|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Тестови за бременост
1.11.2009 2:03:55   
ripce
Најлесниот начин да дознаете дали сте бремена или не е да се направи тест за бременост. Само четири дена по оплодувањето, јајце клетката започнува да произведува човечки хормон наречен хорионски гонадотропин (hCG). Овој хормон се наоѓа во крвта, и останатите телесни течности кај жената. После оплодувањето најпрво може да се утврди подигнатото ниво на hCG во крвта, а по неколку дена во урината.

Најголем број на тестови за бременост се базираат на утврдување на постоење на овој хормон во урината. Примерок на урина е многу полесно и повеќе удобно, отколку земање примерок од крвта од нашите вени. Тестовите се главно врз основа на hCG и реакција помеѓу антитела против овој хормон. Антителата се наоѓаат на плочата каде се аплицира капка урина. Промена на боја на реагенсот е потврда дека оваа реакција, всушност се случува, или дека некоја жена е бремена.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Тестови за бременост
1.11.2009 22:17:14   
mami
па мислам дека направив едно 5 теста, вклучувајќи го и оној пред една недела скоро :) прво направив тре- додека се сомневавме дали сум или не, третиот покажаuser posted image и четвртиот го правев откако докторот ми утврди бременост- чисто да се осигурам уште еднашuser posted image user posted image user posted image
Петтиот го правев пред една недела, кога ми се појавија симптоми како со Лука, ама среќа, ништо немаше

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Тестови за бременост
1.11.2009 22:53:02   
denicka
i sega ima ili nema? ke se casime li ?????? ne me drzi vo neizvesnost te moooooollaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaam user posted image

_____________________________

Bless and you will be blessed!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Тестови за бременост
1.11.2009 22:56:18   
mami
па нормално дека немааааа
рано е уштеuser posted image за второ дете мислам, да не ме сфатите погрешно

(Одговор на членот denicka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Тестови за бременост
1.11.2009 22:58:57   
denicka
nikogas ne e rano, nikogas ne e kasno. i nemoj ti na mene normalno, tuku fakaj se za rabota user posted image user posted image user posted image  na luka mu treba drustvo, dosadno ke mu bide na deteto user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Bless and you will be blessed!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Тестови за бременост
21.1.2010 11:50:26   
mis.
Најдобро е тестот за бременост да го направите околу 14 дена по овулацијата.
Вгнездувањето на оплодената јајце-клетка во ѕидот на матката се случува 6 – 12 дена по овулацијата. Позитивен тест за бременост се добива три до четири дена по вгнездувањето, кога нивото на hCG во крвта и урината достигнува поголема концентрација. Доколку го направите тестот многу рано, може да добиете лажно негативен резултат. Ова се случува ако се тестирате во периодот по оплодувањето на јајцеклетката, а пред таа да се вгнезди. Затоа, доколку е негативен, тестот треба да се повтори по неколку дена.
Овие информации се однесуваат на тестовите за бременост за широка употреба, кои го регистрираат присуството на хормонот hCG во урината. Постојат и други посовремени лабораториски методи за докажување на бременоста, кои се поосетливи и порано ја докажуваат бременоста.

(Одговор на членот denicka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Тестови за бременост
21.1.2010 11:54:04   
profesorica
јас го правев 14 дена после денот на зачнување.или ако певеќе сакате недела дена после планираното доцнење на менструацијаuser posted image user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил profesorica -- 21.1.2010 11:56:42 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Тестови за бременост
21.1.2010 11:54:29   
mis.
Кога останав бремена со Мартин не се сеќавам колку време ми каснеше но знам дека го правев пред спиење чекав да видам што ќе покаже но немаше ношто на него.Го оставив така и погледнував од време на време и немаше ништо па викам ќе купам друг и кога после 30 мин гледам оп две црти.За Стефан правав после 2 дена доцнење рано наутро на прва урина и покажа две црти после 5 мин.Бев на ехо значи една недела пред терминот за добивање и гинекологот кажа дека ќе добијам и оп после две црти.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Тестови за бременост
21.1.2010 13:23:52   
Adrijana
Tie dva meseca dodeka se trudevme da ja "napravime" Eva jas visev sekoj den vo aptekite i ne se znae kolku testovi napraviv. user posted image  mi pokaza testot sto go napraviv na tretiot den po zadocnuvanjeto na menstruacijata, i toa izleze epteeen bledo, sto duri si mislev i da ne mi se pricinuva slucajnouser posted image .

