Прва работа што ја направивте во Новата година (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Snowhite RR -> Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 12:18:39)

Велат што на Нова година, тоа цела година

Јас прво си исчистив дома, зашто хаос ми беше, значи цела година ќе работам хехе

Што направивте вие?




sandriana RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 12:23:38)

Ако сметаме од утрово што прво сработив - најосновното, рутинско местење постела, па лезетски појадок и кафе.
Не сакам Новата година да ми биде оптеретена [sm=smiley36.gif].




Палешка РР -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 12:46:40)

Утрово сварив кафе и седнав прво на РР. А сношти по 12 часот се бакнував, си честитав се напив и играв...и најважно многу бев среќна. Мислам дека убаво ми почна годинава [sm=zz_dance.gif]




Martins mom -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 13:04:44)

Срам ми е да ви кажам[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 13:32:58)

Ех срам, кажи си ајде..или во друга тема анонимно ќе кажеш?[sm=jezicek.gif]




Goddess* -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 13:33:02)

Jas pak imam slushnato deka toa vazi za 2 Januar,kako toj den ke go isterate,taka cela godina.




Mihaela 2010 -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 13:50:53)

Nokeska sreduvav pa si legnav.. sabajle kafe dorucek i si se izbanjav




Melanija RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 14:47:08)

После цагер со мм си легнавме, а М веќе спиеше.Прво нешто беше будење во 4 за млеко [sm=zaspan.gif] па 9 мењање пелени и млеко [sm=smiley36.gif] повеќе од очигледно е каква година ни следи[sm=smiley1.gif] убава [sm=duda.gif] и [sm=zaspan.gif][sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 14:56:11)

Прво нешто што ме пречека утрово беа пораки на телефонот, и почнав да враќам. Куцкање на тел? Пак истото цела година? Не ваљда...[sm=zz_unsure.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 14:56:39)

Јас сум на работа :( Не ми се допаѓа почетокот на мојата нова година, работно :))))




Bethany -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 15:04:00)

После кафе и појадокот, се избањав и издепилирав. Јуппииии ќе бидам чиста и мазна цела година [sm=zz_giggle.gif]
Се на се, убав опуштен ден до сега, со моите најсакани [sm=zz_inlove.gif]




Felly RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 15:16:02)

Синоќа после 12, баш лежерно и опуштено, ништо посебно не направив, а исто и сабајле, со М станавме рано па се радувавме на ситниците што Дедо Мраз ги оставил во чорапчето. [sm=zz_happy.png]




mommy_angels RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 15:59:25)

Убаво почнат ден,си игравме со А и си се радувавме на новите играчки
А де, и дооооооооооооолго време пробувавме да го разбудиме тати,нешто мрзливо ни ја почна годината [sm=zz_wink.png]




vezilka RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 16:23:33)

Богами и нас мрзливо ни почна годината, спиевме до 11, а после си отворавме пакдтчиња и поклони, па си доручкувавме уз цртани. А синоќа после 12 јадевме, пиевме и бистревме филозофии за родови стееорорипи кај деца. Уствари и ја испуштивме НГ од тие филозофии, па подоцна си честитавме.




Annet -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 16:56:46)

i nie,se raduvavme na podarocite,se iznajadovme..e sabajle se isfrizirav malku taka,po gosti,sea sum ko od svadba da si idam,umorna,ama ke pomine.e utre e Ignet,velat sto ke prais utre cela godina taka ke ti bila:))))




Мамичка85 -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 17:03:00)

Martins mom koga ke razmislam i mene mi pocna isto sto da pravam koga [sm=duda.gif] Lina so site provokacii ne iskaca inat uste od sega [sm=jezicek.gif] toa e jarec vo horoskop [sm=jezicek.gif]




Martins mom -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 22:38:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ех срам, кажи си ајде..или во друга тема анонимно ќе кажеш?[sm=jezicek.gif]

Таму ќе си ги пишам впечатоците[sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (1.1.2014 23:01:56)

Mnogu mrzelivo mi pocna godinata,cel den se vleckam niz doma,se uste sum umorna i pospana i bogami ne mi e ni do cistenje ni do setanje.Utre odmoreni i so novi sili pocnuvame od pocetok pak.Ae belkim nema da mi bide mrzeliva cela godina,zosto kako mi zapocna.[sm=smiley22.gif]




deluxe -> RE: Прва работа што ја направивте во Новата година (4.1.2014 13:06:14)

После 12 часот ,јадев торта[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] си се занимавав со децата,и си легнав.А утрото задолжително си го испив моето кафенце со цигарче во тандем[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Страница: [1]