Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 31.10.2012 20:09:56
Snowhite RR
Јас од пред некој ден почнав да му облекувам хулахопки и поткошулче,пред тоа само со маица, блузичка, тренерки и чорапчина беше, а исто и вентијага почнавме, ама не зимската, туку потанка, зашто насабајле го носи мм со количка, а ладничко е. Свекрва ми, ми велеше уште пред 3-4 недели дека почнале да му облекуваат хулахопки на децата во градинка, ама јас не сакав уште од тогаш да го наоблекувам, а и за сега се мислам зашто таму веќе почнаа со греење и топло му е, ама единствено за по пат ми е за насабајле иако градинката ни е блиску
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 29.11.2012 14:57:39
vezilka RR
Јас уште не му облекувам хулахопки.. Се прашувам да не претерувам, ама пак, прашав во градинка, ми рекоа топло е внатре. Е сега за до таму, идеме со кола, и од градинка мајка ми го зема со такси. Што знам на два ума сум, и плус мајка ми секој ден ми вика дека го срзнувам, ме боцка..
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 29.11.2012 15:11:23
Luci
Јас му облакам хулахопки во градинка од пред 2-3 недели отприлика. Иако сум голем противник за премногу облекување за хулахопки ама ич не сум против зашто М.најчесто е во тенки тренерки или панталончиња и е цело време на земја, а во градинка иако има парно сепак подот ко под, ладен е и студи кога седиш подолго време на него. Јас сум по мирна кога знам дека ми е убаво и соодветно облечено детето. Минатата година на овие температури не му облакав воопшто хулахопки ама затоа бевме цело време болни. Јас сум за хулахопки, што е сигурно - сигурно е
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 29.11.2012 18:11:13
Maca25
Ние почнавме со хулахопките пред некое време. Ако носи дебели пантолони тогаш хулахопки тенки и облакаме, а ако е со хеланки или потенки тренерчиња тогаш подебелки хулахопки. Горе носи или маичка со долги ракави со дуктер или пак маичка со кратки и џемпер. Веќе 10 дена и ставаме капа и шал наутро, затоа што е прилично ладно, а и она само што станала од спиење.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 29.11.2012 20:16:38
Snowhite RR
Јас па престанав да облекувам хулахопки откако еден ден во градинка ми рекоа дека му ја слекле блузата оти било жешко и бил само по поткошулче, значи сигурно е многу топло таму, е сега за на сабајле подебели тренерки или пантолони потставени му облекувам и за 5 минути ни е градинката, белким не му студи, а и почесто со такси одат. И така решив хулахопки кога ќе бидат минусни температурите и за дома не му облекувам, единствено само ако излегуваме пешки и ако е поладно надвор тогаш му облекувам
< Поракaта ја уредил Snowhite -- 29.11.2012 20:17:49 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 5.6.2013 23:10:12
Ring
Me interesira sto im oblekuvate na decata na nozete vo gradinka letno vreme , mislam sto nosat na nozinjata dodeka se vo gradinka...neli zimno vreme se so toplinki , ama vo leto koga e toplo sto obicno im kupuvate, samo po corapcinja se ili ? Nie ke si odime i vo leto vo gradinka , pa me interesira sto da baram ? Ajde , ve cekam za predlozi i sovet
_____________________________
Your children will become who you are...so be who you want them to be !
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 6.6.2013 8:58:49
sandriana RR
И јас пред 2 недели однесов летни патичиња за во градинка, топлинките си ги земав дома, и онака веќе се одмалуваа. Ги прашав тетките - што да однесам, ми рекоа може и сандалки, па јас ги имав овие летни патиче-сандалче, и тие ги однесов.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 6.6.2013 10:20:42
mommy_angels RR
ајде и јас да де забегувам денес е во хеланчиња,боди без ракави и блузичка,е вчера се изнервирав малку оти беше ладно малку повеќе од сабајлето и и облеков подебелки тренерчиња надолу ама и ставив резерва потенки хеланки за покасно,е кога ја земав во 15 беше подиспотена малку,можеле да ја пресоблечат кога менувале памперс ,ама требало нечија добра волја , а инаку околу папучките моето е во јасли и кога ја носам веќе се почнати со доручек ,така да 2 жени треба да нахранат 10-15 дечиња и ете затоа ние си ги облекуваме во папучките,проблемот би бил во недостаток на персонал
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 6.6.2013 22:57:41
Snowhite RR
Јас уште пред еден месец си ги зедов пантофките од градинка и му однесов едни како патичина-сандалчина. А инаку и јас гледам дека со истите ги носат и внатре, и не ми се допаѓа баш тоа.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 27.8.2013 13:42:22
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
Ajde da ve prasam onie koi imate deca sto veke odat na uciliste..Kako gi oblekuvate decata za na uciliste?
