Работилница за родители (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


sandriana RR -> Работилница за родители (3.12.2013 9:49:20)

Во четврток нашата градинка организира Есенски продажен базар, во склоп на кампањата - Здрава храна за детство без мана.
Мотото на Базарот е Здрава храна, здраво дете.
Родителите се поканети да учествуваат во кампањата со свои изработки на здрава храна (од интегрално брашно, овошје, зеленчук, зимница, овошни колачи и пити со зеленчук), кои ќе ги достават во градинката, па ќе бидат изложени и понудени попладнето на Базарот.

Во какви работилници се вклучени родителите низ другите градинки, и колку ги посетувате и учествувате во нив?




Mihaela 2010 -> RE: Работилница за родители (3.12.2013 10:05:09)

Nie sega skoro imavme vo nasata gradinka rabotilnica,no za zal jas ne bev izvestena od strana na ucitelkata,doznav od koga gi vidov slikite tuka na ringeraja i kaj edna majka na FB..
bas ubava druzba,dodeka majkive nesto pravele,decava se zabavuvale,imalo po 3 roditeli od sekoja grupa,dodeka drugive decinja si bile vo svoite zanimalni(za mene ova e glupo)edni da se zabavuvaat a drugi da nemaat pojma sto se slucuva...no mozebi konceptoto na tie rabotilnici se takvi...
koga mm ja prasal ucitelkata zosto ne ni e preneseno taa rekla deka gi povikala onie roditeli koi bile vtora smena na rabota...mislam opravdanievo ne i e ok,posto od kaj znae ona mozebi jas mozam da zemam slobodni nekolku casa od rabota???




Felly RR -> RE: Работилница за родители (3.12.2013 18:43:08)

Навистина се изненадив Михаела од ова што го напшиша. Секако дека не е фер, ни коректно кон децата ни кон родителите. Ако се организира работилница треба сите родители да бидат известени, па кој може ќе дојде. Исто и со дечињата, ако имало дојдено тројца родители, па воспитачката затоа е тука да си организира како ќе и тече работилницата и како ќе ги вклучи сите дечиња.
Кај нас до сега имало неколку работилници - првата есенска, не можев да појдам, ама на сликите видов и М кажа дека сите дечиња работеле заедно, наредната беше за движење во такт на музиката, нешто како мала приредба. Ние родителите не бевме нешто многу вклучени активно во работлницата, значи не беше класична работилница, е сега ќе имаме една и за Нова Година, па ќе видиме како ќе биде таа.




Snowhite RR -> RE: Работилница за родители (3.12.2013 19:18:15)

Работилници во нашата градинка се организираат за детсакта недела, оваа година и јас учествував, само за родители беше, без деца, после украсите што ги правевме се продаваа и другите две се една пред нова година и мислам дека има една пред Велигден




Felly RR -> RE: Работилница за родители (4.12.2013 0:18:52)

А која е поентата родителите да дојдат во градинка за да работат без децата??? Стварно ми нема логика.




Mihaela 2010 -> RE: Работилница за родители (4.12.2013 11:08:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

А која е поентата родителите да дојдат во градинка за да работат без децата??? Стварно ми нема логика.

I mene ne mi e jasno...roditelive da se zabavuvaat a decata u zanimalna da si dremat...
Vo red e da ima nekolku roditeli,normalno nema site da gi vikaat no bi trebalo spored mene site decinja da bidat tamo,da ucestvuvaat da pomagaat kolku mozat,a ne da dojdat samo onie deca cii roditeli se prisutni[sm=zmeden.gif]




vezilka RR -> RE: Работилница за родители (4.12.2013 14:45:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Во четврток нашата градинка организира Есенски продажен базар, во склоп на кампањата - Здрава храна за детство без мана.
Мотото на Базарот е Здрава храна, здраво дете.
Родителите се поканети да учествуваат во кампањата со свои изработки на здрава храна (од интегрално брашно, овошје, зеленчук, зимница, овошни колачи и пити со зеленчук), кои ќе ги достават во градинката, па ќе бидат изложени и понудени попладнето на Базарот.

Во какви работилници се вклучени родителите низ другите градинки, и колку ги посетувате и учествувате во нив?


Значи во оваа група кај што е сега Никола, известувањето за вакви работилници е на многу лошо ниво. Еве јас и за ова и за предходната работилница кој абеше пред некоја недела дознавам на РР, хе хе преку помалата клешка на Никола. Стварно катастрофа. Лани за секоја работилница не информираа и лично и имаше огласено. Сега изгледа кој разбрал е работава. Дај те молам информирај ме, хехе. Треба нешто од дома да направиме, и да го однесеме сабајлето во градинка, па попладне ќе биде изложено?




vezilka RR -> RE: Работилница за родители (30.10.2014 14:04:08)

Денес во градинка имаме работилница за изработка на играчки кои ќе се подаруват на други дечиња. Еве јас се спремам да одам, ама пошто креативноста не ми е на некое ниво, си земав полуготови материјали од Џамбо, и таму само да ги залепиме. Инаку повторно известувањето е на ниско ниво. Вчера го залепија соопштението за денес. БАш се неорганизирани.




sandriana RR -> RE: Работилница за родители (30.10.2014 14:13:15)

Јас со бебево не можам да одам на работилницата, па сношти со Т изработивме играчка од прирачникот на РР од ланската Прегратка на дар и утрово ја однесе во градинка.
Во врска со известувањето, и мене вчера ми кажаа - навистина не е на време извастувањето, сепак треба човек да се подготви и организира на време.




AnnaMolly RR -> RE: Работилница за родители (30.10.2014 14:18:45)

Ние ќе имаме работилница на тема Железнички сообраќај. Глупости, не знам од кај тоа сега, наместо за есен или слично. Ќе правиме вовчиња и шини.




miana -> RE: Работилница за родители (31.10.2014 15:53:04)

Незнаев дека има ваква тема -
Еве ја нашата изработка од работилницата

[img]http://www4.slikomat.com/13/1031/31r-2014-1.jpg[/img]




Felly RR -> RE: Работилница за родители (4.12.2014 22:36:17)

Кај нас минатиот месец имаше работилница - сечење со ножички и геометриски фигури, но не успеав да присуствувам, бидејчи бев на работа. Затоа овој месец па ете ќе надокнадам на две работилници. Денес ни беше едната - Подарок за другарче, па изработувавме кутивчиња/честитки кои дечињата си ги подаруваа едено на друго и при тоа да се научат да си кажат - благодарам, повели, и сл. На крајот и нас, родителите кои присуствуваме, не изненадија учителките со една преубава честитка. [sm=bravo.gif] за учителките!!! Секогаш имаат интересни идеи!!!
Сега ја очекуваме наредната - новогодишна работилница.




Страница: [1]