ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (15.4.2014 18:02:30)

Порталот Рингераја.мк ви овозможува Календар на бременост

КАЛЕНДАР НА БРЕМЕНОСТА

Уживајте во моментите кога Вашиот стомак расте! Нека секој ден Ви биде посебен!Ако Ве интересира, што се случува со Вашето тело, како се развива и расте бебето и што се врти во главата на идниот татко, брзо пријавете се во календарот на бременоста! После пријавувањето, секоја недела на Вашата е-адреса, ќе добивате нов e-newsletter со интересни, корисни и забавни содржини за неделата од Вашата бременост. Се што Ви треба е e-адреса и очекуваниот датум на породување - неможе да биде полесно!

КЛИК ТУКА

========================================
Може да поставите тикер, така што секогаш ќе може да се види во која недела од бременоста сте.

Избор на тикери

ТУКА, ТУКА, ТУКА, ТУКА

Постапка ---> Моја Рингераја ---> Поставувања ---> Форуми ---> во полето Тикер




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (17.4.2014 12:22:06)

Табела на раст на плодот по недели

Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста?Проверете како плодот расте во мајчината утроба секоја следна недела.

Целата статија на Рингераја.мк=КЛИК




Felly RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (18.4.2014 16:22:22)

Детски имиња

Барате ли име за нов член на вашето семејство? Дали ве интересира изворот и значењето на името?

Пребарајте ја нашата листа на имиња:
Листа на женски имиња - - -> КЛИК ТУКА

Листа на машки имиња - - -> КЛИК ТУКА




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (2.5.2014 19:39:50)

Десет интересни факти за фетусот

Прочитајте како во вашето тело се развива чудото наречено живот

*Целата статија КЛИК ТУКА




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (11.6.2014 20:02:01)

Вртоглавица и несвестица во бременоста

Ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок, пребрзото станување или високата собна температура може да допринесат во појава на вртоглавица во Бременоста

*Целата статија КЛИК ТУКА




Felly RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (12.9.2014 12:38:41)

Големина на плодот во бременоста

Интересен опис на големината на плодот во бременоста - приближување на вредностите преку компарација со овошје и зеленчук. Уживајте во забавата, уживајте во бременоста.

* Целата статија КЛИК ТУКА




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (13.9.2014 12:44:49)

[sm=nosecka.gif]Бременост во недели[sm=nosecka.gif]

1 месец: 1-5 недели
2 месец: 6-9 недели
3 месец: 10-13 недели
4 месец: 14-17 недели
5 месец: 18-21 недели
6 месец: 22-26 недели
7 месец: 27-31 недели
8 месец: 32-36 недели
9 месец: 37-40 недели


[sm=nosecka.gif]Тромесечја[sm=nosecka.gif]

1. тромесечје

1. недела 2. недела
3. недела 4. недела
5. недела 6. недела
7. недела 8. недела
9. недела 10. недела
11. недела12. недела
13. недела

2. тромесечје
14. недела
15. недела 16. недела
17. недела 18. недела

19. недела 20. недела
21. недела 22. недела
23. недела 24. недела
25. недела 26. недела
27. недела

3. тромесечје

28. недела
29. недела 30. недела
31. недела 32. недела
33. недела 34. недела
35. недела 36. недела
37. недела 38. недела
39. недела 40. недела
41. недела 42. недела




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (5.11.2014 12:14:09)

Рингераја.мк и Јога Дарма ДОДЕЛУВААТ 5 ГРАТИС ВЛЕЗНИЦИ на Работилницата за јога за бремени жени која ќе се одржи во Центар за интегрална јога ДАРМА, ул.Шарски одред бр.7 (Капиштец) 7 ноември, петок, 17.30ч. - 19.30ч.!!!
Се што треба да направите е:
- Ставете Like на статијата ТУКА
- Споделете ја статијата
- Одговорете на прашањето: Каква придобивка имаат бремените жени од јогата? во статијата


Првите 5 трудници кои ќе го направат тоа, добиваат бесплатна посета на работилницата

*Целата статија може да ја прочитате КЛИК ТУКА




blond -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (5.11.2014 13:34:34)

Шмрц, шо убаво за оние што се од СКопје. Дајте бе нешто за периферијата [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (14.11.2014 14:37:40)

Прочитајте ја статијата Сетилата на нероденото дете =ТУКА


Прекрасни статии на Рингераја.мк/Бременост




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (28.12.2014 22:45:23)

Мили [sm=nosecka.gif] рингерајки во темава Често поставувани прашања во бременоста =ТУКА има интересни одговори па може да ја читнете темата[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (12.1.2015 13:56:21)

Прочитајте рецепти за Креми и лосиони против стрии во бременост ТУКА




Mihaela 2010 -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (12.1.2015 15:09:59)

Бремените жени бесплатно ќе добиваат таблети фолна киселина и јод

Бесплатни таблети фолна киселна и јод за секоја бремена жена за периодот од утврдување на бременоста до завршување на 13. гестациска недела, почнувајќи од првата половина на март ќе обезбедува секоја година Министерството за здравство. Станува збор за многу значајна превентивна мерка за унапредување на здравјето и здравствената заштита на бремените жени.

