arh_diz -> RE: Кандида-на женските гениталии (21.12.2010 12:39:50)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica Што е кандида Кандидата е многу чест проблем во бременоста. Тоа е инфекција предизвикана од микро организмот Candida albicans. Кандидата е природен жител на вагината и цревниот тракт, но кога ќе се размножи во претерано голем број и почнува да ги надминува другите полезни микро организми станува проблем. Во бременоста во телото на жената се лачи поголема количина на хормонот естроген, кој пак предизвикува во вагината да има и поголема количина на гликоген. Гликогенот пак то го засилилува растот на кандидата бидејки таа се храни со шеќери. Некои научници сметаат дека естрогенот има и директно влијание врз кандидата со тоа што овозможува нејзин поголем раст и полесно прилепување за ѕидовите на вагината. Ако земате антибиотици особено подолго време имате уште поголеми изгледи за да добиете инфекција од кандида. Антибиотиците покрај штетните бактерии ги уништуваат и корисните заштитни бактерии од вагиналната микрофлора и со тоа го олеснуваат растот на кандидата. Симптоми на кандида Во случај на инфекција со кандида најчесто се присутни следните симтпоми: - Чешање, печење, болка и црвенило на вагината.
- Вагинален исцедок со бела боја, кремаст или сирест. Мирисот е на квасец или леб.
- Неугодност или болка за време на сексуалните односи.
- Печење за време на мокрењето (кога урината ги допира веќе иритираните делови).
- Понекогаш може да се јави и отеченост.
Третирање на кандидата Немојте да земате лекарства без да ви бидат препишани од вашиот лекар. Можеби се работи за друга инфекција, а некои лекарства можат да бидат и штетни во бременоста. Задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог за да биде потврдено дека се работи токму за кандида, во спротивно причината за вистинската инфекција би останала неретирана. Доколку се потврди дека станува збор за кандида лекарот ќе ви препише соодветна крема или вагитории. Во бременоста не се земаат орални средства против кандида. Повеќето лекари прешишуваат седум дневна терапија, затоа што пократките терапии се покажуваат како помалку ефикасни. Не ја прекинувајте терапијата до крајот, во спротивно може да дојде до повторна инфекција. Најдобро е вагиналетите или кремата да ги ставате пред спиење, така нема веднаш да истечат и ќе се задржат подолго на местото. Пожелно е да ставите од кремата и околу вагиналниот отвор, а не само внатре. Олеснување на симптомите на кандида треба да почувствувате по неколку дена од почетокот на земањето на терапијата. Доколку нема подобрување разговарајте со вашиот лекар за да добиете замена со друга терапија. Дали кандидата ќе му наштети на бебето Кандидата нема да му наштети на развојот на бебето но создава неугодности. Сепак може да се случи при раѓањето и поминувањето низ родилниот канал бебето и самото да добие кандида. Доколку кандидата се пренесе кај бебето може да ги има следните симптоми: - Бели траги во устата, кои не се бришат.
- Светло црвенило и осип на интимните делови на бебето.
Доколку кај бебето се јават знаци на кандида лесно може да се излечи. Како да ги намалите шансите за да добиете кандида - Кандидата се размножува на влажно и топло место. Затоа обидете се интимниот дел и вешот секогаш да ви бидат суви.
- Носете памучен веш кој ќе и дозволува на кожата да дише. Никако немојте да носите синтетика.
- Спијте без веш. Ако не можете да спиете без ништо, тогаш облечете само широки памучни пижами.
- По капење веднаш заменете го влажниот костум за капење.
- Ако сте испотени веднаш заменете го влажниот веш со сув.
- Избегнувајте секојдневни улошки, парфимирана тоалетна хартија, парфимирани сапуни, вагинални спрејови, детергенти со силен мирис и сл.
- Мијте го инимниот дел со топла вода, во бременоста никако немојте да практикувате внатрешно измивање.
- Избегнувајте да јадете шеќер. Кандидата го користи шеќерот за исрана па побрзо ќе се размножува. Јадете повеќе зеленчук, житарки и протеини.
- Одмарајте, така вашето тело ќе има повеќе сила да се бори со инфекцијата.
- Многу жени велат дека им помага јогурт збогатен со култура од Lactobacillus acidophilus, која помага во одржувањето на нормалната микро флора.
ИЗВОРНА ПОРАКА: prvenka Mozda ne e bas temata za toa,no ke Ve prasam dali nekoj ima iskustvo so ureaplazma.taa bakterija mi ja otkrija na poslednive brisovi,moze li taa da pravi problem pri zabremenuvanje.Ve molam za vase iskustvo,dali posle lecenje ste ostanale bremeni[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|