blue_blue -> RE: Лето 2014 (30.6.2014 14:54:13)
|
Бевме, се вративме и си поминавме незаборавно. Летавме со Wizzair и многу сум пријатно изненадена од услугата и односот. Имавме изнајмено кола - ја земавме на аеродорм и ја вративме на аеродром што беше најсоодветно зошто аеродормот не е баш во Париз. Бевме 4 цели денови во Disneyland и реално толку и треба да се изгледа таму се, да се извозиш на се, да ги видиш принцезите, парадите, вечерното шоу кое почнува во 23:00. Идеално е за деца на возраст од 6 докај 10 години. Помали нема ништо да им значи и ќе кенкаат повеќе од времето и не знам колку ќе имаат трпение да чекаат во редовите, а постари мислам дека ќе им биде предетски (мада мене ми беше суперинтересно, ама јас многу сакам забавни паркови). Вреди за сите пари бидејќи се посветено многу на сите детаљи, на организација, на целосна безбедност...Во Париз бевме 3 дена од кои 1 во Версај и беше сосем оптимално за децава зошто на возраст од 6 години не ни мислам дека нешто повеќе и ќе им беше забавно низ Париз. Во Версај им беше супер интересно, во Париз иако мислев дека ќе се забавуваат на брод по Сена мислеа дека тоа е досадно и најинтересно им беше во огромниот парк - луксембуршки градини. Се изненадив колку се издржливи и колку не се жалеа за ништо имајќи на ум дека излегувавме од хотел околу 10:30 - 11:00 а се враќавме во 24:00. Ако некој се реши да оди и му треба инфо слободно нека пише. Најтопло го препорачувам како извонредно искуство за сите дечиња а и за мајките и татковците [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] На крај на јули одиме на парадајз туризам во Грција за да се одмориме од одморов во Париз [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Вчера се купија авионски карти за Париз и се плати хотел + влезници за сите четворица за Disneyland. Останува уште хотел за Париз и рент-а-кар да се букира...Одиме во јуни 7 дена, 4 во Disneyland, 3 ноќевања во Париз. Јас повеќе се радувам на Disneyland бидјеќи во Париз сум била веќе два пати, ама ете деца не се бидени [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Не можам да дочекам...
|
|
|
|