vezilka RR -> RE: Колку сте кариеристки? (19.2.2014 13:49:08)
|
И да си ветила на страрото место, и да си имала супер односи со работодавците, сите се свесни дека луѓето си бараат подобри услови и поголеми плати, и кога би им се пружило таква прилика би си отишле. Затоа разумни газди би те сватиле. А неразумни, нема зошто да ги мислиш. Такво е денешнотот време, трка за пари, секое денарче ни е важно, па уште и ако тоа место носи и поголеми бенифиции и позначајно ЦВ, нема место за двоумење. Според мене градењето кариера е битен момент во животот на човекот, шансите треба да се искористуваат, а не да се пропуштаат, таков е животот и сите го знаат тоа. Еднаш пропуштената шанса може многу да те кошта, пари, углед, позиција и нови можни врски и патишта. Еден пат те води кон друг, а ако останеш само на стариот, никаде нема да стигнеш. Јас би калкулирала само во одредени ситуации, на пример, планирам бременост или имам мало бебе, а знам дека старото место иако со помала плати ми нуди подобри услови за паралелно мајчинсво и кариера..
|
|
|
|