Felly RR -> RE: Како ги облекувате децата за во градинка? (7.11.2014 9:10:53)
|
Имам пишано погоре како ја облекувам М за во градинка - главно хеланки со блузиче, памучно фустанче, и сл. Сега прашањето ми е друго. ВОспитачкава и нас ни има кажано на родителска да ги облекуваме комотно и да им биде лесно за соблекување/облекување кога одат во тоалет. Е сега денес ја облекувам во едни панталончиња, и на секое облекување реакцијата од М е „Мамо, учителката ни вели да не одиме во панталони“ па јас и објаснувам дека овие се со ластик, учителката вели да не се носат ако се со патент и со закопчување. Е исто и едно памучно џемперче има со петличиња, ама ептен е тесно во ракавите, и не се растегнува, па М не може сама да ги крене нагоре кога се мие раце на пр. И учителката и рекла „М, ова да не го носиш во градинка“ Малку се изнервирав, ама ај реков да видам и вие што мислите, да не сум јас малце пристрасна, па сметам дека малце претерува. Значи ништо не им вели за прстени, белезици, лакирани нокти, а и смета што џемперчето е со тесни ракави. Па сигурно не се мијат раце 10 пати.[sm=zmeden.gif]
|
|
|
|