ripce -> RE: Плацента превиа (6.11.2009 20:24:33)
|
ШТО Е ТОА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА [image]http://www4.slikomat.com/09/1106/y7u-previa.jpg[/image] Плацентата му овозможува на бебето да прима храна и кислород преку папочната врвца. Таа е орган кој нормално се наоѓа внатре во матката, близу при нејзиниот врв. Плацента превиа пак значи дека плацентата се наоѓа премногу ниско, близу до вратот на матката. Постојат неколку варијанти на плацента превиа: - Комплетна плацента превиа, кога грлото на матката е целосно покриено со плацентата.
- Делумна плацента превиа, кога грлото на матката е делумно покриено со плацентата.
- Маргинална плацента превиа, кога плацентата се наоѓа на работ на грлото на матката.
- Ниска плацента превиа, кога плацентата се наоѓа во долниот дел на матката, но не го допира отворот.
Доколку се забележи плацента превиа во првото или второто тромесечие нема никаква причина за загриженост. Всушност многу бремености започнуваат со таква плацента. Како што расте и се шири матката, плацентата спонтано се повлекува нагоре и се подготвува за породувањето. Плацента превиа се среќава кај една на 200 бремености. Само кај 10% од жените со забележана плацента превиа до средината на бременоста, останува таква до породувањето. Најмали шанси за спонтано повлекување има доколку се работи за целосна плацента превиа. Во принцип колку покасно ќе се заблежи плацентата превиа, има помали шанси за сама да се повлече. Доколку не се повлече, тогаш се можни компликации. ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА Кај многу жени плацента превиа може да се јави иако немало видливи фактори на ризик. Сепак следните фактори ги зголемуваат шансите за да се јави: - Ако претходно сте имале царски рез: колку повеќе царски реза сте имале, има поголем ризик за појава на плацента превиа.
- Ако сте имале некаква операција на матката или абортуси. Лузните на матката ги зголемуваат шансите за плацента превиа.
- Ако сте имале плацента превиа во претходната бременост.
- Ако сте бремени со близнаци, тројки ит.н
- Ако пушите или употребувате кокаин.
- Aко сте во понапредната возраст.
СИМПТОМИ НА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИA Главниот симптом е ненадејно, безболно крварење, кое најчесто се јавува на крајот на второто или почетокот на третото тромесечие, во просек најчесто се јавува помеѓу 27-32 седмица. Ова крварење се јавува веднаш штом вратот на матката малку ќе се истанчи или отвори. Ова крварење може да запре, за пак да се јави по неколку дена или по неколку седмици. Почетното крварење најчесто не е многу обилно, но сепак може да варира од благо па се до крварење со големи загуби на крв. Некаква нелагодност или грчеви во пределот на матката чувствуваат само 20% од жените. Понекогаш крварењето може да биде придружено и со контракции. Понекогаш пак крварењето не започнува, се до почетокот на породувањето. МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИ КАЈ ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА Плацнта превиа најчесто се дијагностицира на редовните ултразвучни прегледи, уште пред да се појави крварењето. Многу важно е внимателно следење на состојбата, ако таквата плацента не се повлече со текот на времето. Доколку се реагира благовремено, најчесто се избегнуваат сите можни ризици. Најголема опасност претствавуа ризикот од обилно крварење. Често бебињата се раѓаат со помала тежина. Ова може да биде заради предвремено породување, но понекогаш и заради тоа што просторот во кој се развива бебето е стеснет. Друг ризик е што кога се работи за случај на плацента превиа има околу 10% шанси за плацентата да биде предлабоко всадена во матката. Оваквата плацента е позната како плацента акрета и често пати не се одлепува лесно од матката. Во многу случаи предизвикува тешко крварење, кое се решава со хистероктомија. Често пати кога плацентата го покрива делумно или целосно грлото на матката се препорачува мајката да лежи и мирува. Во такви случаи веќе се забрануваат сексуални односи, вагинални лекарски прегледи, односно ништо повеќе не смее да се стави во вагината. ТРЕТМАН НА ПЛАЦЕНТА ПРЕВИА Кои мерки ќе се превземат зависи од стадиумот на бременоста, јачината на крварењето и од тоа колкава е опасноста за вас и за бебето. Кога се работи за плацента превиа породувањето се врши исклучиво со царски рез. Не само што кај комплетната и делумната плацента превиа, отворот низ кој треба да помине бебето е целосно или делумно блокиран, туку и затоа што при породувањето кога ќе почне да се отвара матката, од плацентата се јавува тешко крварење. Кога се работи за нормално породување со нормално поставена плацента, матката по породувањето се контрахира и тоа помага да престане крварењето од местото каде што се наоѓала плацентата. Кај плацента превиа пак, заради тоа што плацентата е поставена во долниот дел од матката, каде што нема толку јаки контракции како во горниот дел, крварењето може да биде обилно и да не може да престане. Тоа понекогаш го доведува во опасност животот и на мајката и на бебето. Вообичаено штом жената со плацента превиа ќе влезе во 37-та сецмица од бременоста, се закажува царски рез. Кај околу половина случаи крварењето не се јавува до 37-та седмица. Доколку крварењето се јави предходно, жената се хоспитализира. Ако е близу до 37-та седмица, се врши породување со царски рез. Исто така веднаш се прави царски рез и доколку се работи за обилно крварење, кое не запира. Во таков случај може да се даде и трансфузија. Ако пак крварењето запре, а мајката и бебето се наоѓаат во добра состојба, можно е да бидат вратени дома. Во таков случај царскиот рез ќе биде изврштен во 37-та седмица, доколку претходно повторно не се јави крварењето. Доколку имате RH- крвна група, задолжително при првото крварење треба да примите инекција со имуноглобулини, освен во случаи кога и двајцата родители имаат негативна крвна група. Важно е состојбата редовно да се следи и благовремено да се реагира. Имајте на ум дека на тој начин повеќето од коомпликациите ќе бидат избегнати.
|
|
|
|