Snowhite RR -> Сличности и разлики помеѓу нашите деца (23.2.2014 21:50:24)
|
Велат една мајка, два карактери, односно како да не ги родила една мајка. Па дали е навистина така. Да си ги напишеме сличностите и разликите помеѓу нашите деца Сличности: И двајцата беа мирни бебиња, си спиеа цела ноќ, немаа грчеви, такви работи И двајцата не сакаа цуцла И двајцата ги доев до 13 месеци И двајцата не пиеја течности, вода, сок, чај до година И двајцата се тешки за заспивање Разлики Михаил не пиеше млеко и млечни производи и до ден денес не пија и не јади, а Јана си пија и млеко и јогурт и павлака и се што е млечно Михаил не пиеше воопшто од шише, а Јана пија Михаил сок и чај дури сега почна да пија, сок така и така, а чај повеќе, а Јана еве после година пија и сок и чај Михаил првите чекори ги направи на 13 месеци, а прооде на 14, Јана првите ги направи на 10 и пол месеци, а сама прооде на 13 месеци Михаил беше помирен, сам си заигруваше, а Јана е полоша, се лути за се и сешто и слабо се заигрува со играчки Михаил кога ќе заспиеше, топ не го разбудува, а Јана само малку да шушниш одма се разбудува Михаил спија каде и да го легниш, а Јана само в спална Со Михаил повеќе се влечкавме по доктори, а Јана (да не ја заречам) можам да кажам дека ја немам однесено на лекар, до сега само еднаш има пиено антибиотик Михаил послабо јадеше, се молевме за јадење, додека не тргна во градинка, а Јана јади се, нормално има периоди и таа кога протестира Па сега засега толку, ако ми текне уште нешто ќе допишам Ајде сега вие кои имате најмалку две деца кажете кои се сличности и разлики меѓу нив
|
|
|
|