|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кандида-на женските гениталии
11.5.2009 23:41:38   
Mami4ka
Зголемен вагинален флуор (секрет) е една од најчестите генијални тешкотии.
Воспалението на слузницата на вагината може да се подели на три групи:


неспецифичен вагинитис се сретнува во 40-50% случаеви
кандидијаза 20-30% случаеви
трихомониза 20-30% случаеви


Најмалку седум врсти на габички од време на време може да се појават во вагината на жената.Тука се вклучени патогените и „непатогените„ видови на кандидата.Од видовите најзастапена 90-95% од случаевите се Candida albicansa а во 2-8% Candida glabrata.Три четвртини од жените кај која се наоѓа кандидата е без никакви субјективни тешкотии.

Предилекционите места за развој на кандидата се средините богати со аглени хидрати и кандидата често се јавива во:
бременоста (вагината во бременоста е богата со гликоген)
diabetes mellitus (шеќерната болест)
кај приимена на антибиотици ос широк спектар(ја супримира нормалната флора)
кај имуносупресивни терапии

Фактори на допринесување се: вагинално перење,парфемирани хигиенски спрејови,локална антимикробна терапија,тесна облека и синтетичка долна облека.

Симптоматологија




Најчести симптом е интензивно чешање и иритација во пределот на вагината и вулвата.Секретот е бел, густ како сирење без мирис.На ѕидовите од вагината можат да се видат црвени полиња.ph на вагиналниот секрет е < 4,5.Околу 20% од жените се без симптоми.
Со тоа што резервоарот на кандидата е гастроинтестинален тракт со присуство на перманентна инфекција во пределот на анусот,многу се чести рецевиди и реинфекциите на кандидијазата.Причина за реинфекција може да биде полниот однос со инфициран партнер иако се смета дека тој начин е редок.Ако дијагнозата на рецидивот е потврден треба да се испита оралниот гликозо-толеранс тест поради утврдување на благите облици пореметување на метаболизмот на јаглено хидратите.Мудро е да се примени систематско лечење за да се елиминира инфекцијата во цревата.Врската на менструацијата со рецидивот (менструалнатаа крв е алкална) индицира профилактична кури во текот на неколку циклуса.


Дијагноза:
Се поставува врз основа на анамнеза:гинеколошки преглед и микроскопски преглед на вагиналниот секрет


Лечење:
Nystatin,Kansen,Canesten 1,Canesten 3,Mycoril,Mikonazol,Ekonazol,Fentikonazol


Три од пет жени патат од габична инфекција барем еднаш во животот, било која жена може да ја има габичната инфекција.Candida albicans е најчест предизвикувач,габичките нормално се присутни во вагината а кога ќе почнат да се размножуваат настанува инфекцијата,а симптомите се препознаваат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кандида-на женските гениталии
12.5.2009 9:28:15   
Mammy
Многу нормална е веќе кандидата..user posted image
Посебно за време на бременост.
Јас во 16 недела од бременоста ја лечев со Канестен и сега е се ок..

< Поракaта ја уредил Mammy -- 12.5.2009 9:30:48 >

(Одговор на членот Mami4ka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кандида-на женските гениталии
17.5.2009 1:45:54   
eve79
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mami4ka

Зголемен вагинален флуор (секрет) е една од најчестите генијални тешкотии.
Воспалението на слузницата на вагината може да се подели на три групи:


неспецифичен вагинитис се сретнува во 40-50% случаеви
кандидијаза 20-30% случаеви
трихомониза 20-30% случаеви


Најмалку седум врсти на габички од време на време може да се појават во вагината на жената.Тука се вклучени патогените и „непатогените„ видови на кандидата.Од видовите најзастапена 90-95% од случаевите се Candida albicansa а во 2-8% Candida glabrata.Три четвртини од жените кај која се наоѓа кандидата е без никакви субјективни тешкотии.

