vezilka RR -> Масажа за трудници (10.1.2014 10:04:57)
|
Една од најзначајните биолошки функции на женскиот огранизам е репродуктивната способност, односно мајчинството. За време на бременоста во организмот на жената настануваат низа промени кои ги зафаќаат речиси сите органи и органиски системи. Овие промени можат да доведат до низа несакани последици во однос на мајката и нејзиното дете. Со правилно организираните телесни вежби и активности, и со масажата не само што се подобрува општата состојба туку се намалува и ризикот од евентуали последици кои можат да се јават за време на бременоста, при породувањето и непосредно потоа. Инаку за потполна релаксација се препорачуваи мануелна, односно рачна масажа. Релакс масажата ја олеснува тензијата и е одлична алатка во борбата против стресот, главоболките, несоницата и вкочанетоста на телото. Дали знаете местакаде има специјализирани пакети за масажа на трудници?
|
|
|
|