_____________________________



(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Тестови за бременост
21.1.2010 13:25:33   
arh_diz
jas prviot pat napraviv test posle 3 dena i mi pokaza user posted image .Duri i go pravev navecer. A sega nepravev test. Bev redoven posetitel kaj mojot ginekolog user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Тестови за бременост
11.2.2010 18:44:11   
penelopa
Повеќето жени знаат како е да си во неизвесност чекајќи да дознаеш дали си бремена или не. Некои со нетрпение чекаат да добијат позитивен одговор и да започнат да се радуваат на мајчинството, а други пак се молат да добијат негативен резултат кога сметаат дека не се подготвени да бидат родители. Тестот за бременост е најбрзиот метод за добивање на одговор на прашањето „дали сум бремена". Најдоброто кај овие тестови е што можат да се направат во домашни услови, нудат приватност и се многу распространети – ги има во секоја аптека.Домашните тестови за бременост се тестови на урината. Тие го детектираат присуството или отсуството на хормонот hCG (human chorionic gonadotropin) во урината и во зависност од тоа даваат соодветно позитивен или негативен резултат. hCG хормонот започнува да се произведува од плацентата во случај на бременост и придонесува за појавата на некои од првите симптоми на бременоста, како чувствителност на градите и гадење.
Видови тестови за бременост user posted image

Различни тестови за бременост Иако постојат различни видови на тестови за бременост, повеќето функционираат на ист начин. Најчесто треба да го поставите крајот на едно стапче (лента) во потокот на урина или да го потопите неколку секунди во мала чашка со урина. После една до две минути ќе го добиете резултатот. Постојат различни начини за отчитување на резултатите. Кај некои тестови се појавува знак плус (бременост) или минус (отсуство на бременост), а кај други пак се појавуваат две вертикални цртички (бременост) или една (отсуство на бременост). Доколку добиете нејасни резултати, најдобро е да купите нов тест за бременост од друга марка. Чувствителност и точност на тестовите Тестовите од различни марки имаат различна чувствителност. Некои можат да го „уловат" присуството на hCG хормонот 4-6 дена пред датата на која што очекувате да започне вашата менструација. Но, колку порано го правите тестот, толку е поверојатно да добиете грешен негативен резултат, т.е. тестот да покаже дека не сте бремена кога всушност сте. Некои производители ја посочуваат чувствителноста на тестот. Тоа значи дека ја посочуваат најниската концентрација на хормонот hCG, која што можат да ја детектираат. Колку помала концентрација е посочена, толку почувствителен е тестот и порано може да ја открие бременоста. На пример, ако пишува дека тестот може да детектира 20mIU hCG/ml (мили интернационални единици на милилитар урина), тоа значи дека тој е почувствителен од тест што тврди дека може да открие hCG при 40-50mIU/ml. Според повеќето производители, тестовите за бременост даваат точни резултати во 99% од случаите, но само ако се употребуваат правилно. Совети за употреба Правилната употреба на тестот за бременост е предуслов за добивање на точен резултат. Еве неколку совети за начинот на користење на тестовите:
  1. Проверете го рокот на употреба. Ако го имате тестот дома подолго време, прво што треба да направите е да го проверите рокот на употреба. Доколку сте го чувале тестот на влажно место (бањата), тогаш најдобро е да си купите нов.
  2. Прочитајте го упатството. Постојат различни тестови за бременост и сите тие се употребуваат на различен начин. Затоа е многу важно пред употребата да го прочитате внимателно упатството. Следете го секој чекор.
  3. Направете го тестот наутро со првата урина. Концентрацијата на hCG хормонот е најголема наутро, па најлесно може да се детектира.
  4. Немојте да пиете многу течности пред да го правите тестот. Некои жени пијат многу течности за да го зголемат количеството урина, но на таков начин постои ризик да се разводни концентрацијата на hCG.
Лажен негативен и лажен позитивен резултат Многу почесто се појавува лажно негативен резултат, отколку лажен позитивен. Лажен негативен резултат се добива ако:
  • Тестот е направен премногу рано. Почекајте за да го направите тестот барем еден ден откако ќе утврдите дека ви доцни менструацијата. Тогаш најрано може да биде уловено присуството на hCG во урината.
  • Тестот не се употребува правилно. Многу е важно да внимавате на посочените инструкции. Ако треба да користите урина во чашка, не го правете тестот доколку поминале 15 минути откако сте уринирале. Не ги чувајте стапчето или лентата предолго потопени во урината. Во упатството на секој тест е точно посочено колку време треба да го чувате потопен и после колку време можете да ги прочитате резултатите.
  • Сте пиеле премногу течности. Консумирањето на големо количество течност непосредно пред употребата на тестот може да придонесе за појавата на лажен негативен резултат, затоа што се намалува концентрацијата на hCG во урината.
Лажен позитивен резултат. Иако се случува многу ретко, може да се добие и лажен позитивен резултат ако во скоро време сте пометнале, сте извршиле абортус или примате лекови кои што содржат hCG. Кога е најдобро да правите тест за бременост? Повеќето тестови тврдат дека покажуваат точен резултат ако се употребат на првиот ден од задоцнувањето на менструацијата. Но, за најточни резултати најдобро е да почекате да измине една седмица од датата на која што по правило би требало да ви започне менструалниот циклус. Ако направите тест неколку дена по задоцнувањето на циклусот и добиете негативен резултат, тоа не значи дека 100% не сте бремена. Доколку во наредните денови не добиете менструација, повторете го тестот.

