подочнаци до колената ми иде да вриштам. И затоа сакам да направам нешто за себе и дај Боже почесто да пишуваме на оваа тема.




Tanjat7880 -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 10:54:41)

I da potpisheme tuka deka ednash nedelno sme obvrzani da se falime tuka!!!Neka ni bide letna zadacka[sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 11:04:05)

Јас потпишувам со двете раце. Сега додека спие синко ќе си ставам глинена маска на лицето[sm=bravo.gif]. Отидов, мора и да сме убави разбираш[sm=smiley36.gif], па и за по дома не само за надвор.




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 11:10:59)

а бе мене ми се глиносала главата изгледа[sm=smiley36.gif]. Одам во купатило да си ставам маска, еве моментално имам кога гледам од алги била, ама кога ја немам користено со месеци глина ќе е. Е сега ако стане синко нема да ме познае, ќе ми се чуди[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 19:06:46)

Денес изгледав филм, во сред бел ден, додека синко спиеше [sm=smiley36.gif] Добро де, направив пауза да му дадам за јадење кога стана, ама си продолжив. Нема ништо без онлајн филмови [sm=bravo.gif]
И тоа не било каков филм, туку добар филм кој трае скоро 3 саати.
(Ако некого занима што филм беше, Twice born e во прашање - мојата препорака [sm=smiley1.gif])




Yummy Mammy -> RE: Што денес направив за себе? (10.6.2014 19:12:58)

Јас си се офарбав [sm=bravo.gif] и тоа многу уредно, обично правам крш во купатилото, па повеќе време трошам на чистење него на фарбање ама што да правам кога не можам да закажувам на фризер, никогаш не знам кога сум слободна




Melanija RR -> RE: Што денес направив за себе? (11.6.2014 0:06:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: princessa
Така мака мачиме и кога имам лош ден а тоа се случува многу често од ништо не сум задоволна па и кога ќе се погледнам во огледало исцрпена и со подочнаци до колената ми иде да вриштам. И затоа сакам да направам нешто за себе и дај Боже почесто да пишуваме на оваа тема.


Исто [sm=smiley20.gif]
Се приклучувам на мотивирачкава тема [sm=bravo.gif] ги налакирав ноктите на рацете по натанане [sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: Што денес направив за себе? (11.6.2014 7:50:58)

Се издепилирав коначно после 1,5 месец мислам редно беше, окапав у купатило ама мазна сум[sm=smiley1.gif]




bucko mal -> RE: Што денес направив за себе? (11.6.2014 23:17:07)

Sekoj moment ke stanam da si ja ispeglam I sredam novava frizura.Inaku vcera bev na frizer[sm=bravo.gif]




vezilka RR -> RE: Што денес направив за себе? (12.6.2014 15:44:01)

Замислете, кафе пиев. Лелеее никогаш немаше да погодам дека ова ќе го напушам и темава. Хихи, да се немало време за ништо со две деци. [sm=jezicek.gif]




marchi -> RE: Што денес направив за себе? (12.6.2014 23:46:39)

mene ako me prasate ja se karav so soprugot cel den [sm=smiley36.gif]




princessa -> RE: Што денес направив за себе? (19.6.2014 15:49:32)

Јас си сварив какао после многу долго време и тоа го пиев на раат што е реткост кај мене и се намачкав со шеа путер-вчера си го купив ама заборавив да се пофалам[sm=smiley36.gif]




marchi -> RE: Што денес направив за себе? (22.7.2014 1:20:26)

e denes si ja sreduv lepo kukjata,piev kafe i si citav spisanie - unique.izlegol noviot broj[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Што денес направив за себе? (5.10.2014 14:16:16)

Osven sto se nalakirav i sto ke se banjam [sm=smiley1.gif]nisto drugo




Палешка РР -> RE: Што денес направив за себе? (5.10.2014 22:43:41)

Иако дома имав уште работа, отидов кај пријателка да си го опуштам мозокот [sm=smiley20.gif]




caciana -> RE: Што денес направив за себе? (26.11.2014 1:30:45)

Si se iznasetav niz grad so drugarka mi okolu 2 saati nekade [sm=smiley36.gif] Ubavini [sm=smiley31.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>