Предилекционите места за развој на кандидата се средините богати со аглени хидрати и кандидата често се јавива во:
бременоста (вагината во бременоста е богата со гликоген)
diabetes mellitus (шеќерната болест)
кај приимена на антибиотици ос широк спектар(ја супримира нормалната флора)
кај имуносупресивни терапии

Фактори на допринесување се: вагинално перење,парфемирани хигиенски спрејови,локална антимикробна терапија,тесна облека и синтетичка долна облека.

Симптоматологија




Најчести симптом е интензивно чешање и иритација во пределот на вагината и вулвата.Секретот е бел, густ како сирење без мирис.На ѕидовите од вагината можат да се видат црвени полиња.ph на вагиналниот секрет е < 4,5.Околу 20% од жените се без симптоми.
Со тоа што резервоарот на кандидата е гастроинтестинален тракт со присуство на перманентна инфекција во пределот на анусот,многу се чести рецевиди и реинфекциите на кандидијазата.Причина за реинфекција може да биде полниот однос со инфициран партнер иако се смета дека тој начин е редок.Ако дијагнозата на рецидивот е потврден треба да се испита оралниот гликозо-толеранс тест поради утврдување на благите облици пореметување на метаболизмот на јаглено хидратите.Мудро е да се примени систематско лечење за да се елиминира инфекцијата во цревата.Врската на менструацијата со рецидивот (менструалнатаа крв е алкална) индицира профилактична кури во текот на неколку циклуса.


Дијагноза:
Се поставува врз основа на анамнеза:гинеколошки преглед и микроскопски преглед на вагиналниот секрет


Лечење:
Nystatin,Kansen,Canesten 1,Canesten 3,Mycoril,Mikonazol,Ekonazol,Fentikonazol


Три од пет жени патат од габична инфекција барем еднаш во животот, било која жена може да ја има габичната инфекција.Candida albicans е најчест предизвикувач,габичките нормално се присутни во вагината а кога ќе почнат да се размножуваат настанува инфекцијата,а симптомите се препознаваат.

(Одговор на членот Mami4ka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кандида-на женските гениталии
20.5.2009 16:44:30   
fibimk
Kandidata e bakterija koja stalno si ja imame...taa zivee vo nas.Samo ako e namnozena togas osekame cesanje,peckanje.....Inaku nacesta infekcija......nema zena koja na ja dozivela....Ali isto strasno....

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 14:15:19   
Mammy
Eve jas pak da si se pofalam so kandida i vo 27-manedela..(tu, kako da e za falenje)..user posted image
Doktorkata mi napravi higiensko premivanje i povtorno Canesten.
Kaj hiperaktivni zeni, kandidata e cesta gostinka...
A sega vo bremenosta, izleda mnogu ni se "slatki" user posted image

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 14:26:24   
mami
ај честитоuser posted image user posted image user posted image знам како се чувствуваш..јас двапати си ја фатив за 9 месеци..ми идеше да му се изнарасплакам на докторот на стол, па не е фер..

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 15:20:57   
Mammy
само не ми е јасно, зошто никогаш не препорачале апстиненција во фаза на лекување и дали треба и партнерот да се лечи..
Мене ова ми изгледа како пинг-понг..на ти го-дај ми го...user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 15:22:35   
Nikolina
уф user posted image да е само Кандидата јас цела бременост имам зголемен секрет кој усте повеќе се зголеми во даесетата недела и имам непрестајно чешање кое ми стана хронично и потешко се лечи ое почеток само со кантарионово масло се мачкав не смеев со ништо а сега се мачкам со една крема Дактанол ми помага ма по малку оти постојано имам секрет нон стоп правам промивки со камилица ама за џабе д-р ми вика дека тоа е внатресно и дека е нормално ама ете јас сум поосетливаuser posted image и многу ме чеша и боли ништо не можам да си облечам ама тоа е.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 15:24:39   
Nikolina
кога јас имав Кандида ми рекоа обавезно апстиненција и партнерот да се мацка со крем Канестен

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 15:39:41   
Mammy
Ти благодарам Даниела..
Е сега нема секс..хе хе колку само тој ќе биде тажен...user posted image

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 15:44:26   
Nikolina
абе јас два месеци немам па жив  е,утре влегувам во шести, а кај е девети ке издржи.а ти кога ке се излечиш можите пак ама ние неможимеuser posted image зошто се правев серклаж.Ке издржиме мене искрено не ми пречи толку заштитнички сум настроена кон бебушот што не ни помислувам на тоа.