Извор: фемина.мк


< Поракaта ја уредил penelopa -- 11.2.2010 18:45:23 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Тестови за бременост
12.2.2010 12:52:40   
Cacko
Ja testot go napraviv na 13.12.2008 a Elena e napravena na 19.11.2008 pa sea vie racunajte siuser posted image i mi pokazauser posted image .toa bese 3 pat da pravam test(prethodnite 3 meseci po 1) ama bea negativni a ja user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Тестови за бременост
11.3.2010 19:24:02   
meruska
Zdravo mamicki, mozebi ne sum mnogu aktuelna so temite i prasanjata no ve sledam redovno..Sakav da ve prasam dali posle 8-9 den od ovulacija moze da se doznae dali si bremena so ispituvawe na krvta i dali nekoj znae dali toa moze da se napravi vo bilo koja labaratorija i kolku cini..ve molam za odgovor

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 9:04:21   
dostickage
Meruska mislam deka i da napravis ne znam kolku kje ti e verodostojno.8-9 dena posle ovulacija mozebi uste i ne e fateno.Idrzi i pocekaj si dali kje ti dojde.

Jas licno ja napraviv taa greska ocekuvajku bremenost.Kupiv eden test bas vo toj period i mi pokaza negativen.Posle kulturno si pocekav i dobiv user posted image na sto se preraduvav user posted image

(Одговор на членот meruska)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 9:24:45   
vezilka RR
Здраво meruska. Убаво од тебе што ни се прикличуваш во дискусијата и се надевам дека убаво ќе се дружиме. Што се однесува до тестовите преку крв и мене ме заинетресира, бидејќи неколку луѓе различно ми кажуваа и јас фино лепо сега се јавив во неколку лаборатории да прашам:)  И ми рекоа дека најрано што може да се направи е 14 дена по денот на овулација за да покаже сигурни резултати и на приватно кошта 700 МКД. Иначе тестот го прават во ското сите лаборатории и со сини картончиња сигурно не е многу скапо.

(Одговор на членот meruska)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 9:34:56   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

и на приватно кошта 700 МКД. Иначе тестот го прават во ското сите лаборатории и со сини картончиња сигурно не е многу скапо.


во систина тестот за бременост преку крв е 350 ден.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 10:33:30   
meruska
Fala vi na site za brziot odgovor..samo ne ja svakam logikata deka najrano za 14 dena od ovulacija toa e vsusnost prv den od slednata menstruacija, pa neli toa e ispituvawe za pobrzo doznavanje.
No toa e mora da se strpime, ako nekoj ima iskustvo za ova neka pise, fala vi na site uste ednasuser posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 10:38:26   
matushka
Moja drugarka napravi test 3,4 dena otkako i kasnese i se pokaza negativen, a za 2 nedeli se pokaza pozitiven.
zatoa za posigurno pocekaj barem 10 dena otkako ke ti kasni ciklusot.

(Одговор на членот meruska)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 10:43:33   
Mila na mama
Значи за да покаже точен резултат тестот потребно е да се излачува хцг хормон во организмот кој се излачува само откако оплодената јајце клетка е сместена во матката. Кај сите е тој процес со различно траење па затоа се препорачува да почекате до денот кога треба да добиете. Има тестови кои се препорачуваат 1 ден па и 3-5 дена по изостанување на циклусот, а кај некои е битно и да се прави наутро со првата урина бидејќи во текот на ноќта имало време да се зголеми концентрацијата на овој хормон в урината.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Тестови за бременост
12.3.2010 10:45:20   
matushka
Jas go kupuvam Be save testot , ne e skap okolu 110 denari e, a e mnogu siguren...

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Тестови за бременост
16.3.2010 10:50:43   
meruska
Здраво Мамички, направив домашен тест и ми излезе негативен , можно ли е да е погрешен затоа сто е рано треба да добијам за неколку дена? 

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Тестови за бременост
16.3.2010 22:06:14   
dani85
ne znam dali treba tuka da go postavam prasanjeto ili na druga tema. mi docni 8 dena i napraviv domasen test i izleze negativen. mozno li e da sum go napravila mnogu rano? inaku trebase da mi dojde na 7.

(Одговор на членот meruska)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Тестови за бременост
16.3.2010 23:01:17   
mother 29
па јас мислам дека после недела дена доцнење, не треба да е рано за тест...сепак повтори го утре со прва мокрача..ако не појди на гинеколог!

(Одговор на членот dani85)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Тестови за бременост
17.3.2010 0:01:45   
Maca25
Јас неможев да поверувам дека сум бремена со Нина, иако ми каснеше цел месец. Ама јас со нередовна менструација и ич не се замарав. Се додека не почна да ми се лоши. Мм купи 3 теста, сите беаuser posted image , ама јас не верував дека сум бремена. Ноќта во 12 отидовме до друга аптека и купивме уште 1. И тој позитивен. Јас уште не верував (будала), затоа што два месеци претходно правев тест, излезе позитивен и јас после 2 дена добив најрегуларно. Следниот ден отидов на гинеколог и ми ја потврдија бременоста - 7 недела.

Сега може 2 пати месечно правам тест за бременост, затоа што не добивам. Утре закажувам на гинеколог, ова мора некако да го решам.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Тестови за бременост
17.3.2010 0:09:10   
druze
Ееееее колку тестови имам купено до сегаuser posted image ама тоа е тоа, ситеuser posted image user posted image
па се надевам еден ден дека ке видамuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?