mamita83 -> RE: Кила(брух) и бременост (8.4.2014 12:50:49)
|
Јасна мене ми се појави такво мало топче во деветти месец од бременост, но гиникологот ми кажа дека кила не се утврдува за време на бременост туку отпосле, откако се породив го снема топчето. Во секој случај мислам дека се е индивидуално. Мојот случај е различен од твојот, но бидејќи бев загрижена за топчето што ми се појави, баш разговарав со докторка-гинеколог во државна и ми покажа дека таа имала две такви топчиња околу пупакот, почеток на кила пред да остане трудна и си ја поминала бременоста без проблеми, а и отпосле синчето си го дигала и се е ок. Таа ми кажа дека додека не и претставува проблем не планира да ја оперира килата. Така да уживај си во бременоста со позитивна мисла и секако гледај да не дигаш тешки работи - ама тоа си го знаеш :)
|
|
|
|