Баш интересно прашање на кое може да се продискутира од повеќе аспекти. За во градинка главно гледаме да им е комотно да дечињата, а за во училиште може да продискутираме и за поголемите ученици/ученички - колку примерно се облекуваат и како се носат на училиште, и што мислите за училишни униформи. Може да отвориш нова тема миана, па да продискутираме и на овие прашања.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 7.11.2013 9:46:09
Felly RR
Детево ме полуде со тоа облекување за во градинка - се само фустанчиња и сукњи да се носеле. Е вчера реков нема, тренерки ќе носиш и толку. Прво пробав со убаво да се договорам, реков ете вчера носеше фустанче, ти си одбра, денес јас ќе одберам што да носиш. Тоа е договор, јас ги почитувам твоите желби, ама и ти треба да ги почитуваш моите. И кога видов дека со убаво нема фајде, буквално борба имавме за да се облечиме. И денес сама ми рече, мамо, тренеки ќе носам, за да ми биде комотно.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 7.11.2013 10:06:11
vezilka RR
Ма вам со девојчиња ви е полесно. Можете да одберете варијанта хеланки, пак е комотно, а се поддотеранки, не се тренерки. Ние немаме таков проблем. Толку е поспан сабајле што не ни гледа што му облекувам. Нашето барање е дрес да облечеме, зимо, лето, не е важно. За тоа имаме убедување.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 7.11.2013 10:17:11
princessa
Mojata mora da se ubeduva sto ke oblece . Ako sakas na sila da ja obleces nema da ti projde toa, tuku ke fati sama da se soblekuva i ke go frli ponudenoto nazad vo fioka . Zivi smeski ama nekogas i mi se place od nejziniot karakter. E od koga ke se ubedi deka sum vo pravo ke se vrati da go zeme toa sto sum i go ponudila. A zosto pravi vakvi skandali neznam ni jas koga nakraj pak se oblekuva vo toa sto sum i kazala. Inaku sakam da i e udobno koga e tamu iako e sega uste na kratko-vo faza na priviknuvanje sme inaku. I oblekuvam obavezno bodi na dolgi rakavi i odozgore djemperce ili ako nosi fustance nad bodito i oblekuvam tenka bluzicka. I tie fustancinja sto gi oblekuvam se pamucni i mnogu prijatni za da i se udobni. Obavezno nosi hulahopki zasto e veke ladno. Eve pred 5-6 dena oblekuvame i zimska jakna i kapicka. Uste salot ni fali, za nego uste ni e rano . A kako sto gledam ovde vo Germanija decata mnogu ednostavno gi oblekuvaat za vo gradinka, vo trenercinja se najcesto ama nie vo mkd imame poinakvi stavovi za toa. Ipak decata se podoteranki. Ovde i oblekata e mnogu ednostavna ama prakticna i udobna. Retko se naoga da se kupi djidjeno parce ama v mkd sekoj butik e prepoln so takvi raboti. Ama kako i da e najvazno e na deteto da mu e udobno za nosenje i igranje. Tie i taka se valkaat tamu a da ne zaboravam da kazam deka i po zemja se trkalaat. I za igranje vo dvor ako e vlazno vremeto obavezno gumirani pantaloni na preramki i cizmi za na dozd. I toa e toa.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 7.11.2013 10:26:45
Mihaela 2010
I jas imam problem so tie suknji i fustancinja,prepekuva ama nemozam na ova vreme taka da ja prakjam vo gradinka,sepak e svezicko..taka da cesto sme vo trenercinja,ili nekoi pantaloncinja so prijaten materijal...
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 7.11.2013 12:05:29
bucko mal
princessa me nasmea so ova gumenive cizmicki.Nemozam da gi gledam decava bosi so kratki pantoloni I cizmicki na nozete.Navistina nema ubav izbor kako vo Mk ama pak ima alista a da ne zboruvam kolku se eftini.Ama toa e neznam moze nie na niv im sme smesni kolku se zamarame so doteruvanje.Decata si se trkalaat po zemja,na lulaski nadvor se vlecat,pa obuvikte frleni negde bosi si trcaat abe gajle si nemaat.Rabotat so nekoi boi I od glava do peti se so boi,si razmisluvam vaka vo Mk dete da predades na roditel lelele.... Nie koga go zapisuvavme M vo gradinka odma ni kazaa da se oblekuva deteto vo stari alista,kakvi stari jas gi frlam ne cuvam stari alista.Neznam kako ke bide,neka se valka sto da mu pravam kako site taka I on samo mi e vazno da ima obuvki na nozete vo sekoe vreme,za toa gi opomenav.
RE: Како ги облекувате децата за во градинка? 7.11.2013 13:01:56
sandriana RR
Се уште ќерка ми не почнала да прибарува фустанчиња за во градинка. Знае да запне за некое блузиче, ама се уште се убедуваме без поголем проблем што треба да облече за во градинка. Ни летоска не ја пуштав со фустанче, туку туника и куси хеланки или шорцеви одоздола. Сепак седат на под во градинка. Периодов главно носи тренерчиња или хеланки, поретко фармерчиња во комбинација со обично блузонче или памучна блуза со долги ракави.