Еца -> RE: Младите мажи што треба да знаат за ракот на тестисите (25.6.2009 2:08:14)
|
Како се обавува самопрегледот на тестистите? После туширањето треба да се застане пред огледало и добро да се прегледа пределот на половите органи. Важно е да се примети дали постои промена во големината на скротумот (присуство на оток). Секој тестис треба да се прегледа посебно. Со двете раце се опфака тестисот така да со дланките се оценува големината и тежината на тестисот,а со лесен притисок се пропушта низ прстите на двете раце (показалецот и средните прсти од доле и палците од горе). Површината на тестисот треба да биде мазна на допир,без неравнини и тврдини. Нормално е да двата тестиса не се со иста големина, а едниот може да биде пониско поставен од другиот. Се продолжува со преглед на епидидимот, кој се наоѓа позади секој тестис и е со потврда конзистенција од ткивото на тестисот. Преглед се прави и на семеноводите кои се пипаат како подвижни цврсти цевки. Од кога ке се прегледа едниот тестис, се продолжува со внимателен преглед на другиот. Доколку при самопрегледот се напипа тврдо чворче во тестисот или во околните регии, веднаш, без чекање треба се се оди на преглед кај лекар. Туморот обично се наоѓа само во едниот тестис, така да и во случај на операција која се прави при карциномот на тестисот( отстранување на целиот тестис со туморот) останатиот здрав тестис е доволен за потполна сексуална функција. Совети до младата машка популација Научете како се прави самопреглед на тестисите и редовно, еднаш месечно направете го. Имајте на ум дека карциномот не боли се додека не дојде во понапреднатите стадиуми, така да тоа што нема болка, не е и гаранција дека нема присуство на карцином. Немојте да ги избегнувата редовните контроли кај вашиот лекар и кога сте здрави, плашејќи се да не ви откријат нешто. Подобро е, ако веке нешто постои, да се открие на време, отколку да се одолговлечува, бидејќи на тој начин директно си го загрозувате сопствениот живот. Немојте да го одлагате прегледот кај вашиот лекар ако приметите некои симптоми и знаци затоа што ви е срам или страв од прегледот. Имајте во предвид дека секој дел од нашето тело е подложен на малигни оболувања. Ракот не знае за срам. Кажете и покажете му ги и најмалите промени што сте ги забележале на вашиот лекар. Не пресудувајте сами што е важно а што не. Бидете спремни за понатамошни испитувања со цел да се утврди вашата права здравствена состојба. Тоа е предуслов за превземање на адекватна терапија, ако е таа потребна. (преземено од мак. портал за ракот)
|
|
|
|