За таа намена, Министерството за здравство одвои 12 милиони денари од сопствени средства во рамки на превентивните програми со кои ќе се обезбедат потребните таблети за околу 23 илјади бремени жени годишно. Со средства од Програма на Министерството секој здравствен дом ќе треба да спроведе постапка за набавка на таблети фолна киселина и јод.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека за примената на оваа мерка, во фаза на изработка е електронска мајчина книшка, која до месец март ќе биде ставена во функција и ќе содржи база на податоци за секоја бремена жена во државата.

Посочи дека врз основа на електронската мајчина книшка, патронажната служба во секој здравствен дом ќе има податоци за секоја бремена жена, ќе спроведува патронажни посети на бремените жени и при овие посети ќе им ги додели таблетите со фолна киселина и јод. Воедно патронажната служба ќе им дава совети на бремените жени за здрава бременост, здрава исхрана и здрави животни навики односно ќе им подели и брошури „Здрава бременост“, кои се во прилог на мајчината книшка.

- На овој начин сакаме да овозможиме достапност на овие значајни суплементи до секоја бремена жена, особено до жените од социјално ранливите категории, за кои обезбедувањето вакви таблети претставувало дополнително финансиско оптоварување. Отсега, таблетите фолна киселина и јодните таблети ќе ги добиваат бесплатно, а воедно значително ќе го заштитат своето здравје и здравјето на бебето, рече Тодоров.

Според анализите на професионалните здруженија од оваа област, со редовното конзумирање на таблети фолна киселина и јодни таблети, посочи министерот, се намалува процентот на предвремени породувања, анемии, дефекти на невралната туба, докажано е помал и процентот на деца родени со ниска родилна тежина. Особено е забележителна појавата на анемија кај бремените жени и децата, на што укажаа и здруженијата на хематолози и на гинеколози и педијатри.

- Истражувањата за јодниот дефицит кај бремените жени и доилките во Македонија, покажаа дека над 40 отсто од испитаните бремени жени имале недоволен внес на јод. Недостатокот на јод во организмот за време на бременоста може да предизвика сериозни пореметувања во развојот на мозокот на фетусот со ментална ретардација и намалување на коефициентот на интелигенција кај новороденчето, додека недоволниот внес на фолна киселина може да предизвика дефекти во развојот на невралната туба, појасни Тодоров.

Со превентивното земање фолна киселина пред или во почетокот на бременоста, можно е да се избегнат до 70 отсто од дефектите на невралната туба кај бебињата. – Фолатите имаат огромна улога за правилен развој на бебето, бидејќи учествуваат во формирањето на невралната туба, од која се развиваат мозокот, рбетниот мозок и рбетниот столб на бебето. Развојот на невралната туба се одвива во самиот почеток на бременоста и завршува околу 28 ден по зачнувањето, и токму затоа во овој период особено значајно е конзумирањето фолна киселина, рече Тодоров.

Согласно протоколите за антенатална заштита, препорачаната количина на фолна киселина кај бремените жени изнесува 400 микрограми дневно (0,4 милиграми) во првите 13 недели од бременоста, додека препорачаното ниво на јод за бремените жени изнесува 100 микрограми дневно во форма на јодни таблети.

Согласно препораките на СЗО и светските протоколи, конзумирањето таблети фолна киселина и јодни таблети (во држави кои се јодно дефицитарни подрачја) за време на бременоста значително придонесува за заштита на здравјето на мајката и правилен развој на бебето.

Извор: Радио Слободна Македонија - 12.01.2015




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (14.1.2015 14:26:23)

Како изгледа водењето љубов за време на бременост?[sm=smiley36.gif]

Погледнете ТУКА [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (14.1.2015 22:36:53)

Melanija rr ме изнасмеа со статијава ама многу добро е претставено ,јас па мислев дека само кај нас било така[sm=smiley1.gif],за џабе го жалев мм 9 месеци[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (6.2.2015 14:25:53)

Намалете ги утринските мачнини со ........

*Прочитајте ја целата статија ТУКА




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (20.2.2015 12:30:00)

Вистината за породилните болки

Секој знае дека раѓањето боли.За време на бременоста и јас нон-стоп мислев на болката и кога еднаш се исеков, почнав да кукам:Олеле,колку ме боли!Како ќе го истрпам раѓањето, ако само една исеченица толку ме боли...?


