elenak -> RE: Невкусни шеги на децата (21.2.2014 15:51:24)
|
Е уште не е толку големо текнувало ама ако личи на мајка и нема да ме чуди.[sm=smiley36.gif] Јас како мала сум се правела дека не слушам, изгледа ми било интересно да се правам ,,на удрена,, и моите испаничени ме однеле на преглед каде им рекле дека се е во ред. И така уште некое време пробале да ме тестираат, звонат на врата, на телефон (на што секогаш децата први реагираат нели) и ништо. Ама кога почнале да си шушкаат дека ќе излегуваат негде сами и ќе ме остават мене дома сум срипала и заборавила на оглувеноста.[sm=smiley36.gif] А во 3-4 одделение пак се правев дека не гледам, една другарка од клас носеше наочари со розеви врвки и мене толку ми беа убави, сакав и јас. И пак почнав да глумам (на ова веќе се сеќавам, голема бев), дури и на систематски намерно ги грешев оние буквите и бројки од табла за преглед. Ја викнаа мајка ми и рекоа дека треба да направиме доплнителни прегледи ама таа веќе со искуство им рекла на тетките да ми кажат дека морам некои инекции прво да примам и така од страв морав да признаам дека не е до очите туку до врвките.[sm=smiley36.gif] Значи жени прво проверувајте со финти дали е шега или не, оти овие мали мозочиња спремни се на се.
|
|
|
|