Опседнатост на детето со лик од цртаните (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Snowhite RR -> Опседнатост на детето со лик од цртаните (23.11.2013 13:04:57)

Вчера бевме на роденден и детево буквално е опседната по Cars, колите на Меквин, абе дома еден куп количина има и се во знакот на Cars, од играчки, чаши, шишиња, алишта и не дава да му допреш некое количе или пак да го фрлиш, ауу тешко тебе[sm=smiley36.gif]
Михаил досега не се опседнал ептен со некој лик, на периоди менува, еден период беше Мики маус, па Спајдермен, сега претежно Пинк пантер гледа, ама не се опседнува нешто ептен да гледа и да сака само во тој стил да му се купува нешто

Дали вашите деца се опседнати со некој лик од цртаните филмови?




Mihaela 2010 -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (23.11.2013 15:07:17)

Leleee a Mihaela pa e opsednata so Tom i Jeri i ova trae i trae vekje povekje od edna godina...abe sekoj den mora ona da izgleda crtani so niv,pa mi bara nekoi plisani igracki,rodendenot ni bese so torta so tom i jeri,i sega sakala od dedo mraz nesto so tom i jeri da i donese,pa sega ke trcam po prodavnici da najdam nesto,mada osven plisani nemam drugo nisto videno..




Felly RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (23.11.2013 15:56:17)

М пак е опседната со принцези. Не до толку, ама сепак - сака да и раскажувам приказни со принцези, тортата за роденден сега да биде со принцези, сакала блуза со принцези, боенка за во градника купивме со принцези, на youtube нон стоп ја гледа принцезата Софија.
Еве ОВАА и е омилена песна.




Палешка РР -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (23.11.2013 16:17:53)

Миа е опседната со Маша [sm=smiley36.gif]
Не би го нарекла тоа опседнатост, туку имитирање....сите глупости Маша што ги прави, тоа пискањето, смеењето..се исто прави.
И плус го тера брат и Медвед да биди [sm=smiley36.gif] [sm=jezicek.gif]




zzaa -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (23.11.2013 23:34:34)

Ева е опседната со сунгерот Боб[sm=smiley36.gif], има 4 перници со Боб, чаша со Боб, таа и е омилена и само од неа пие вода ако и дадам друга чаша одма се лути и го бара Боб , неколку лепенки за на врата со Боб, топка со Боб, и кај и да идеме ако го види сунгерот боб збеснува да и се купи.




elenak -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (23.11.2013 23:35:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
И плус го тера брат и Медвед да биди [sm=smiley36.gif] [sm=jezicek.gif]

[sm=jezicek.gif]Миа е закон.[sm=jezicek.gif]
Кај нас е актуелен Бумба моментално, не знае уште за да бара и други работи со тој лик ама не дај Боже да помислиш друг цртан да и пуштиш за промена.[sm=smiley36.gif] Не гледа само ако е надвор, дури е дома по сто пати во ден.




AnnaMolly RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (24.11.2013 11:15:46)

Филип со недели е опседнат со Спортакус од „Мрзливиот град“. ЦЕЛО време додека е дома на компјутер си пушта Мрзливиот град и само скока и го имитира Спортакус. Вчера со разете се држи за подот, а нозете ги кренал на ѕид, скоро стој на раце направи. Скока, прави склекови... ОБАВЕЗНО дома шета со капа и очила како Спортакус, од фотелја скока директно на страницата на троседот и се закачува како пајак за неа... Еден ден ми е страв да не се повреди од толку скокање :)

До сега не бил вака опседнат со некој лик.




Палешка РР -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (24.11.2013 11:25:34)

И Миа едно време со Спортакус беше опседната, ако е девојче. Таа од биро скокаше на под и на маса се качуваше, сакаше лустерот да го дофати да се нишала на него [sm=zmeden.gif]
Избегнував да и го пуштам Мрзливиот град оти многу луди идеи имаше [sm=zmeden.gif]




vezilka RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (24.11.2013 14:46:34)

Темава е како за нас. Никола е опседнат со цртнатиот Ninjago. Тој е Кол, а нам ни се ообраќа со имињата на другите нинџи. Цел ден само тоа зборува и игра, ако не гледа на комјутер. Друго не игра. Се му се мечеви, нончаки и ѕвездици. Става на главата капа преку очи ко божем му е маската. Детево сериозно е опседнато со нинџиве. Немаме чаши и такви реквизити со нинџи, но само затоа што не сме сретнаале. Верувам дека ако наидеме на такво нешто во продавница, било што, дека нема да можеме да излеземе без тоа. Фазава му трае месец, два мислам. Јас се надевам дека скоро ќе му помине оти преку глава ми е од мечување.




