Snowhite RR -> Заеднички роденден (11.1.2014 0:17:48)
|
Родендените на моите деца се 10 дена разлика, па се одлучивме да ги правиме во еден ден, односно заедно за двајцата. Мислам дека нема смисла во рок од 10 дена два пати да ги каниме истите луѓе. Па се одлучивме, бидејќи на Јана и е прв роденден, да го правиме на 18ти, т.е. на нејзиниот. Закажавме игротека и наместо час и половина колку што обично траат родендените, го закажавме да трае два и пол часа, се надевам дека Јана ќе издржи. Нема дома да правиме, така што сите од старо до мало ќе бидат поканети во игротеката каде што ќе има посебен дел дали со шведска маса или нешто слично треба накнадно да се договориме, за повозрасните. Тортата ќе биде по желба на Михаил, бидејќи Јана се уште не разбира и ќе биде со Дора, таа ни е актуелна периодов, треба уште да ја порачаме. Домашни кифлички, ордевери, салатка некоја, значи стандард мени ќе има Дајте ми некој предлог што би можело друго нешто да организираме за да биде интересно. М не сака кловн, а друго не ми текнува. Да напоменам дека не сме баш ограничени со буџет со оглед на тоа што во секој случај заштедуваме како за еден роденден, а правиме два и затоа сакам и нешто плус да има Дали некој од вас правел два во едно роденден[sm=zz_showoff.gif]
|
|
|
|