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 15:48:46   
mami
мене гинекологот никогаш не ми препорачал апстиненција иако јас сама си ја препишувам додека не се излечам, а и после тоа некое време сме обавезно со кондом

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 16:01:55   
biba
Zenicki, a da ne apstinirate tuku da si korisite kondom,pa i volkot sit i ovcite na brojuser posted image Mislam so kondomot nema nati,dajmi.user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 16:49:16   
mis.
Со првата бременост немав проблеми со кандидата но со втората имав доста проблеми.До 3 ти месец гинекологот не ми даваше лекарства од причина да не штетат на плодот туку ми измиваше со сино мастило а и ми шприцуваше внатре од истото мастило.Ми помина но превентивно ми кажа еднаш месечно да ставам вагиналети канестен 1.

(Одговор на членот biba)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 20:09:58   
eve79
denes kandidata ja ima sekoj vtora zena 
caj za kandidata
sapunarka steblo i cvet,zalija ajducka treva,matocina,bosilok,anason 'od se izmesano zaedno
vo 500g vado se stava 2 lazici od cajot  da povrie 2/3 min se vadi i ostava poklopen da stoi 10 min.
se pie  preku cel den eden mesec.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.5.2009 20:20:14   
Julie1
Еве79, а после 1 месец треба пауза или се лечи за 1 месец? Дали е штетно да се продолжи да се пие или мора пауза да се направи?

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Кандида-на женските гениталии
22.5.2009 20:18:28   
eve79
Julie dobro e da se pauzira bidejki mnogu gorce cajot jas pijam ajducka treva na den po 2kg.i kantrion zolt i crven ama ne mesan gi pija na mesto voda.Moze da pauziras za da vidis dali ima efekt.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Кандида-на женските гениталии
8.6.2009 14:25:30   
hristijana
matocinata treva stetna e da se pie pred da ostanis trudna ili za prvite 3 meseci?

(Одговор на членот eve79)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Кандида-на женските гениталии
15.1.2010 21:55:30   
BEBICA
Прополисот ја уништува габичката кандида албиканс


Во лабораториски услови е докажано дека прочистениот прополис ја уништува кандида албиканс за само осум секунди

Преголемо присуство на габичката кандида албиканс на одредена локација во организмот се нарекува кандидијаза. Габичката кандида албиканс живее во кожата, устата, гениталниот и гастроинтенстиналниот тракт, но под одредени услови може многу да се размножи и да го зафати скоро секој човеков орган.

Одредено ниво на кандида албиканс во организмот е корисно бидејќи на извесен начин го помага балансирањето на нормалните телесни функции. Но кога бројот на габичките кандида албиканс енормно ќе се зголеми, тие лачат енормно количество токсини во организмот и го слабеат имунолошкиот систем.

КандидиЈазата е поЧеста каЈ жените

Кандидијазата се јавува и кај мажите, но кај жените е почеста поради анатомската структура. Земање орални антибиотици е главна причина за зголемена продукција на габичките. Иако антибиотиците се наменети исклучиво да ги уништуваат штетните бактерии, бидејќи не дејствуваат селективно, тие ги уништуваат и корисните бактерии. Според д-р Сиберт, антибиотиците не влијаат на габичките бидејќи тие имаат поинаква биохемиска структура во однос на бактериите. Според тоа кога антибиотиците ќе ги уништат бактериите на габичките им се создава место да се размножуваат и им се нуди храна за растење. Така, антибиотиците и овозможуваат на кандида албиканс да се репродуцира на друго место и да создаде услови за појава на повратни инфекции и други заболувања. Во бременоста и менопаузата нивото на естрогените варира и се создаваат предуслови за појава на инфекции. Жените се подложни на кандидијаза, особено на крајот на менструалното крвавење.