Snowhite RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (24.11.2013 18:48:06)

Па и тебе те чекав на оваа тема[sm=smiley36.gif]

Инаку М и со Дора е опседант моментално само ме тера на прва да сум пуштела да не почнел Дора. А вчера пред спиење се спремаме, облекуваме пижами и вика ајде да го исклучиме ТВ и ни вели ајде сега тројцата кажете Да го исклучиме телевизорот, Успеавме[sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (10.12.2013 13:38:27)

Еве до каде иде опседнатоста на детево мое со нинџиве. Пред некој ден ми вика мамо јас те сакам до нинџите, тооолку многу. Леле што ќе се прави. И проблемот зошто сака бебето да биде машко е за да може со него да си игра нинџи. Според него женски не играат нинџи, бидејќи во цртаниот има само еден женски лик кој е малку запоставен.




princessa -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (6.2.2014 17:35:09)

N e opsednata so miki i mini maus i kuceto pluto. Sekoj den mora da izgleda crtan film so niv, pa imame cela kolekcija od igracki so nivniot lik, pa casi, cinii, garderoba...Dobro sto gi saka niv a ne so Hello Kitty, zasto uzasno me nervira taa macka[sm=hudicek1.gif][sm=muca.gif][sm=miska.gif]




mommy_angels RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 8:11:14)

А моја Маша ? [sm=smiley36.gif]
Не ми е јасно како не и досадува.Ајде тоа,ама почна да имитира што прави Маша [sm=smiley24.gif].ММ почна да се плаши,вика ако стане како ова детето од цртанов тешко нас [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Кога ќе подразмислам малце па и не е толку смешно,некои од бељите на Маша не се баш безопасни [sm=jezicek.gif]




princessa -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 8:46:29)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Toa im e samo faza , ke im projde. Kojznae pak posle so sto ke se zanimavaat. Masha e simpaticna, nekogas i nie ja gledame[sm=bravo.gif]




vezilka RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 8:48:37)

Нашата опседнатост со нинџите малку стивна..добро е. Сега сме фокусирани на Бен 10 и на нашата нова љубов Гормитите. Боже, боже, од убаво, поубаво. Добрата работа е тоа што во некои прилики Бен 10 носи лилакови панталони и успеавме да го разбиеме стереотипот дека розевата и лилаковата боја биле за женски, па повторно пиеме од розеви чашки без викотници.

А за опасноста од повторување и имитирање на финтите од цртаните, тоа мислам дека од било кој цртан, дури и од оној кои изгледа најнаивен, таа постои.




AnnaMolly RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 12:29:30)

Најнова опсесија му се Том и Џери. Тој е Џери и цело време сака така да му се обраќаме, не со Филип туку со Џери. Вчера дури и ми рече да сум му ископала дупче во ѕидот за таму да си живее :)




vezilka RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 12:37:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Најнова опсесија му се Том и Џери. Тој е Џери и цело време сака така да му се обраќаме, не со Филип туку со Џери. Вчера дури и ми рече да сум му ископала дупче во ѕидот за таму да си живее :)


[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Ете до каде иде опасноста од опседнатоста со цртаниве.Да и нам Никола ни вика да му се обраќаме со името на лиот кој гоодбрал а нам ни се обраќа со имињата од другите ликови во цртаниот, хехе, дури и на јавно место. Еднаш кога бевме кај педијатерот, и чекаме во собата на сестрата со уште неколку луѓе, а тој си игра таму нешто со играчките, и се врти ме вика, Џеј, Џеј, дојди да ми помогнеш, оваа змијата ме нападна. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 15:38:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


Еднаш кога бевме кај педијатерот, и чекаме во собата на сестрата со уште неколку луѓе, а тој си игра таму нешто со играчките, и се врти ме вика, Џеј, Џеј, дојди да ми помогнеш, оваа змијата ме нападна. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Леле Везилке ме изнасмеа. [sm=jezicek.gif] Ние не сме до толку опседнати, одамна не ми побарала да играме принц и принцеза. Инаку глумевме порано сцени од приказните. Па ми дава цвеќиња, и демек јас одам кај принцезава. Па танцуваме заедно. Смешки. [sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (7.2.2014 16:08:26)

Ha ha ha bogami koga ke se zanesat decata vo crtanite znaat da bisat epten interesni.Nie edno vreme bevme opsednati so sportakus,postojano ripase i skokase niz doma,demek toj bil sportakus.Posle mu pomina toa pa pocna da se zamisluva deka e bananamen pa duri pocna banani da jade.Sega malku ni popomina i nam opsednatosta,taka sega samo e opsednat so toa pepa prase obavezno da se izgleda pred spienje.Ponekogas znae da gi imitira tie prasinjata kako si igraat ama poretko




mama_06 -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (8.2.2014 0:26:48)

Дора ми е ноќна мора! И тортата за роденден беше со Дора и Диего. А ако ме прашате која сум, големи се шансите да ви одговрам: ,Јас сум мапа,јас сум мапа, јас сум мапа``




vanessa30 -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (8.4.2014 10:37:08)

NIE Sme vo znakot na NJINGA NJINGA NII (prevod -Lightning McQueen( cars)




vezilka RR -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (10.4.2014 8:56:32)

Лелеее ние имаме нова опсесија, Супермен. По цел ден облака и соблака дуксерот, демек од Кларк Кент се претвора во Супермен. Сега репликите од мрморењата во сон му се однесуваат на Луис Лејн, демек ја спасува. И нормално, сега мене ми се обраќа со Луис Лејн. [sm=jezicek.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните (11.4.2014 8:59:22)

A nie periodov sme preokupirani so Ubavicata i zverot,ama bukvalno samo za toa se zbori,se raskazuva ,se gleda na dvd,duri i tortata ke ni bide so Ubavicata i zverot[sm=smiley36.gif]




Страница: [1]