Felly RR -> RE: Што правите со веќе непотребните работи од вашето дете? (13.2.2014 18:29:30)
|
Сега за сега, се чувам - и облека, и играчки, и бебешка опрема. Планирам и второ дете, па здравје, нешто сигурно ќе се најде. Нешто ми е спакувано и кај мајка ми оставено, а нешто дома. И јас сум емотивно поврзана со некои работи, ама тоа се само парчиња - на пр. првата играчка што сме ја купиле за М уште пред да се роди, првото комплетче облека, некои слатки мали патичиња, и тие работи мислам дека секогаш ќе ги чувам. А другата облека, кога веќе нема да ми треба мислам дека е подобро да ја дадам на некој отколку само да ми фаќа место по плахарите. Исто и за бебешката опрема, а и играчките - речиси сите се здрави, и оние кои веќе не и се интересни на М, ми се спакувани во кутија. Кога ќе им дојде време сигурно ќе си најдат нов споственик. Ова ме потсети на Toy Story филмот. Не знам дали сте го гледале, кога Енди оди на колеџ, прво ги става играчките на таван во една кутија ама потоа (по многу патешествија на играчките) одлучува дека ќе им биде подобро кај некое детенце кое ќе си игра со нив.
|
|
|
|