Игра на улоги (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Палешка РР -> Игра на улоги (28.3.2014 22:01:32)

Психолозите кажуваат дека кај децата се раѓа интерес за идната професија околу четвртата – петтата година, но сепак е тоа индивидуално. На таа возраст децата почнуваат да играат разни улоги.

Сигурно сте виделе прекрасни девојчиња како невешто одат во чевли и штикли имитирајќи ја својата мајка, или божем готват ручек. Колку има момчиња на кои столчето им служи како возило, или со пластичен чекан поправаат нешто во домот. Улогата на мајката и таткото е прва со која децата се идентификуваат, а потоа следат професии кои им се познати. Тоа се повторно оние со кои се занимаваат нивните родители.

ПОВЕЌЕ


Во која улога најчесто го гледате вашето дете?





Палешка РР -> RE: Игра на улоги (28.3.2014 22:07:03)

Ќерка ми најчесто е невеста [sm=smiley36.gif]

Облекува моја бела блуза (која малку е широчка и чипкаста), става голема розова пуфка на косата, зема розово шаторче, се шминка и невеста е. И обавезно си бара принц, тоа сме или јас или брат и [sm=smiley36.gif]
Принцот мора да има чалма на главата [sm=smiley36.gif]

Е денес има нова улога, денес невестава е бремена [sm=zmeden.gif]
Си ставила кукла под блузата и си ја гали преку блуза (а нема видено скоро бремена жена). Па после го изваде бебето од под блуза, па зеде го приближува накај градите да цицало [sm=zmeden.gif] [sm=smiley36.gif]
Потоа го заспа и пак под блуза го пикна да му бидело топло. Па едно време го фрли оти ја нервирало.

Многу ми е смешна [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Игра на улоги (28.3.2014 23:23:58)

Да навистиона децата на таа возраст играат најразлични улоги и тоа можам да кажам ептен им е интересно и забавно.Ете мојот син го гледам дека многу често си игра и тој е полицаец.Така ќе го земе пиштолот и ќе пука и ќе почне да не апси сите по дома.Тоа најчесто си игара,но понекогаш пак си го зема детскиот алат и се преправа дека демек е механичар и ги поправа автомобилите.Исто така една од поомилените улоги што ги игра е таа да се преправа дека демек е готвач и дека прави ручек за цело семејство.Најчесто пече кокошки и потоа ги дели на сите и не прашува дали ни се допадна јадењето.Ха ха ха живи смешки е навистина да се гледа како се внесува во улогата што ја игра.И ептен ми е интересен и со задоволство му се приклучувам и јас во неговата детска игра.[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Игра на улоги (31.3.2014 10:04:11)

На Т најактуелна за сега и е улогата за докторка или учителка.
Има сет играчки - докторски инструменти, па по дома си наоѓа "жртви" да бидат пациенти, да им става инекции и сл.
Кока е во филм на учителка, се однесува како воспитувачките и негувателките од јасли - ги ниша и храни куклите, им пее или ги кара - зависи колку ја слушаат [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Игра на улоги (31.3.2014 13:30:52)

Најново играње улоги ни е маж и жена. Ќе донесе две играчки, на пример едно кафеаво и едно црвено коњче. Едното е маж, другото жена. Па прават свадба, па си раѓаат дете :) На сите играчки дома свадби им правевме :)




marchi -> RE: Игра на улоги (7.2.2016 23:19:33)

stefan ima nepolni 3 godini i ne ja svakja igrata na ulogi,probav da mu objasnam toj da bide mama jas stefan i da pravam onaka kako sto pravi toj a toj da pravi kako jas i mi vika jas ne sum mama jas sum samo stefan[sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Игра на улоги (8.2.2016 11:14:14)

Со големата веќе навикнав на "филмање" - од докторки, учителки, сега стигна до штикли и шминки, и фризури (мене лично ме вади од такт, не е мој стил тоа однесување, ама е резултат од дружбите во градинка со другите девојчиња, што веројатно е нормална фаза). А да- и свадбите, спознавањето машко-женски односи, хит и е муабетот кој со кој ќе се жени (за децата од градинка). Се трудам да разговарам на таа тема - да не и биде табу, да и ја приближам некако соодветно на возраста.
Малото е прав глумец, ама во вистинска смисла - копира до детали. И она, со 17 месеци, се става во улога на учителка и мајка- храни кукли, ги прише и преслекува, ги кара или успива. Успешно ги имитира и Пепа прасе и Џорџ [sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Игра на улоги (9.2.2016 9:22:01)

Ф моментално игра улога на мајстор,поправа коли,мотори,се нешто тропа со чекан[sm=smiley36.gif]
Потоа ги имитира Маша и медвед(нормално јас сум Медвед ,тој Маша[sm=smiley36.gif])




mommy_angels RR -> RE: Игра на улоги (10.2.2016 15:12:06)

Кај нас моментално главен хит е невеста [sm=smiley36.gif],ама некако не и е јасен моментот со младоженецот [sm=smiley36.gif],дека и тој постои во целата приказна [sm=smiley36.gif].Нејзе и е важно да има долг фустан(ќебе,чаршав или било што друго врзано на неа [sm=smiley36.gif]) и тоа мора да се влече по земја.Секој ден по стопати ми кажува дека ќе ручала,па ќе одела на школо и ќе станела невеста




lukajana RR -> RE: Игра на улоги (10.2.2016 15:41:02)

Л моментално е војник [sm=smiley36.gif] предходно беше доктор , свирач ,механичар и што уште не .
Најзабавно ни беше кога тропаше на тапан и тоа вистински ,мене тапан ми беше главата и фала богу го батали [sm=smiley1.gif]
А Ј цел ден готви ,вари чај и после ние јадеме пиеме многу забавно [sm=smiley36.gif]




marchi -> RE: Игра на улоги (14.2.2016 14:37:42)

deneska stefan stanuva i vo vagja jaziceto mu vikam aman sramota e ke te boli jaziceto mi odgovara jas sum kuce ,me iznasmea [sm=smiley36.gif] denes negovata uloga e kuce [sm=zz_bounce.gif]




Страница: [1]