Пед.Наташа Ристеска -> RE: Стручни совети од педагог Наташа Ристеска Тодоровска (16.4.2014 14:17:01)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: pepuska Почитувана ! Можеби сеуште сме мали но некако ми е важно вашето мислење. имено имаме 17 месеци и нашиот прблем се состои во следното. Ќерками е хиперактивна во прав смисол на зборот на оваа возраст дневн оен седнува ниту цели 5 мин , спиењето се состои во 8-9 часа ноќно спиење и едно дневно спиење до максимум преку сила 2 часа. Нашиот проблем е во следниве неколку ситуации: И покрај воспоставената рутина пресоблекување млеко и во кревет детето многу тешко заспива некогаш дури се влече по креветот од една страна на друга додека не папса и заспие а некогаш дури се случува да се расплака па ке ја однесма во дневна и се влече по паркетот додека буквално не папса. Работите кои ги прави а не смее ( на пример отварање на фиока) ги повторува и тогаш кога и викам дека не е убаво тоа да го прави едноставно како да не сака да послуша и не реагира , а додатно е што сеуште не зборува ( таа има свои гласови кои ги изговара но досега правилен збор нема кажано). Трет момент е менувањето на пелена , топа го правиме дури сосила едноставно не дозволува( вика се врти покушава да побегне плаче) освен ако нема шише во устата и додатен момент што од шише пие вода скоро цел ден едноставно како дае зависна од шишето особено тоа за вода што и е ако и го извадиме од уста почнуваат плачки невидени ( можеби количинатана воданее толку голема околу 1-1,5литро колку што таа постоајно ја држи цуцлата во уста ама само оваа цуцла, иста таква има на шишето со млеко но ова не се случува со тоа шише) Би ве замолила за малку помош како да реагирам во овие ситуации зашто веќе се чувствувам беспомошно ваквото однесување прво со спиењето се појави на 9 месеци и оттогаш е се потешко и потешко со „нелсушањето “ повеќе би рекле нереагирањето на моите укажувања па дури ни во моментот кога кажувам од кај 11-12 месеци ,а проблемот со менувањена пелената се појав иисто од кај 10 емсеци Фала ви однапред Почитувана pepuska, На твоиве прашања можам да одговорам и како макја на 13 месечно синче и веднаш да ти кажам, твоите зборови како јас да сум ги пишувала [sm=smiley1.gif] Како прво, мислам дека станува збор за потемпераментно дете (хиперактивно дете е друга категорија, која ни јас како педагог, но и ние како мајки не смееме да си дозволиме самостојно да ги сврстуваме децата). Дел од прашањата спаѓаат во доменот во кој можам да ти одговорам, а за дел од нив ќе споделам искуство. Генерално станува збор за пристапот кој го имаме во однос на однесувањето на наште деца дека тоа според нас не е „соодветно„ однесување и цело време пробуваме да го промениме. Тој пристап треба да го промениме и да го прифатиме таквото однесување на детето, а после да превземаме соодветни чекори. Место априори негативен пристап, кој очигледно не дава резултати, позитивниот пристап и нас ќе не олабави, а сето тоа ќе се пренесе на детето. Ајде да анализираме еден наш ден со децата. Колку пати во денот го употребуваме зборчето НЕ, Не играј со тоа, НЕ фаќај таму, НЕ оди бос и сл. За секое однесување и активност најмалку што може да направиме е да пробаме да го намалиме бројот на реченици каде употребуваме НЕ и да ги замениме со фрази со позитивна контотација. Отворање на фиоки – кое дете не го прави или не го правело тоа [sm=smiley1.gif] Децата се љубопитни и ние таа љубопитност треба ја стимулираме, до момент додека не се доведува во ризик или некоја опасна ситуација. Самото тоа што ние му кажуваме на детето дека не смее да го прави за него не значи ништо. Ако му речеме не смееш да ја отвориш фиоката, а не му кажеме зошто останува само на забрана која кај него уште повеќе ја поттикнува љубопитноста. Или пак ако му кажеме аргумент кој не соодветствува на неговото поимање, немој да ја отвориш фиоката ќе растуриш или ќе ја скршиш и нешто слично и тоа за него нема смисла, не ги согледува последиците од тие постапки. Соодветно на возраста различно реагираме и аргументираме. Конкретно за оваа возраст, прифатете дека сака да ги отвора фиоките и не се борите против тоа. Напротив, седнете со него, отворете ја фиоката заедно, разгледајте што има внатре и после тоа насочете го кон друга игровна активност. Што добивате со тоа? Не дека нареден пат нема пак да ги отвора фиоките, сигурно ќе ги отвори. Но Вие сте поминале квалитетно време со детето, сте ја задоволиле неговата љубопитност и продолжувате понатака со други активности. И да, тие активности никогаш нема да завршат, едни ќе згаснуваат, други ќе почнуваат. Доколку некоја активност навистина е опасна и навистина не е соодветна, насочете го на друга игровна активност , свртете му го вниманието понудете му нешто друго. Така детето се развива социоемоционално, когнитивно и физички. И да, напорно е, но како што сум напоменала и погоре, родителството не е лесна работа, но на крај го имате најдобриот резултат и успех од таа Ваша работа. Во однос на спиењето и пелените, како што кажав и на почетокот, не си сама. Во овој дел ќе го споделам моето искуство како мајка. И јас се соочувам со истиот проблем. Но секогаш се обидувам со различни активности кои не сум сигурна дека баш таа вечер ќе дадат резултат. Но секогаш испробувам нешто. Пример гледање на цртан филм (baby einstein), некогаш помага, некогаш не, возење со количка низ стан, исто, некогаш помага, некогаш не, нишкање, пеење песнички, и се друго креативно што ќе ми падне на памет. На крај нешто ќе успее [sm=smiley1.gif] И да знам, дека чекаш да заспие затоа што после тоа те чекаат уште еден куп обврски, ама каде што чекале толку ќе почекаат уште малку. И тука е пристапот во прашање. Најчесто си велиме “сега е време за спиење, мораш да спиеш„ , а можеби би требало “ сега е време за спиење ајде да пробаме да заспиеме„. Вашите емоции се префрлаат на детето, ако вие сте напнати и нервозни дека не заспива, тоа го пренесувате и на Вашето дете. Со паролата ајде да пробаме, и Вие ќе се опуштите и сигурна сум дека подобро ќе се чувствувате без разлика дали ќе заспие или не, отколку да се нервирате и чувствувате беспомошни, и на крај резултатот околу заспивањето е ист. И вие и детето сте вознемирени и ненаспани. А пелените – е да треба да легне и да чека да му смените пелени, па може и со полни пелени да си игра доколку ја прашате неа [sm=duda.gif] тоа е губење време, кое може да искористи во играње и правење нешто интересно[sm=zz_wavespin.gif] Затоа дадете и нешто интересно да прави додека ја преслекувате, играчка, цуцла, бакнувајте го стомачето и истовремено сменувајте пелена ( вештина што ја можат само мајките[sm=bravo.gif]) и сл. Почитувана pepuska, се обидов сите мои мисли да “ги ставам на хартија” и не сум сигурна дека во тоа успеав, пошто навистина има многу да се зборува и споделува на оваа тема. Се надевам дека ти ја доловив поента што сакав да ти ја кажам и дека истата барем малку ќе ти помогне. Ако не, барем знаеш дека не само твоето дете се однесува така и сигурна сум дека тоа ќе ти донесе некое олеснување. Се најдобро, Наташа [sm=rozica.gif]
|
|
|
|