*Ова е дел од статијата кога вреди да ја прочитаат сите трудници. За сила ,за поддршка, совети....
* Целата статија ТУКА




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (26.3.2015 13:51:04)

Мојата чудна бременост

Повторно серијал на TLC каналот ,Мојата чудна бременосте серија од шест епизоди, суров и интимен приказ на подемите и падовите на тие трудници.Во првата епизода се две трудници, едната со вирусно заболување, другата опседната со вежбањето.Првата епизода започна во петок 13март 2015год. од 21 часот.
Овој петок 27 март 2015год е третата епизода

*Целата статија прочитајте ја ТУКА

====================

За сите поинакви трудници[sm=bravo.gif] поддршката ,желбата и љубовта се најважни [sm=bravo.gif]




nadez vera ljubov -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (26.3.2015 14:57:42)

melanija rr greska si .prvata epizoda bese na 13 mart ovaa sto ce bide na 27 mart e vece treta epizoda.jas gi gledam emisiite za ivf na tlc sekoj petok vo 20 :00 i vednas potoa sleduvaa ovaa emisija.statijava ima dadum od 12 mart a emisijata e pocnata den potoa




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (26.3.2015 22:33:14)

nadez vera ljubov ти благодарам [sm=smiley1.gif] целосно сум ги измешала датите[sm=smiley1.gif] сега ќе поправам




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (23.4.2015 12:26:41)

Центарот за интегрална јога ДАРМА организира уште еден викенд „За најмалите и најмилите“ но овој пат оди подлабоко и подетално. Станува збор за настан кој е наменет за бремените жени и за младите мајки – и оние кои уште дојат, но и оние чии детенца веќе се хранат.

Средбата ќе се случи на 26-ти април, недела, со почеток во 10.00ч во просториите на Центарот за интегрална јога ДАРМА на ул.„Шарски одред“ бр.7, во Капиштец, Скопје.

Овој пат ЦИЈ ДАРМА во соработка со платформата Кален, Бебе Слинг, Сурово & Вкусно и претставниците на Dr. Hauschka и Welleda за Македонија организира 4-часовно дружење со стручни лица кои на учесничките на настанот ќе им ја доближат пренаталната јога, органската нега, живата храна, директниот контакт со бебето од првиот ден и суштинскиот однос на жената со себе во текот на бременоста и породувањето.

Цената на настанот е 600 денари за бремени жени (за 5 содржини) и 400 денари за мајки (за 3 содржини). Пријавувањето, како и подеталното информирање, можете да го направите на jogadarma@gmail.com или на 070/216-136.




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (6.7.2015 14:19:53)

6.7.2015 14:01:45
ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance

Girls, ne znaev kaj da go pisam postot, a znam deka kje gi interesira i mamite od prvo tromesecje...poraneshna Sveti Lazar sega ja zemale turskive Sante Plus i organiziraat besplatni eho pregledi za site trudnici...pobarajte gi na FB ima brojce za zakazhuvanje ( mislam broj ne smeam da stavam) ili ako sakate pisete mi pp..kje mu dojde kako vtoro mislenje. pozdravcee





Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (25.11.2015 14:50:44)

Инспиративни мисли за бременоста

* Целата статија прочитајте ја КЛИК ТУКА




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (28.11.2015 13:29:09)

ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ


Заеднички проект на Министерството за здравство и Јога сојузот на Македонија
Во рамките на овој проект ќе се одржуваат бесплатни курсеви за бремени жени во: Скопје, Штип, Битола и Прилеп.
Во Скопје часовите ќе се одржуваат под водство на професорите по јога: Ванчо Тасески и д-р Благоја Ѓоргиески
Локација: хотел ТЦЦ Плаза (Центар)
Термини: понеделник и четврток од 18:00 часот

Во Штип часовите ќе се одржуваат под водство на професорот по јога Томе Биновски
Локација: Домот на културата „Ацо Шопов“
Термини: понеделник и петок од 18:30 часот

Во Битола часовите ќе се одржуваат под водство на јога инструктор Александра Адамовска Митковска
Локација: Центар за убавина Виола, ул. Цар Самоил бр. 75
Термини: понеделник и и среда од 17:00 часот

Во Прилеп часовите ќе се одржуваат под водство на професорот по јога д-р Благоја Ѓоргиески
Локација: ул. „Лазо Поповски“ бр.10
Вторник и четврток од 18:00 часот

[img]http://www4.slikomat.com/13/1128/yds-122746.jpg[/img]




Melanija RR -> RE: ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ (21.1.2016 19:45:17)

Инфекции во бременоста, опасни по бебето


Кои се опасностите по бебето? Како да се заштитете? Варичела, Листериоза?

Целата статија од Рингераја.мк прочитајте ја КЛИК ТУКА





Страница: [1] 2   Следна страница >   >>