Колку време за цртани? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


vezilka RR -> Колку време за цртани? (14.1.2014 16:02:50)

Никола до скоро, додека залади, не гледаше ама скоро воопшто цртани. Како се прибравме дома, се закопавме пред телевизор. Ако не е на ТВ, тогаш бара на компјутер да му пуштиме, аке не комјутер, тогаш бара на телефонот..и се така. Ако сме дома во состојба е цел ден да гледа цртани. Ништо не може да му привлече внимание, со ништо не си игра подолго од 10-15 минути.Кога е со други деца сака да си игра, да трча и се што одговара на неговата возраст, ама дома, не..само цртани. Лани зима си игравме заедно, сега ќе си поиграме малку и губи интерес, пак бара да му пуштиме. Периодот кога почна да гледа многу цртани се поклопува со периодот кога јас останав бремена и многу ми се лошеше, па не можев да му се посветам максимално. Дали е случајно или не не знам, ама ете бељата е направена. Не знам веќе што да измислам за да го оттргнам од цртаните.




Defne90 RR -> RE: Колку време за цртани? (14.1.2014 16:38:01)

I nie sme istite ili igrame video igri ili gledame crtani.Posebno pak koga sme si sami koga tatko im ne e doma togas znae i ppo 3 4 saati da sedi pred kompjuter i da gleda crtani.Mene voopsto ne me recka i si sedi kolku sto si saka pred kom.Gledam i maloto kako go gleda brat mu i toa pocna da bara da gleda.ke visne pred kompjuter i ke kenka dodeka ne mu go pustam da gleda nesto.I jas sum zagrizena najveke zaradi vidot uste sega pred kom kade im e krajot.No ponekogas znaat i da se zaigraat i da gi batalat crtanite.Si se nadevam deka koga A ke potporasne uste malku ke pocnat da si igraat pocesto i nema tolku cesto M da gleda crtani.




Bethany -> RE: Колку време за цртани? (14.1.2014 20:26:34)

се случува да одеднаш седи пред компјутер повеќе од саат време, ама гледам да тоа не е секој ден.
Некогаш треба нешто да завршам и така го оставам повеќе, ама кај нас е добро што тој не се буни кога му кажам дека е доста гледање цртани. Ако се побуни јас му кажам дека и цртани треба малку да одмори, и тој очите да ги одмори, и тој ете се уште го прифаќа тоа објаснување [sm=smiley1.gif] Му понудам играчки, му дадам некој друг предлог, па тој не се буни.
Дефинитивно, зима е лош период кога повеќе сме дома и му е досадно и му пуштам цртани повеќе пати во денот по пола саат пример.
Ама дефинитивно гледам да не биде многу време тоа, барем не континуирано гледање, туку барем со паузи од неколку саати.




Snowhite RR -> RE: Колку време за цртани? (14.1.2014 22:35:10)

I kaj nas istata pesna otkako zaladi ili na tv ili na pc sedi a mene toa epten mi preci. Ajde nekogas da se zalazi da bise miren ak ja zaspivam J, ama posle toa ne saka da stani bez fa go iskaram i so sila da mu isklucam. Nekogas uspevam da go zalazam so nesto, ama najcesto ne se zalazuva, ne znam sto ke se pravi.zimava




mommy_angels RR -> RE: Колку време за цртани? (14.1.2014 23:17:54)

А до пред една недела апстинираше од цртани [sm=smiley36.gif] Ама буквално ништо не и задржуваше внимание повеќе од 2 минути,а пробував Ноди,Мики Маус,Трактор Том,Том и Џери итн итн ,ништо не сакаше да гледа Тоа ја држеше некои добри 3-4 месеци
Е сега и се вративме на Маша [sm=smiley36.gif]...си ја бара веднаш штом ќе стане наутро и штом ќе се врати од градинка,значи некаде двапати дневно по пола саат
Се си мислам тоа итроштините и бељите од Маша ги учи,затоа си ја сака [sm=zz_mstickle.gif]




vezilka RR -> RE: Колку време за цртани? (15.1.2014 9:11:31)

Вчера читајќи ги муабетите на една група жени, а еве и овде се споменува истото дека некогаш ние самите сакајќи да се одмориме, или да завршиме некоја работа им дозволуваме да погледаат подолго. Јас така почнав, кога ми беше лошо и не бев во состојба да гои играм цело време откако ќе се приберевме дома после градинки, работа и слично, почнав да му дозволувам да гледа подолго. Предходно се знаеше се гледаа 2 цртани, и толку беше мерката..и не се бунеше. Е откако неколку пати му дозволив подолго да гледа, се стори бељата. Муабетот ми е дека сама сум крива. Цртаните се такви, така се направени за да го привлечат детското внимание, туку нашево темпо на живот што не ни остава доволно време за децата.. [sm=zmeden.gif] Сега смислувам чаре како да го вратам во игрите, ама тешко ми успева.




Bethany -> RE: Колку време за цртани? (15.1.2014 15:03:46)

е така е Везилке. Некогаш го оставам свесно поради нешто да завршам, или ете пример вчера имавме пријатели на гости, со нивните деца.
И тоа веќе да седат мирни, да не се закачат, да не врескат и слично, да може муабет малку да си направиме, им пуштивме цртани и ги заборавивме. [sm=smiley1.gif]
Или во ситуации како денес,кога едвај се движам и сум малаксана и настината, највероватно ќе му дозволувам повеќе, само јас да си одморам на раат [sm=zmeden2.gif]
Ама, сепак јас па не гледам нешто толку лошо во тоа, дали дека немаме проблем (се уште), ама во моментов му благодарам на оној што измислил цртани, верувај [sm=smiley36.gif]




Страница: [1]