Тремата и децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Snowhite RR -> Тремата и децата (2.2.2014 15:43:38)

Читањето и одговарањето пред наставник и учител,пред цело одделение, за секое поединечно дете може да биде извор на непријатност и трема. Трема е еден вид на анксиозност што се чувствува непосредно пред конкретна и јасно дефинирана активност (одговарање, јавно изведување, конкуренција, итн.) Се манифестира со одредени физички или физиолошки симптоми кои се тешки да се скријат (треперење на глас, црвенило на лицето, потење на дланки, итн).
Може да се направи разлика помеѓу два вида на трема кои влијаат на однесувањето - стимулативна (конструктивна) и инхибиторна (деструктивна, блокирачка) трема. Конструктивна трема е пожелна, "ги изострува сетилата," се мобилизираат силите и ги повика подготвеност за акција и борба за одредена цел. Се доживува како "пријатна нелагодност" поради очекување на поволен исход и можност за лична афирмација при одредени активности (да се одговори за оценка, пишување на тестови, натпревари, извршување на некои активности, итн.) Обично ја имаат сигурните, деца со самодоверба, децата кои немале лошо искуство во семејство или на училиште од типот на исмејување, омаловажување, отфрлање од другите.
Таа се подобрува пред настап делува стимулативно, го фокусира детето на содржина која ја изнесува и со време се намалува. Со искуство во јавни настапи, активно учество на настани се стекнува рутина и се зголемува самодовербата. Затоа, препорачливо е повеќе изложеност на ситуации како оваа, бидејќи тоа дава позитивни ефекти и намалена непријатност. Инхибиторна или деструктивна трема е непожелна поради тоа што ги нарушува когнитивните (мисловните) функции на детето. Во суштина, овој вид на анксиозност е скриено чувство на срам, инфериорност, или страв дека тоа ќе го стори нешто лошо поради што би било исмеано или отфрлено од страна на другите деца, наставниците и родителите.
Нагласено амбициозните а притоа презаштитнички настроените родители, може да бидат генератори на трема кај децата, бидејќи поради своите високи очекувања, а во исто време страв дека децата нема да ги исполнат своите очекувања. Од друга страна, казнувањето и ладните родители склони на исмејување и несоодветни критики и омаловажување на децата и други причини предизвикуваат страв кај детето дека ќе биде отфрлено, несакано или безвредно ако не ги исполнува нивните очекувања. Заради страв од оценките, критика или казнување децата реагираат со пореметено внимание, бидејќи наместо да се фокусира на одговарање, писмено или контрола задача, тие се грижат за исходот, кој го пренасочува вниманието и енергијата, и ги намалува шансите за постигнување на саканиот успех.Непожелната оцена или коментар го "продлабочува" проблемот, доведува до губење на самодовербата, срам, избегнување на одговарање поради трема и стравот од проценката на другите, која може да доведе до повлекување или избегнување да се соопшти оценката на родителите.






Snowhite RR -> RE: Тремата и децата (2.2.2014 15:48:21)

Јас забележав кај М на приредбата што ја имаа за Нова година дека има трема, значи ако дома е гласен и не се срами за ништо, а често и кога одиме на друго место не се срами да си праша да си побара нешто, ете кога требаше да има јавен настап, прво не сакал сам да настапува, па кажуваше песничка заедно со друго девојче. После тоа откако заврши настапопт цело време како нешто да се срамеше и сакаше да си одиме. Другите деца и по втор пат сакаа да настапат додека го чекавме дедо мраз а тој никако не сакаше.
Како вие ја совладувате тремата кај Вашите деце, споделете некое искуство, а јас покасно ќе го допреведам остатокот од текстов, сега Ј не ме остава, плачи[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Тремата и децата (2.2.2014 16:57:21)

Како да се надмине тремата?
Децата кои се добро подготвени за задачите имаат помалку трема. Најважно е добро да го научат материјалот па детето да биде сигурно во своето знаење. Помогнете му на детето на тој начин што пред него дека нема да поставувате преголемиу очекувања и задачи. Бидете подготвени на повремени неуспеси на детето, објаснете му дека тоа не е " крајот на светот " , ако не се добие највисока оценка. Објаснете му да се труди, да дава се од себе, а резултататот кога тогаш ќе дојди. Преиспитајте се и запрашајте се што и колку очекувате од детето. Немојте да го споредувате вашето дете со други деца. Нагласете дека е потребна континуирана работа, што повеќе вежби и повторување на материјалот, така што резултатите нема да изостанат. Обајснете му дека тремата има свои позитивни последици. Потсетете го на претходните успеси и поттикнете го. Научете го да се опушти и да совлада некои техники на дишење кои можат да бидат корисни за сузбивање на тремата (на пример, полека да го вдишува воздухот преку носот, како да мириса ружа , 4-5 секунди длабоко, на долниот дел од белите дробови до стомакот, неколку секунди да го задржи воздухот и полека да го издишува преку устата како кога гасиме свеќа , исто така 4-5 секунди), а потоа се повторува постапката уште неколку пати. Стимулирајте го детето што повеќе да се изложува на провокативни ситуации,бидејчи така стекнува рутина и гради самодоверба и сигурност. Ако детето до сега немало можност да се справи со одредени настани (на пример натпревар по математиката, или свирење на пијано пред публика ), поведете го во имагинацијата на тоа да " ја изведе претставата" чекор по чекор преку одредена ситуација, како форма на ментална подготовка .




Felly RR -> RE: Тремата и децата (3.2.2014 18:39:58)

М е тивко дете, и малку срамежливо пред непознати, но кога станува збор за настап пред публика воопшто нема срам. И прв пат да гледа некого, кога ќе и рече - ајде кажи некоја песничка, почнува како од пушка. [sm=smiley36.gif] И дома кога сме сами обожава, да го земе микрофонот, па да пее, да танцува, да прави приредби и сл. Во градинка исто без проблем кажувала секогаш на приредби до сега.




vezilka RR -> RE: Тремата и децата (4.2.2014 12:57:49)

Судејќи според внука ми заклучив дека трената е научена особина. И некако не ја поврзувам со срамежливоста. Нели внука ми веќе втора година тренира хип хоп и постојано одат на натпревари. И децава се тука некаде околу 6-7 години сите во групата. Тие кога настапуваат, и пред бројна публика не чувствуваат трема. Не се свесни што се носи тој настап, не го чувсвуваат притисокот од натпреварувачкиот контекст и не чуствуваат трема. Поголема трема имаат родителите кои ги гледаат своите деца во трибините, отколку децата. Затоа треба да се работи на тоа, при развојот на детето да се делува некако за да се научи детето како да ја сузбива тремата. Оти неминовно е дека ќе се појави на одредена возраст, туку како да се постапува за да се сузбие..




Страница: [1]