Намалете ги шеЌерите

Дијабетесот создава зголемен ризик за појава на кандидијаза. Продолжениот хроничен физички и психички стрес, како и исхрана со многу шеќери и концентрати од шеќери, разни слатки и преработени прехранбени производи создаваат оптимални услови за ширење и размножување на кандидата. Докажано е дека употребата на оралните контрацептивни средства влијае на зголемено присуство на кандидата. Кандида причинува и разни гинеколошки проблеми - вагинална габична инфекција, која се манифестира со чешање, црвенило, иритираност и густ бел секрет. Симптоми во дигестивниот тракт се манифестираат со зголемени гасови, периодичен запек, дијареа, лошо варење на храната и грчеви во цревата. Во устата се појавуваат бели наслаги (скрами). Чести се и болки во мускулите и глуждовите, а на жените рацете и нозете им се студени.

Народната медицина и нутриционизмот препорачуваат употреба на ориблети со прочистен прополис во комбинација со неколку лековити растенија. Во лабораториски услови е докажано дека прочистениот прополис ја уништува кандида албиканс за само осум секунди. За борба против габичните инфекции се препорачува земање витамин Ц, најмалку трипати дневно по 1 г секогаш во комбинација со лиофилизиран матичен млеч. Се препорачува и секојдневна употреба на лукот, витамини од Б-групата како и есенцијални масни киселини од незагреано ленено масло. Помага и редовно пиење свежо исцедени сокови од зеленчук пред секое јадење. Од исхраната освен шеќерите треба да се отстранат и ферментирани газирани напитоци. Исхраната треба да биде според крвните групи. За да се заштитат жените од габичните инфекции, освен хигиена треба да ги избегнуваат стресните ситуации и да носат памучна долна облека, а не треба да носат тесна облека.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот hristijana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Кандида-на женските гениталии
15.1.2010 22:02:53   
BEBICA
Превенција За спречување на инфекција со кандида важно е да се следат следниве упатства:
  • да се избегнува носење на тесна облека,
  • да се избегнува носење на синтетски долен веш,
  • да се носи памучен долен веш,
  • да нe се носат танга гакички,
  • да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
  • да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
  • да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече костимот за капење по излегување од базен или море,
  • редовно да се менува долниот веш,
  • после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад, бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во пределот на анусот,
  • да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со антибиотици,
  • да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува алкохол и кафе,
  • да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони, парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна хартија,
  • кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Кандида-на женските гениталии
23.2.2010 19:40:29   
April
една од моите "најверни" другарки...хронична и досадна...

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Кандида-на женските гениталии
23.2.2010 19:43:06   
mami
Ух колку само ја мразам...еве пак нешто како да забележувам знаци од неа, па ми е страв да одам дури и на гин. оти знам што ке ми кажеuser posted image уште малку и сама ке почнам да си препишувам рецептиuser posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Кандида-на женските гениталии
23.2.2010 19:48:05   
April
секој пап и микробиолошки брис ја имам...не е ништо страшно, ама тоа е...има на интернет антикандида диета, ама мислам дека е многу ригидна, од типот на: не смеете да внесувате ни природни шеќери и сл...


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Кандида-на женските гениталии
23.2.2010 22:03:03   
Adrijana

ИЗВОРНА ПОРАКА: April

една од моите "најверни" другарки...хронична и досадна...


i koga ja snemuva nekogas na kratko, duri i mi e cudnouser posted image

_____________________________



(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Кандида-на женските гениталии
21.12.2010 12:39:50   
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica

