LoveableMe RR -> RE: Х Фактор (8.1.2014 15:39:22)
|
Ме погоди на темава, вчера легнав после 12.00, гледајќи го Х фактор. Дефинитивно добар шоу и добра можност за сите талентирани да можат да добијат шанса и да направат музичка кариера. Сметам дека овие кои се избрани досега, се навистина квалитетни и дека заслужија да дојдат до овде, со исклучок на Новаковиќ, не знам девојкава зошто ја форсираат ни песна знае да испее, ни настап асален имаше досега (барем според мене). Останатите се сите добри и тоа што ги групираа кој соло -кој во група да пее е многу добро, секоја чест за жирито, бидејќи на тој начин тие се претставија одлично. Многу интересни е што Фифи и Џогани иако немаат некои посебно надарени гласови, сепак заедно звучат одлично и секоја чест што така ги споија. Вчера посебен впечаток ми остави и дечкото што пееше шпански Алекс беше ли и Тамара ли беше девојката кај Жељко мислам беше што пееше песна од Зана Нимани. А за малата Илма од Босна - чудо од дете, стварно супер е. За нашиот бисер Даниел, што да кажам дечкото е топ, само што вчера имав впечаток дека од почеток беше многу фокусиран на настапот, движењата, да не хиксне негде и во првиот дел од песната како да пееше така- потоа во вториот дел почна да се внесува и тоа беше оној наш Даниел. Му посакувам среќа понатака бидејќи навистина има специфичен глас. Во однос на критиките, на Кристина за некои беа издржани зошто овој Кико ли беше судијата им даде малку подзаборавени песни на млади девојки, кои не ги ни знаат, иако добро настапија, сепак, можеби во иднина треба малку посовремени песни да се изведуваат. Се на се, одлично - настап, учесници, жири, публика, суперрр!!
|
|
|
|