Што е кандида Кандидата е многу чест проблем во бременоста. Тоа е  инфекција предизвикана од микро организмот Candida albicans. Кандидата е природен жител на вагината и цревниот тракт, но кога ќе се размножи во претерано голем број и почнува да ги надминува другите полезни микро организми станува проблем. Во бременоста во телото на жената се лачи поголема количина на хормонот естроген, кој пак предизвикува во вагината да има и поголема количина на гликоген. Гликогенот пак то го засилилува растот на кандидата бидејки таа се храни со шеќери. Некои научници сметаат дека естрогенот има и директно влијание врз кандидата со тоа што овозможува нејзин поголем раст и полесно прилепување за ѕидовите на вагината. Ако земате антибиотици особено подолго време имате уште поголеми изгледи за да добиете инфекција од кандида. Антибиотиците покрај штетните бактерии ги уништуваат и корисните заштитни бактерии од вагиналната микрофлора и со тоа го олеснуваат растот на кандидата. Симптоми на кандида Во случај на инфекција со кандида најчесто се присутни следните симтпоми:
  • Чешање, печење, болка и црвенило на вагината.
  • Вагинален исцедок со бела боја, кремаст или сирест. Мирисот е на квасец или леб.
  • Неугодност или болка за време на сексуалните односи.
  • Печење за време на мокрењето (кога урината ги допира веќе иритираните делови).
  • Понекогаш може да се јави и отеченост.
Третирање на кандидата Немојте да земате лекарства без да ви бидат препишани од вашиот лекар. Можеби се работи за друга инфекција, а некои лекарства можат да бидат и штетни во бременоста. Задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог за да биде потврдено дека се работи токму за кандида, во спротивно причината за вистинската инфекција би останала неретирана. Доколку се потврди дека станува збор за кандида лекарот ќе ви препише соодветна крема или вагитории. Во бременоста не се земаат орални средства против кандида. Повеќето лекари прешишуваат седум дневна терапија, затоа што пократките терапии се покажуваат како помалку ефикасни. Не ја прекинувајте терапијата до крајот, во спротивно може да дојде до повторна инфекција. Најдобро е вагиналетите или кремата да ги ставате пред спиење, така нема веднаш да истечат и ќе се задржат подолго на местото. Пожелно е да ставите од кремата и околу вагиналниот отвор, а не само внатре. Олеснување на симптомите на кандида треба да почувствувате по неколку дена од почетокот на земањето на терапијата. Доколку нема подобрување разговарајте со вашиот лекар за да добиете замена со друга терапија. Дали кандидата ќе му наштети на бебето Кандидата нема да му наштети на развојот на бебето но создава неугодности. Сепак може да се случи при раѓањето и поминувањето низ родилниот канал бебето и самото да добие кандида. Доколку кандидата се пренесе кај бебето може да ги има следните симптоми:
  • Бели траги во устата, кои не се бришат.
  • Светло црвенило и осип на интимните делови на бебето.
Доколку кај бебето се јават знаци на кандида лесно може да се излечи. Како да ги намалите шансите за да добиете кандида  
  • Кандидата се размножува на влажно и топло место. Затоа обидете се интимниот дел и вешот секогаш да ви бидат суви.
  • Носете памучен веш кој ќе и дозволува на кожата да дише. Никако немојте да носите синтетика.
  • Спијте без веш. Ако не можете да спиете без ништо, тогаш облечете само широки памучни пижами.
  • По капење веднаш заменете го влажниот костум за капење.
  • Ако сте испотени веднаш заменете го влажниот веш со сув.
  • Избегнувајте секојдневни улошки, парфимирана тоалетна хартија, парфимирани сапуни, вагинални спрејови, детергенти со силен мирис и сл.
  • Мијте го инимниот дел со топла вода, во бременоста никако немојте да практикувате внатрешно измивање.
  • Избегнувајте да јадете шеќер. Кандидата го користи шеќерот за исрана па побрзо ќе се размножува. Јадете повеќе зеленчук, житарки и протеини.
  • Одмарајте, така вашето тело ќе има повеќе сила да се бори со инфекцијата.
  • Многу жени велат дека им помага јогурт збогатен со култура од Lactobacillus acidophilus, која помага во одржувањето на нормалната микро флора.




ИЗВОРНА ПОРАКА: prvenka

Mozda ne e bas temata za toa,no ke Ve prasam dali nekoj ima iskustvo so ureaplazma.taa bakterija mi ja otkrija na poslednive brisovi,moze li taa da pravi problem pri zabremenuvanje.Ve molam za vase iskustvo,dali posle lecenje ste ostanale bremeniuser posted image


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?